Патриотизам

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас сум патриот, сите што не знаат што претставува патриотизмот плукаат по истото.
благодарам на одговорот на моето прашање:)
а успат дознав дека не знам што е патриот како што не знам ни што е хумор
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Патриот само од корист кај нас.
Ретки се оние кои навистина можат да се наречат себеси патриоти.
Не си патриот ако плукаш по други националности, ни ако ја пееш „Македонија цела да е, секој да ја знае“ и најјак аргумент ти е „Александар е наш!“ Во никој случај ако мафташ наоколу со знаменце дури игра репрезентацијата за чии играчи првпат слушаш, а после for the sake of irony пушташ српски турбо-фолк и се веселиш на победата ко Бугарка на чорапогашта.
До некој степен ок не викам дека не е љубов кон татковината, но не е тоа ни патриотизам, тоа е само чукање у груда во моменти на национален занес, кој прераснува во политички/спортски експертизам кога Македонија ќе ја укака работата.
Патриоти биле Гоце, Даме, Питу и луѓе кои и ден денес би застанале во први редови да ја одбранат државава, макар и по цена на сопствениот живот, оние кои се гордеат да кажат од каде се и кои се, без трошка стравопочит и срам, оние што ако им се понуди бугарски пасош, би го зеле само задникот да го избришат со него пред претпоставената Б`лгарска раја, оние што ќе се залагаат за подобро утре на својот народ, а не на својот џеб, за по неколку години да се вели „Е, тоа беше патриот!“
Нас по што ќе не запомнат? По новиот мерцедес купен од Бугарија или по оној на Г.Г.Стефан? По денот на дрвото? My ass...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Капа им спуштам и ги почутувам младите кои гинеле за да јас живеам во слободна и демократска држава. Го обожавам јазикот на кој говорам, ме приврзува местото во кое сум се родил, привзан сум за етиката за македонското национално богатство , за благодетите на земјата кои ги нуди. Без никаква принуда, чустувам морална норма да ја бранам мојата земја со сите ресурси кои располагам. Сум се родил со љубов во оваа држава-во оваа земја и благодарен сум за тоа, и ако би имал повторно да бирам пак би ја одбрал истата. Сум слушал, слушам и ќе продолжам да слушам македонска традиционална етно музика, ме прави горд македонец. Скокам, урлам и се соживувам кога игра македонската репрезентација дали за ракометарската , кошаркарската или за фудбалерите (овде малку величам).Сите овие не претставуваат пред другите држави и се трудат да не претстават во најдобро светло, затоа ракоплескам и ги обожавам. На сличен начин тоа го правеше и Тоше, да го мразиш Тоше и да го мразиш Кире Лазаров за мене е едно исто. Кога ќе се сретнам со русин или германец , гордост ми претставува да кажам дека потекнувам од Македонија, и кога ќе праша каде е тоа- ќе речам Тоше Проески, Кире Лазаров, Горан Пандев.
Сосема погрешно е да се меша патриотизам со национализам или со расизам. Тоа ти е како да мешаш Хард- кор порно со хомосексуалност.
Единствено нешто шо не ми се допаѓа се лидерите кои не го заслужиле престолот на оваа држава, каде гледаат за својот џеб а не за народот. Да би знаеле што е тоа патриотизам и народот ќе биде задоволен и нема да се губи патриотското во нас.
Еве една песна ако не ви се допадне , со сигурност не сте патриоти.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
благодарам на одговорот на моето прашање:)
а успат дознав дека не знам што е патриот како што не знам ни што е хумор
Ма каков патриотизам,секој си го гледа само карот,а глумци патриоти на секој чекор.
Ете погоре напишав како јас го доживувам патриотизмот, можеби и ти си патриот ама сеуште не си свесна.
Одговорот на моето прашање е - да мајор е чин од војска. Тоа не значи дека не ја сакам армијата.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ете погоре напишав како јас го доживувам патриотизмот, можеби и ти си патриот ама сеуште не си свесна.
Одговорот на моето прашање е - да мајор е чин од војска. Тоа не значи дека не ја сакам армијата.
цитирај ми каде напишав дека ти не си или си патриот?И каде напишав дали ја сакаш војската наша или не.
моето прашање беше многу јасно поставено и како резултат на твоето прашање на членот македонец:)
без врска комплицираш ама не ти замерувам,а одговорот веке и не е битен пошто ја извади од колосек дискусијата околу она мене што ме интересираше.
а моето мислење околу темата го напишав а кој како ке си го протолкува си е негово доколку не си препраша ако нешто не му е јасно,јас барем си прасувам што не ми е јасно за да не носам погрешни заклучоци
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ајде да сфатам секакво лицемерие и лажен патриотизам, патриотизам на збор и на тастатура, ама никако не можам да ги сфатам оние што заминале од тука, па секој статус на фб им е за солзите пролеани по татковината, секоја слика со Александар, татко му и знамето, секоја песна во стил умрев по татковината, па муабети колку страдаат таму и колку им фали земјава.
Па врати се бе човеку, не си на робија таму нит па некој ти држи нож под гуша да останеш.
Од такви лажни патриоти ми се гади најмногу.

