1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Париз

Дискусија во форумот 'Градови' започната од MissChievous, 11 ноември 2015.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Помина цела една недела од моето патување во Париз и сега откако впечатоците ми "легнаа", можам да споделам нешто од моето искуство. Значи, оваа тема е посветена на главниот град на Франција, може да пишувате се што сакате поврзано за него, лични искуства (но и не мора), работи кои сте ги прочитале, работи кои ве интересираат, итн.

    Најпрво, мислам дека треба да споделам дека со добра организација можете да поминете 3 дена во Париз за 200-250 евра. Во оваа цена е вклучено се: повратна авионска карта, смештај, превоз аеродром-центар/центар-авион, градски превоз (метро,бус), храна, сувенирчиња, итн.

    Бидејќи ќе пишувам за моето искуство, ќе ги прескокам оние општи информации за градот (големина, број на граѓани, и сл.). Никогаш не сум била нешто посебно "загрена" за Париз како многу луѓе што се, но после ова искуство моето мислење и чуства целосно се променети. Париз е огромен град. Гледајќи го на google maps и правејќи планови за прошетки, мислев дека ќе биде изводливо се да се изоди пеш. Но, крајно многу се излажав. За тие 3 дена искористивме околу 10 возења, воглавно превоз од смештајот до одредена дестинација и назад. Чисто информативно, едно возење во метро чини 1,8 евра (2 евра со автобус), а карта со 10 возења чини 14 евра (кои може да ги користат повеќе луѓе).

    Грубо наброено успеав да ги посетам: катедралата Нотердам, музејот Лувр, Тјулери градината, улицата Риволи, музејот Орсеј, Гранд палатата, плоштадот Трокадеро, Ајфеловата кула, Триумфалната порта, улицата Шанселизе, плоштадот Конкорд. Во принцип, сите овие работи се наоѓаат во долж на реката Сена што го олеснува шетањето. Имавме среќа бидејќи првите 2 дена времето беше одлично, немаше облаче на небото, сончево, топло, 17-18 степени. Поради тоа, доживеав 2 неописливо убави зајдисонциња кај реката Сена. Тоа е една од причините зошто ми се допадна Нотердам. Првиот ден, кога започнавме да се доближуваме кон катедралата имаше прекрасно зајдисонце кое небото го правеше розево, а самата катедрала виолетово-зеленската.

    3.png

    Нотердам не е Саграда Фамилија, но сепак е толку голема и убава. Колку од надвор, толку и одвнатре. Додека чекавме во ред за да влеземе, чукаа камбаните. Имаше стотици луѓе околу катедралата, а толку беше тивко и мирно. Внатре... сводови до недоглед. Еден човек свиреше на пијано, па потоа друг збореше, па потоа трет свиреше на оргули.

    2.jpg 6.png 7.jpg

    Кога излеговме од Нотердам веќе беше стемнето, па се упативме кон катедралата Sainte-Chapelle, но на мое големо разочарување беше затворена. Оттука, фативме автобус за до Ајфелова. Иако Ајфеловата кула е реално најголемата атракција на Париз, мене никогаш не ме привлекувала многу. Но, морам да призаам, навечер беше прекрасна. Токму во оној момент кога започнавме да и се приближуваме, започна да светка. Имено, навечер во првите 5 минути од секој час, кулата започнува да трепка. Тоа беше всушност најубавото нешто поврзано со неа. Ми се допадна и како е осветлена, целата позлатена, делува како наместо од метал да е направена од кристал. Супер, французите нашле добар начин како да ја разубават кулата.

    2.jpg 5.png 7.jpg

    Вториот ден ми беше посветен на музеи. На повеќе места прочитав дека во првата недела (as in денот после сабота) од месецот, во голем број на музеи влезот е бесплатен, вклучувајќи го и Лувр. Но, сепак влезот во Лувр се наплаќаше цели 15 евра, но под среќни услови, успеавме да влеземе за беспари (иако ги спремив моите 15, воопшто не ни размислував да не влезам). Прво и основно, самата градба на поранешниот дворец е пре-крас-на! Кога стоиш до стаклената пирамида, те опколуваат ѕидовите на палата од 18 век. Мојата шетња траеше околу 4 саати и доколку имав повеќе време, немаше да се двоумам да останам до последната минута дозволена за посета. Но, толку ми беа временските можности. Нема да прикачам сега слики од уметнички дела, бидејќи ги има премногу. Океј, ајде една од Мона Лиза, чисто во името на клише моментите.

