Пасворд или развод?

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Џабе ти е и пасворд и се , ако нема доверба нема да се изгради ни пред добивање пасворд ни одпосле , ако сака некој да направи нешто ке направи нема никој да знае и сигурно нема да остави нешто на фб напишано :)(smoke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
ако го знам пасвордот неколку години по ред,ниту еднаш не сум се уклучила на неговиот профил,ни тој на мојот.ако има доверба нема потреба од проверки и слично.ставот кон ова прашање ми е дека може и да се знае и да не се знае пасвордот,сепак взаемната доверба си го праве своето

а зошто си толку сигурна дека и он не се уклучил?Немаш доказ :) Сакам да кажам дека ти си му дала пасворд и он некад може видел што пишиш,не може ти да знаеш што прави он кога е сам,нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
а зошто си толку сигурна дека и он не се уклучил?Немаш доказ :) Сакам да кажам дека ти си му дала пасворд и он некад може видел што пишиш,не може ти да знаеш што прави он кога е сам,нели?
не сум сигурна а и не ми е битно ако сака нека се уклуче не кријам ништо од него,слободно може да го користе мојот пасворд и да шмекне нешто :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ова фејсбуков е убиец на добар дел од врските. Марк Цукенберг кои каши ги направи, ни самиот не е свесен.
Логично беше дека ќе има вакви одговори, сепак членовите (голем дел) не се тинејџери.

Јас не ни сакам да ми даде пасворд. Фејсбукот си е негова работа (плус јас и тој апдејт правиме еднаш на 4 месеци) и не му се мешам во истата. Ако сум дошла толку недовреба да имам во партнерот за да му чепкам по фејсбукот, сум свршила работа. А и тој знае дека само него можам да го гледам како што го гледам и дека тоа не можам да го глумам.

Ниту му испраќам песни, ниту му пишувам на ѕид, ниту пак се трескам од земја на фејсбук по него, доволно е што само тој знае јас како се чувствувам.

А и себичњак сум станата, не сакам да си ја експонирам врската, луѓето се ОГОВАРАЧИ, ЗЛОБНИ и ЛИЦЕМЕРИ, така да мојата среќа си ја кријам, затоа што луѓето овде повеќе гледаат да ти наштетат отколку да си го тераат нивниот пат.

Искрено мене ми се повраќа од парови кои си знаат пасворди, си пуштаат срциња на ѕидот, си пишуваат пораки како светот е убав, птиците пеат, кога се заедно виножита гледаат, а во реалноста се изневеруваат секој втор ден. Ама битно фејсбукот чист им е.

Посесивност и љубомора... Најголемити антагонисти на љубовта.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Меил, интернет акаунти, пошта, компјутер и телефон за мене е приватност. Нити сум чепкал, нити сакам да ми чепкаат. Која сака нека е, да ми побара пасворд од било кој акаунт, да ми отвори пошта што стигнала за мене, да ми чачка по компјутер или телефон или седнувам да разговарам за меѓусебна (не)доверба, причина за љубопитноста и сомнеж или краен случај ставање точка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Давор

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Фејсбук е место каде луѓето се “опкружени“ со многу други луѓе - познати или непознати (зависно од тоа колку од пријателите му се вистински познаници и колку љуби да шири познанства).
Реално сите висиме на тоа фејсбукот, игрички, па статуси, па кој дипломирал кој покажал мевце, кој со кого е во врска, кој раскинал, кој имал грдо или убаво бебе итн. Колку и да плукате по социјалната страна, не можете да порекнете дека е добар илустратор за некоја личност.
Пишување со четворче со две нне, на пример Анне, Иванна, (човече кога стана Не - Нне|-( ) и така натаму. Со тоа вашиот или мојот партнер не е никаков исклучок. Ако мојот партнер почне да лајкуе п***ња со кои не се познава а истата таа извадила пола п***а надвор е веќе сиптоматично. И ќе речете што е разликата од порно глумица до некое рандом курвиче? Не знам, може дистанцата или заедничките можни пријатели? :^)

Што се однесува до хистори на порачињата. Може е мајчин па ги брише, може навистина комуницира и пишува, може и не. Меѓутоа тоа не било рефлектирано на тоа што ние го имаме. Кога ќе се рефлектира ќе биде проблем, голем проблем.

Некое невино пораче или лајкче знае да прерасне во целодневно виртуелно зборување со кое партнерот е запоставен па настануваат фрки. Не е крива социјалната мрежа, таа е всушност алатка за побрзо да најдеме нова врска или ново другарство. Може и да обновиме некое старо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Да,
јас сум го направила тоа.
И најдов многу интересни работи, кои ме натераа да почнам да се ладам од него,воедно и скршија.
Исто...
Не знам дали му беше целта да му се припуштава на некои женски за да ме направи љубоморна или шо беше работата не знам.. Затоа ум за друг пат дека пасворд не се дава на никого :)
А за тоа ’пасворд или развод’ можат да си го постават само некои незрели партнери во бракот кои би било очигледно дека немаат доверба како прво и џабе се зеле.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Исто...
Не знам дали му беше целта да му се припуштава на некои женски за да ме направи љубоморна или шо беше работата не знам.. Затоа ум за друг пат дека пасворд не се дава на никого :)
А за тоа ’пасворд или развод’ можат да си го постават само некои незрели партнери во бракот кои би било очигледно дека немаат доверба како прво и џабе се зеле.
Мене никој не ми даде пасворд.
Компјутерот не беше исклучен,
фб'ето му беше отворено тој излезен.
И седнав и си разгледав онака од љубопитност
што се има во пораки.
Не беше намерно шпионирање сепак имам респект пред нештото наречен "приватна свера".
Но, како и да е,
ќе беше подобро да ја затворев страната без да гледам.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Да,
јас сум го направила тоа.
И најдов многу интересни работи, кои ме натераа да почнам да се ладам од него,воедно и скршија.

Па целата работа е што секој треба да си има своја интимност.И таа интимност не смее да се наруши како што си му ја нарушила ти.За да сакаш некој мора да си храбра и да бидеш спремна на се’.
Тоа што ти не си била сигурна во него всушност не си била сигурна во самата себе.