Иначе патриот во денешно време не верувам дека постои. Сите сме на збор патриоти и ептен си ја сакаме татковината, ама не дај боже да дојде време за докажување, ќе се потепаме кој прв да избега од тука.
Патриоти сме онолку време колку што имаме корист од државата.
Патриотите кај нас се одамна изумрен вид...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: La Bruha :)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ете погоре напишав како јас го доживувам патриотизмот, можеби и ти си патриот ама сеуште не си свесна.
Одговорот на моето прашање е - да мајор е чин од војска. Тоа не значи дека не ја сакам армијата.


Мајор е градоначелник, мејџр е воен чин...

Ајде да сфатам секакво лицемерие и лажен патриотизам, патриотизам на збор и на тастатура, ама никако не можам да ги сфатам оние што заминале од тука, па секој статус на фб им е за солзите пролеани по татковината, секоја слика со Александар, татко му и знамето, секоја песна во стил умрев по татковината, па муабети колку страдаат таму и колку им фали земјава.
Па врати се бе човеку, не си на робија таму нит па некој ти држи нож под гуша да останеш.
Од такви лажни патриоти ми се гади најмногу.

Иначе патриот во денешно време не верувам дека постои. Сите сме на збор патриоти и ептен си ја сакаме татковината, ама не дај боже да дојде време за докажување, ќе се потепаме кој прв да избега од тука.
Патриоти сме онолку време колку што имаме корист од државата.
Патриотите кај нас се одамна изумрен вид...

Тоа е интересен феномен, колку подалеку се наоѓаат од субјектот на нивната `љубов` толку повеќе `сакаат`... можно е да се работи за раја која тешко се снаоѓа во новата средина и останува вечна дијаспора, вечни странци кои неприлагодувајќи се на новата средина и култура остануваат врзани со папочна врвца за `стариот крај` а често таа навика им ја пренесуваат и на поколенијата.

Сосема погрешно е да се меша патриотизам со национализам или со расизам. Тоа ти е како да мешаш Хард- кор порно со хомосексуалност.

Не е погрешно, напротив, нема јасна дефиниција за патриотизам уште помалку за национализам.
За тебе на пример верба во обединета Македонија, со трите дела, е манифестација на патриотизам. За гркот и бугарот тое е израз на тежок национализам. Патриотот грк смета дека Македонија му ја краде историјата, дека има иредентистички аспирации, дека му се меша во идентитетот... за македонскиот патриот таквите ставови на грчкиот патриот се националистички и фашизоидни. Двајцата се сосема искрени и си веруваат во тоа што веруваат. Само што сами за себе си се патриоти а за комшијата - националисти и шовинисти. Србинот спрема хрватот и косоварот?! Иста приказна.
Сам по себе ниеден патриотизам не е национализам. Арно ама на планетава има 206 држави и околу 6000 етнички групи...а планетата е таа, не може да се прошири за да може да ги собере сите `патриотски` територии.