    3.png

    Си видов дела на Гоја, Веласкез, Ел Греко, Караваџо, Рафаело, Давид, Леонардо, Ботичели, Фра Анџелико, Пјеро де ла Франческа, Веронезе, Тицијан, Тинторето, Микеланџело, итн. За жал не успеав да видам дела од Рубенс, Рембрант, Ван Ајк, Халс, Дирер и многу други уметници кои ги обожавам, но беа премногу далеку, а јас после 4 саати шетање бев прегладнета, дехидрирана, преизморена, па дури и ме фати ужасна сафра и едвај чекав да излезам. Добри 40 минути баравме излез, бидејќи секој напишан "Излез" водеше кон нова просторија, а и вработените со нивните насоки не ни помогнаа претерано многу. Во секој случај, посетата на Лувр за мене е незаборавно искуство. Исто така, навечер е прекрасно осветлен, шетајќи низ улиците завршив 2-3 пати во рамките на Лувр. Втората вечер си поминавме баш искулирано, седевме помеѓу Лувр и градината Тјулери, пиевме пиво и уживавме во осветлената Ајфелова.

    После Лувр, го посетивме музејот Орсеј. Мојата душа се препороди тука! Во неа видов дела од Ван Гог, Моне, Мане, Реноар, Дега, Сисли, Сињак, итн. Ремек-дело до ремек-дело. До сега во мојот живот немам посетено ништо поубаво. Самата зграда беше прекрасна, поранешна железница. Веднаш над главниот влез имаше огромен часовник, а на еден од горните спратови имаше 2 стаклени надворешни часовници низ кои имаше прекрасен поглед над Сена.

    2.jpg 3.png

    Продолжувам со приказната во наредниот коментар.
     
    #1 MissChievous, 11 ноември 2015
    Последна промена: 11 ноември 2015
    На Luckky, Prashina, Struggler и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Како што напоменав, вториот ден навечер се шетавме околу Риволи и Лувр. Насекаде си опколен со прекрасни згради, луксузни хотели, безброј бистроа и кафулиња, светла, музика, луѓе. Чувството беше посебно. Имаше некоја посебна живост, позитивна енергија. Едвај најдовме маркет и си земавме пиво и вино и решивме да си искулираме кај Лувр. Нешто што забележав е дека во овој предел од градот, грубо кажано центарот, речиси и да немаше маркет или киоск. Дури и како да немаше некоја пообична продавница за јадење, насекаде имаше само бистроа и ресторани. Додека пак надвор од овој предел, во околината на Гаре де Лион, Дидерот и Сеин Манде имаше маркети на секој чекор, претерано многу донер места, кинески ресторани, пекари, итн. Патем, доста ефтино беше јадењето во овие предели. Кроасан со кашкавал и сувомеснато - околу 2 евра. Голем багет сендвич со пршута и салати - околу 4/4ипол евра. Еклери и други благички - околи 2/2ипол евра. А пак маркетите... пакет со 8 кроасани - помалце од 2 евра. Некои француски луди кашкавали - евро до 2 евра. Вода литро ипол - 20 центи.

    Последниот ден времето ни се расипа. Уште утрото заминавме правац на Ајфелова со намера да се качиме до вториот спрат. Но, имаше претерано густа магла, буквално кулата се гледаше до пола и се решивме да го оставиме тоа за друг пат. Сепак, имаше нешто убаво во оваа магловите глетка.

    4.jpg

    Од Трокадеро се упативме кон Портата. Ја исшетавме улицата Кебер и пристигнавме правац до неа. Искрено, не очекував ништо посебно од неа, но убаво се изненадив. Французите можат да ја земат нашата "порта", гзот да си го избришат со неа и да ја фрлат во отпад. Портата е толку убава, што срам ми е за нашата. Не го кажувам ова со намера да ја исхејтам Македонија, навистана не. Но, стоејќи под вистинската Триумфална порта декорирана со тие светови, имиња и релјефи, добив чувство како ние да ја имаме изградено нашата со намера да ги исмееме. Нашата е пародија на француската триумфална порта.

