Паричка на Бадник или на Василица

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ајде редно беше една тема и од мене да никне на форумов. :giggle

Познато е дека во некои места лепче со паричка се врти за Бадник, а на други пак за Василица. Конкретно во Прилеп, Битола и Охрид се’ уште е поголем бројот на семејства кои тоа го прават на празникот Василица.
Ова потекнува од минатото, односно кога царот Јулијан минувал низ Кесарија и барал дарови во пари и злато, па Свети Василиј немајќи ништо друго му дал три леба.
Откако бил убиен царот во војната, Василиј решил да го врати златото така што наредил да се месат лебови во кои ќе се стави злато. Така кога секое семјство го пресекло својот леб си го нашло златото, па во чест на ова дело станало традиција за Василица да се врти лепче со паричка.

Каква е традицијата во вашето семејство? Дали вие практикувате во лепчето да ставите паричка на Бадник или на Василица и дали знаете зошто е тоа така? :D
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Добро е што се отвори ваква тема :)
И кај нас е исто во Кичево, за Бадник не се практикува лепче со паричка ама за Василица е веќе друга работа, секоја куќа си има свое пите, не е ништо различно од обичаите за Бадник во врска со питето и паричката : )
И да се пофалам малку, пред неколку години имавме земено дома пите од пекара, и мене ми се падна паричето, кога гледаме златник, од тогаш некако поинаку го доживувам празникот, сепак среќата тогаш била за мене и тоа "златна" :)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
И на двата празника кршиме паричка, но повеќе придаваме значење на бадниковата паричка.... а за што како, мислам за адетите појма немам зошто така :)
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
За Бадник секогаш кршиме лепче со паричка со семејството,а за Василица истото го правиме само со друштвото... Сега за Бадник не ми се падна паричето , да видиме што ќе биде за Василица.Како и да е среќна сум и без паричето :D
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Во моето семејство лепчето со паричка се крши за Бадник...и тоа е од секогаш така...За Василица и не се дава некое големо значење незнам зашто...Порано воопшто не го ни славевме ама сега откако потпораснавме...Обично се собираме со друшто кршиме лепче со паричка и цела ноќ играме карти ама на пари...И како кој ке освои највеќе пари ќе биде најсреќен :)) Само не играме на големи сумо него на нешто ситно :)))
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Ние во маало со комшиите за Бадник палиме оган ии тамо се крши паричка,а инаку со семејството за Василица :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Од ко знам за себе.. на Василица била паричката :) и така да кога ќе ме праша некој на Бадник кај кој била смеа ме фаќа, ама тоа е :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Hip.Hop_MKD