1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Парализа и паѓање во сон

Дискусија во форумот 'Спиење и сонови' започната од srcu6ka, 2 април 2013.

  1. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    Точно е тоа дека ако не се разбудиш од таквиот сон, ако не се сепнеш и ако паднеш настанува т.н. клиничка смрт? (wasntme)
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Мене па место паѓање ми се дешава да носам шишиња по скали, па ми паѓаат и се кршат и тука се штрекнувам..
     
  3. fantina

    fantina Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 април 2012
    Мислења:
    112
    Допаѓања:
    162
    Психологот Кристофер Френч од Голдсмитс Колеџот во Лондон ги објаснува: Нападите од демоните, посетата на духови и киднапирањето од страна на вонезмјани: некои луѓе се сигурни дека ги искусиле овие случувања. Тие веројатно се дел од многуте жртви кои веројатно имале епизода на парализа во спиењето.

    Парализа во спиењето е моментална неможност на личноста да ги мрда екстремитетите, трупот и главата и ако за сè е свесна, може да се појави кога некој заспие или уште поретко кога ќе се пробуди. За време на парадоксалното спиење (REM фаза, rapid eye movement) мускулите на телото се парализирани, веројатно за да го спречи човекот физички да го доживее сонот. Истражувачите не се сигурно зошто ваквата нормална парализа се јавува и во свесна состојба кај жртвите на парализа во спиењето, но психофизиолошките истражувања потврдуваат дека нападите веројатно се случуваат кога личноста ќе влезе во REM состојба наскоро откако легнала, прескокнувајќи ја фазата на non-REM спиењето која се одвива пред неа.
    Иако парализата во спиењето е симптом на нарколепсијата, често се појавува и кај здравите луѓе. Анкетите од разни земји покажуваат широка распространетост на проценките: помеѓу 20 и 60% од нормалната возрасна популација доживеала парализа во спиењето барем еднаш во животот. Околу 5% од популацијата почувствувала еден или повеќе вознемирувачки симптоми поврзани со пореметувањето. Најчестите ефекти вклучуваат визуелна халуцинација, како што се сенки и светлина или човечки и животински облици во собата, слушаат гласови или звуци. Луѓето исто така често чувствуваат притисок на градите и имаат потешкотии во дишењето.

    Причина поради која парализирата во спиењето може да се објасни со духови и вонземјани е тоа силно чувство на присуство, обично безопасно, кое жртвите го искусуваат за време на нападаите. Исто така споменуваат необични кинестетички чувства, како на пример чувството дека некој ги влече од креветот, вибрирање, летање и паѓање. Ваквите епизоди понекогаш може да доведат до чувство дека сте надвор од вашето тело. Парализата во спиењето може да биде застрашувачка, но никогаш не е опасна, и за среќа, епизодите обично траат неколку секунди.

    Што мислите за ова? И ако имате вакво искуство споделете го. :)
     
  4. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Аман со ова копирањево од по сајтови.
    Барем да кажеше извор од каде е копирано.
     
  5. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,259
    Никогаш не ми се случило но би сакала да видам како е...:)
     
  6. BlackArrow

    BlackArrow Староседелец

    Зачленет на:
    9 април 2012
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    5
    Првиот пат ама баш ич не е интересно, но следниот пат знаеш што е и така чекаш 10 секунди и се се' враќа во нормала :)
     
  7. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Да, сум го доживеал. Не е толку страшно само што после тоа се будиш крајно истоштен и ти треба 2-3 дена реанимација за да телото целосно се опушти и се врати во нормала. Сум го имал ова при преголема умствена исцрпеност или секирација што поради емоции, што поради испити.
     
    На fantina и monika88 им се допаѓа ова.
  8. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Не ми се десила никакфа парализа у сн
    Али само едн пут у живот ми се деси да ми завибрира цело тело док спију и толко мноо се стресе што се разбуди и цел беше жива вода негазирана.
    Мноо чудан осеќај, како струја да ме здрма
     
  9. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Oдвратно чувство...Одвратно.
    Ми се случува често...Се чувствувам грдо тогаш....Не можам да опишам...
     
    На fantina и Oftalmolog им се допаѓа ова.
  10. Bleach

    Bleach Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 декември 2012
    Мислења:
    146
    Допаѓања:
    257
    Ми се има случено, ама знаев шо е, имав читано порано за ова.
    Само се плашев да не почнам да халуцинирам. Одвратно е и језиво.
    Од замор и стрес се случува. :)
     
    На fantina и Oftalmolog им се допаѓа ова.

Сподели: