Оценување на другите спрема постапките

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Насловов може и да нема некаква голема поврзаност со она што ќе го напишам како сиже за темата.
Имено, што се случува со перцепцијата на луѓето во однос на другите?
Дали повеќе ќе биде почитуван оној кој си води нормален живот, си прави добри работи, се забавува, не прави лошо на заедницата и си гради за него перфектен живот со луѓето кои ги сака, или оној кој правел лоши работи, не посветувал внимание на постапките, па во еден период му текнало дека тоа не е добро и се сменил како оној првиот?
За првиот велат во глобала дека е добар и го поддржуваат во тоа, додека за другиот ќе се рече- "Алал да му е, почна да станува добар" и следат низа комплименти небаре е бог, како тоа умешно се снашол во животот итн.
На која страна сте вие?
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
јас ќе речам немора да си ист како другите за да водиш нормален живот...мало важи кој шо мисли за мене...ја си терам мене како ми одговара и тоа е тоа...па сакал и цел град да оговара
биди тоа шо си и не се змарај за останатите
а има и случаеви како шо е напишано погоре , некој цел живот правел лоши работи и као одеднаш почнал да прај добри дела...ја на тоа ќе речам се изгорел па му дошло умот на глаата...и тоа ќе потрае некое време ама човек неможе скроз да се смени
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Зошто воопшто да се дискутира каков е нечиј живот низ призмата на очите на друг обичен смртник?

Треба ли нашите животи да ги постиламе пред тезгата на комшиските продавачи, за да ги оценуваат, да создаваат услови за можен аплауз или пак фијаско?

Секоја индивидуа различно ги вреднува животните мотивации и кочници.
И малку ми е контрадикторна суштината на оваа тема...но, да не бидам офф-топик мрчатор ќе речам, оној што запалил нечија куќа, ја отрул комшиската мачка, не дај боже шутнал човек од мост...тоа што ќе каже три пати Оче наш, и ќе почне да дели 10 денарки секоја недела на децата питачи, нема да вратат нечиј туѓ живот и нема сигурно да му прилепат етикета на светец.

Она што е најбитно да ги почитуваш личните вредности, да вирееш како трговец-поединец со свест и совест во мнозинството и да спиеш мирно....да имаш своја лична сатисфакција.
А што ќе рече Јанко, Петко, Станко и како ќе те оценува пред казанот со ракија со баџанакот...навистина не е нималку битно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Никој не заборавил како е првиот пат кога ќе го почуствува отровот на суета во крвта и ќе одбие да поверува во неговиот недостаток од талент, интелигетност, снаодливост и решителност за круцијалните нешта во животот.
Помалиот дел од луѓето успеваат во рана фаза да се снајдат и да ги применат практично своите доблести, а останатиот дел во пронаоѓање на своите квалитети лутаат за цел живот или добар дел.

После долго шиткање на времето за глупости и небитни работи, некој ќенеф ќе застане на сопствени нозе и ќе почне да работи на сопствени маани, односно го менува својот начин на "вегетирање". Па така луѓето генерално свикнале на рутина и во одреден момент кога поединецот ќе истапи од таквиот шаблонски живот, другите зинуваат, небаре милион евра виделе.
Прво се работи за шок, за подоцна да премине во неверување и да заврши со љубомора и плукање т.е целото минато низ гз ќе му го извадат.

Сепак, првиот случај е подобар, иако е рутина, со тоа што никој не е светец, постојано да биде во "рај" или да гние во "пекол". (Изоставам убијци, силувачи, макроа и останати полуЧовеци).
Останатите можат да дадат субјективно мислење што најчесто и нема врска со што објективно се случува/ло.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ema09

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Само ова ќе го кажам каков и да си луѓето во денешницава ќе ти најдат некоја маана, без разлика ти како ќе се поставиш дали добар или лош, нормален или ненормален...
Затоа живејте си како што ви е на вас убаво и како вам ви одговара, сепак живеете за себе, не за другите.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А според што друго да ги оценуваме?
Човекот преку постапките покажува каков е. Може самиот да се воздигнува на ниво на светец, ама џабе кога постапките покажуваат спротивно.
Мање битно ми е кој што прави со себе ако тоа не ме вклучува мене или најблиските, тоа е негов избор. Но, секако дека секој од нас мора да е спремен да прифати дека неговите постапки/начин на живот нема да се допаднат секому. А, секако и не е целта да се допаднеме секому.
Ќе судиме и ќе ни судат според многу работи, сакале или не. Можеме да си признаеме дека сме визуелни суштества и одлични судии за туѓи грешки (а адвокати за своите) и полесно да врвиме низ животот или да ставаме некаков лажен ореол дека никогаш не судиме книга според корица. Додуша, постапките се содржина, не корица, така да се враќам на првичното дека делата го покажуваат карактерот и е сосема океј да се донесе заклучок базиран на нив.
Останува на другата страна да докаже дека не сме во право. Ако ѝ се сака.