Парапсихологија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Една доста интересна и дискутабилна дисциплина.
Парапсихологијата се занимава со спроведување научни медоти за разоткривање и објаснување на појави и феномени кои се чинат необјасниви, или не се воочливи со петте сетила.
Оваа дисциплина е фокусирана на појави како:
Телепатија - способност да се примаат и пренесуваат информации без употреба на некое од петте сетила
Прогонство - средби со натприродни појави (духови, сеништа, итн.)
Претчувства - предвидување настани кои сѐ уште не се случиле
Психокинеза - способност да се управуваат предмети со моќта на мозокот (не како Иван исцелител)
Реинкарнација - преродба на душата во друго тело после смртта на поединец; како и смртни искуства т.е. „враќање од мртвите“
Јасновидност - појава која парадоксално е позната како „знаење за непознатото“, т.е. способност егзактно да се знае за одредени места, личности и/или ситуации од страна на личност која никогаш не ги видела истите

Еден од најпознатите тестови за телепатија е тестот со Зенерови карти, каде што личноста која навидум има телепатски способности, треба да погоди која карта од шпилот е извлечена или замислена.
ZenerESPCards.gif


Секако, како што оние кои се занимаваат со оваа дисциплина се скептици за паранормалното, постојат и оние кои се скептични кон парапсихологијата, и кои тврдат дека парапсихолозите само залудно се обидуваат да наметнат научно мислење за нештата во кои не сакаат да веруваат.
Сепак, останува мистеријата за релевантноста на оваа дисциплина, како и за постоењето на натприродни појави и феномени.

Според ваше мислење, дали сите натприродни појави може да се припишат на одредени закони на природата, или можеби навистина постојат феномени од непозната, необјаснива природа? Можеби пак сите тие привидувања се само манипулација на мозокот поради неспособноста да регистрира појави кои се надвор од неговата веќе изградена т.н. шема?
Ако имате искуства или познавања од оваа област, како и случки поврзани со неа, повелете.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Едно време ептен се заинтересирав за парапсихологијата, ама за жал единствено нешто што прочитав во врска со неа ми беше книгата 'Паралелен свет' од Б. Д. Бенедикт. Е во нејзе има случки, сведоштва, легенди, доживувања, слики од наводно вистинити настани. Разни сведоштва за средби со духови, за враќање од мртвите, за реинкарнации, нивна анализа и заклучоци.
  • За телепатијата и пречуствата:
- Мајка на починато дете, некое време после неговата смрт почнала да плаче да вика и проколнува како нејзиното дете е живо закопано и мора да го откопаат да не умре. Луѓето, го откопале детето и виделе дека телото е згрчено, а смртта настанала поради гушење, т.е немање воздух во ковчегот, што докажува дека мајката била во право, а смртта била погрешно констатирана.
  • За прогонството:
- Таксист собрал млада девојка за време невреме, ја возел и разговарал со нејзе се до нејзиниот дом, па после девојкава ја снемало од кола, па нејзините му кажале дека уствари девојкава починала на местото каде што ја собрал - ја прегазил камион додека се враќала дома, и сега ги прогонувала патниците со цел да ја вратат кај што и тргнала.
  • За реинкарнацијата:
- Дечко, со константна главоболка побарал помош и од парапсихолог, кој верувал дека секоја болка произлегува од минатиот живот, и најчесто најсилните болки се осеќале онаму каде што во минатиот живот сме се повредиле, или во краен случај и од смртни повреди.
Со хипноза, го вратил пациентот во некој негов претходен живот и откриле дека уствари бил војник на кого му била пресечена главата. Од како ја пронашле причината, главоболката престанала.

Дел од преговорот во книгата:
„И самиот заинтригиран од овие феномени, започнав да собирам информации за оние случаи кои досега останале скоро непознати, а директно се судруваат со логиката на здравиот разум и законите на природата. Се обидов на тоа да најдам било какво научно или природно објаснување, но, за жал открив, како и многу други, дека таму каде што „тоа“ почнува, науката и логиката завршуваат! На крајот дојдов до храбар заклучок дека сите тие феномени би можеле едноставно да се објаснат доколку сме подготвени да ја прифатиме вистината на фантастичната можност, дека покрај овој на нас познат материјален свет, постои уште еден паралелен свет, создаден од чиста енергија! Знам, звучи неверојатно, но идеата за „два света“ не е моја, стара е колку и човекот, со неа се занимавале и други, но и приоѓале од погрешна страна. На тоа прашање секогаш повеќе му се придавало религиозно, отколку природно значење.“

Мое мислење е дека парапсихологијата е мнооогу интересна за проучување, мистична и занимлива, ама стварно не верувам дека има духови што прават авто - стоп, надарени луѓе што поместуваат предмети или лекуваат со помош на хипнози, ниту па враќање на мртвите...
Секаде има вакви легенди, случки, па дури и сведоштва на луѓе што виделе, биле дел од некоја натприродна работа...
Се тоа е само манипулација со човечкиот мозок.
А не дека не е интересна...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Парапсихологија, метафизика, мамбо-џамбо, раткорипнапрекурека муабети.

Никогаш не сум ги почитувал и нема да ги почитувам. Експериментите што ги спроведуваат за да ги докажат никогаш не се егзактни, немаат папирологија која ќе го одговори секое прашање во врска со експериментот, а нити па ќе ти демонстрираат на лице место ако побараш.

На еден друг форум имаше еден дечко кој тврдеше дека виткал лажици со мислите и бла бла бла бла и даваше таму примери што успеал да направи, па дури даваше и туторијали. Во еден од туторијалите прочитав „...пред да започнете потребно е да се измиете во млака вода...“ па еден другар му дозна адреса и кога отиде да му побара да свитка на лице место почна да се вади со „Ама не може тоа одма така кога ќе посакаш, треба да соберам енергија, треба незнамтитамукој дел од денот да биде“ и бла бла бла бла бла бла.

Што ми е целта. Никој никогаш не може да покаже дека такви нешта постојат зашто се` што ќе може да најдеш се книги од нив или видеа каде ги покажуваат своите моќи. Сево ова ми изгледа ко некој да пишувал сценарио за X-men само што мутантите овде не си ги покажуваат моќите јавно туку или сами пред себе или на некое видео или пак во нивна книга си опишуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Electra