    2.jpg 3.png 4.png

    Логично, од Портата ја шетавме Шанселизе. Не беше ништо подруго од тоа што ја замислував. Голем булевар со широки тротоари, многу продавници и кафулиња. Баш убаво ни дојде таа прошетка, малце да успориме и да одмориме. Си влагавме низ бутици, пиевме едно кафенце во Starbucks (кое беше поефтино од она во кафулињата), дискутиравме за се што гледавме. Потоа, планот ми беше да изодам до плоштадот Конкорд каде што завршуваше оваа улица и од тука да одам до Монмартр. Но, планот се промени откако поминавме до Petit и Grand палатите и видов дека во Големата палата има изложба на Пикасо.

    1.jpg 0.png

    Едноставно не можев да одолеам и да не ја посетам. И тука заглавив околу 3 саати, се изнагледав негови дела од синиот период, кубизам, подоцнежни периоди, 30-тите години, 50-тите. Исто така, неколку дела на Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Џаспер Џонс и една, ама вредна на Баскијат. Кога излеговме од тука, веќе беше доцна за Монмартр. Оттука, заминавме на Конкорд, плоштадот со обелиск и фонтаната Конкорд. Гледката беше неверојатна. Прекрасно осветлени обелискот и фонтатната, опколени со зградата на National Assembly и хотелот Crillon, осветлената Шанселизе со Портата на крајот, веднаш до неа осветлената Ајфелова, а како нивен пандан во далечината, осветлениот Лувр.

    1.png 2.jpg

    На крајот, денот го завршивме со кратка посета на мостот Pont des Arts на кој имаше оставено еден мал дел за закачување на катанци. Клише, али сепак мораше да се направи. Уште едно место со прекрасна глетка, самиот мост, погледот кон Сена, сите тие бродови кои поминуваат и една убава зграда на десната страна, Institut de France.

    2.jpg

    Се на се, незаборавна посета. Доживеав културолошки шок, опколен со неверојатна архитектура, посети на изложби кои ми ја раздрмаа секоја клетка во мене, екстра фини луѓе кои ни помогнаа за се што прашавме (патем, 90% од нив збореа англиски, само двајца-тројца не и тие беа постари луѓе), убава храна, прекрасна атмосфера и енергија.

    За крај, една слика од Камени мост и статуа на Гоце Делчев, во Париз. Au revoir!

    1.png
     
    На Luckky, Struggler, Аркантос и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Нашата порта е изградена за крадење на пари, но да не навлегуваме.
    Туку, од каде Гоце Делчев во Париз?
    И уште нешто. Не знам дали си ја сликнала една слика на Ван Гог мислам беше, Ѕвездена ноќ се вика. Ако ја имаш, би сакал да ја видам.
    Ај уште нешто. Колку е голем Лувр што си потрошила 4 саати? :)
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Зезанција. На крајот од мостот на последната фотографија, има коњаник кој премногу наликува на нашите низ Скопје, потполно истото постоље.

    Во Орсеј има една верзија на Ѕвездената ноќ (на англиски Starry night over the Rhone), а тоа е оваа:

    van gogh starry night over the rhone.jpg

    Јас не налетав на ова дело (барем моите очи не ја здогледаа, евентуално ако некако сум ја поминала без да ја забележам случајно, што не ми се верувам), можеби моментално е остранета од музејот Орсеј, доколку се изложува некаде на друго место, во некоја привремена изложба. Но, пред да го посетам музејот, прочитав дека тоа дело е во овој музеј. Од Ван Гог овие ги сликнав:

    van gogh 1.jpg van gogh 2.jpg van gogh 3.jpg van gogh 4.jpg van gogh 5.jpg van gogh 6.jpg van gogh 7.jpg van gogh 8.jpg van gogh 9.jpg

    Можам и да прогуглам, но искрено покејф ми е да ѕирнам во книгичето за Лувр што си го купив од сувенирницата во музејот Лувр. Вечер кога ќе ми биде при рака, ќе пишам точни информации. Иначе, 4 саати непрекинато одење, сигурно 50-ина сали (а најверојатно и повеќе) поминав и пак, не успеав да го поминам ни третина од целиот музеј. Можеш да замислиш сега колку голем е?
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Стариот мој има живеено/работено во Париз неколку години, некаде околу Сан Жермен де Пре мислам живеел, за Лувр биле потребни месеци и месеци за да се види све, тој одел коа имало попусти некакви, недела/празници што значи отишол десетици пати и пак не видел све што го интересирало...
     
    На Saladin и MissChievous им се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    @MissChievous сега сигурно Скопје ти делува уште појадно него обично :cool:
    Инаку тоа Тиљери порано мислам дека имало кралски дворец, пред Версај уште се мотале таму Кралот сонце и онај шо му ја отсекоа главата, бил запален за време на Комуната кога прв пат биле измислени молотови коктели, изгорел до темели и не бил обновен...
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Слободно нека ме етикира кој сака како хејтер, но ние сме мизерија. Ретко, многу ретко, Скопје успева да го покаже својот дух (барем за мене). Но, во реалност толку сме јадни, човек во депресија да падне. Знам дека во Париз бев во magical bubble од импресија, но реалноста е дека навистина е еден од најубавите градови во Европа (па и светот). Тонеш во прекрасна архитектура, нема обична зграда. Каде и да се свртиш, дури и надвор од центарот (грубо кажано) се околу тебе е посебно. Самите улици, зградите, бистроата, мостовите, дури и канделабрите, дрворедите, знаците за метро. Сега комплетно ги разбирам луѓето кои раскажуваат со пасија за Париз. Еве неколку фотки надвор од центарот:

    6 3.jpg 10 3.jpg 14 3.jpg 16 3.jpg 17 3.jpg 18 3.jpg 20 3.jpg 21 3.jpg 22 3.jpg 23 3.jpg
     
    На Lena, Electra, malo и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Не си хејтер ако си реалист, нема ништо страшно во тоа како што не е страшно некој да признае дека би изел тежок ќотек од Кличко во ринг, тоа е свест за сопственото место во реалноста. :)
    Ок, Париз е екстремен пример за споредба поради тоа што бил (и сеуште е) глобален центар на моќ и еден куп ствари кои со моќта доаѓаат, но и на оние кои не доаѓаат со моќ (уметностите, литература, музика, филм етц) така да со него не можат да се споредуваат регионални центри како Виена или Лисабон а не пак една бедотија како Скопје.

    Сеа малку ќе ја затупам ама ми тргна куцањево :zelen без разлика како и да ги дефинираме културите во некои географски или јазични граници, ако тоа го сториме веќе нема простор да се зборува за некаква француска или франкофонска култура туку веќе тоа е цела цивилизација, една од неколкуте кои ја преминале таа граница како кинеската, британската, јапанската и колку и да не сакаме да признаеме - америчката.
    И кога едно населено место бидува центар не само на империја туку и на цивилизација - тогаш тоа не може а да не се одрази на духот или самата `аура` на тоа место, во случајов Париз. Единствен во Европа што би можел да се спореди е Лондон а до некаде и Рим (иако одамна не е никаков центар со значење надвор од апенините но тука е Ватикан). Мадрид, Виена, Лисабон и Амстердам се историски центри но денес немаат големо значење надвор од границата на својата држава.
    Париз го има и ќе го има и во иднина.
    Само ако се бројат релволуции и востанија, Париз ги доживеал во рекорден број:frantic, настрана милион остали дешавки, светски изложби (од една таква наслеџе е и кулата), олимпијади, разни светски купови, културни дешавки на светско ниво, војни, финансиски и технолошки дешавања...сето тоа доведува до стварање на мост меѓу минатото кон иднината кој се сече во сегашноста, ситуација која раја не може да ја разбере и затоа раја одобрува гипс-картон-стиропор градба на `постар и поубаф грат`. Али тоа е веќе цивилизациска сиромаштија а тоа е друга тема...
     
    На malo, Altaïr и MissChievous им се допаѓа ова.
  9. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    На таа слика мислев, мислев си ја видела ама ништо. :)
    Иначе видов јас на гугл, огромен бил музејот. Јас би си земал за јадење и би си седел внатре цел ден, би си гледал секакви слики и слично. :)
     
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Мислам дека не е дозволено да се внесува храна. Знаеш, постојат секакви лудаци, а насекаде вредни дела.
    Иначе, кога би имала и јас толку време, би седела.
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: