Очила со диоптер - срам или не?

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Исто размислував и за леќи али треба многу грижа за нив ( посебни кутичиња со води за нив, спиење со нив не,на ветер прашина не..) а јас немам баш време за овие ритуали;) и на крај си останав со наочари.. ;)
Нема врска ова, една моја другарка носи леѓи , само ги вади на еден месец тамо нешо ги чисти појма неам, а со често вадење само можеш да си го повредиш окото. ;)
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
27
Охрид
Нема врска ова, една моја другарка носи леѓи , само ги вади на еден месец тамо нешо ги чисти појма неам, а со често вадење само можеш да си го повредиш окото. ;)

ам ти секако мораш да ги ваѓаш ко ќе спиеш, ако ти влезит прашина требит пак да ги истајш така да носи си наочари најпаметно ќе ти е ;)
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Нема врска ова, една моја другарка носи леѓи , само ги вади на еден месец тамо нешо ги чисти појма неам, а со често вадење само можеш да си го повредиш окото. ;)
Нема шанси со нив да спие да се бања и сл..;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The puss in boots

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Наочари носам од 3 години. Возраст на која не знаеш за срам...
Имав потреба од нив и сфаќав дека ако не ги носам нема да гледам убаво. Заспивав со нив.
Кога почнав на училиште секогаш имаше некој кој со тоа ќе се зафркава, ќе се потсмева, но имав некоја среќа што и учителката носеше наочари. Убаво ни објасни дека тоа е потреба и дека тие што носат мора секогаш да ги носат. Сите, иако имавме по 6-7 години, сфативме. Соучениците никогаш ништо не ми велеа и не ми се потсмеваа.
Подоцна и немав некои „проблеми“.
Растев со нив, растеше и мојот диоптер. Менував рамки, но никогаш не ги оставив.
Побарав да носам леќи, не ми дозволија. За операција е рано, но возможна е. Здравје и таа ќе биде.
Последниве години, диоптерот не ми е сменет. Наводно поради редовно носење...
Пред некој ден си ги зедов и тие за сонце. Рамката не ми беше баш по мерак, но поради големиот цилиндер не можеше таква каква што сакав. Сепак, убаво испаднаа. А што е најважно, убаво гледам и не ми пречи сонцето.

Носењето диоперски наочари не е срам, не е мода, не е желба на личноста, туку е потреба. Како што некој пие апчиња зашто има здравствена потреба од нив, така ние имаме здравствена потреба од наочари.
Тие не те унаказуваат, не те грдат, не ти скратуваат ништо. Напротив, ти даваат подобар вид.
Ние имаме среќа што нашиот проблем може да се реши со наочари, некој воопшто не гледа!
Да се срамиш од наочарите-тоа е срамота! А не е срамота ако ги носиш.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Џабе велите дека вие нема да имате срам.
Секогаш ќе се најде некое лајно на кое ќе му бидеш извор на исмејување,па по него ќе дојде втор,па трет и ќе се собере цела армија дежурни сеиромавачи и исфрустрирани идиоти кои секој е*ан ден ќе ти дофрлаат.:rolleyes:
И на почеток гајле ќе ти биде ама постепено ќе допрат до тебе.
Trust me. Been there. ;)
Сполај ти. Да си жив и здрав.

Сите што не носат, ги гледаат тие што носат и мислат дека сеедно им е. Но да ги осетиш на своја кожа е сосема поинаку.
Друго што сакав да кажам, не е исто како зрел човек да почнеш да ги носиш и како дете од 9-10 години, на кое секако ќе му бидат одбивни и нема да сака да биде исмејувано од страна на своите врсници. И како што кажав мене како дете кое сеуште ни до пубертет нема стигнато ми беа одбивни на почеток, потоа ги засакав и сега не би ги извадила, дури и да немам потреба од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Човек во ранливиот период може само да се срами,кога не бираат врсниците што ќе кажат на сметка на него иначе воопшто нема срам,иако има вистина дека некој луѓе дури ги прави посекси
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur and Alex M.

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Да сите кои немаат осетено на своја кожа велат Јас би ги носел/а без разлика што другите ќе мислат, здравјето пред се и сл..Но сепак друго да го почувствуваш тоа на своја кожа..;)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
какф срам бе, тој е нормал стфар,не е никој криф ако му е слап вид, на некои цфик ги стои ептен секси : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да сите кои немаат осетено на своја кожа велат Јас би ги носел/а без разлика што другите ќе мислат, здравјето пред се и сл..Но сепак друго да го почувствуваш тоа на своја кожа..;)
Се разбира има период кога си ранлив и не би сакал човек додатни коментари од околината иако очајно ти се потребни
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Ете тогаш бев помала и сметав дека се причина за срам, исмејување од страна на другите и сл..Али денеска воопшто не ме занимаат туѓите мислења..;)