1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Охрид

Дискусија во форумот 'Градови' започната од Lovely*-*, 1 август 2013.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Чекај чекај, во тињарникот потпеш келнерките собираат по 600 евра бакшиш? :eek:
    И во една смена прават промет 3500 евра...right...
    Или некоја нула има плус во сметкава или е епизода од твајлајт зоун :D
    Е сега епизодава од твајлајт зоун завршува така што конобарка со 600 еура бакшиш ме посвојува и си живееме среќно до одјавната шпица.

    Во Охрид сите оставаат бакшиши? Сигурен си дека правиме муабет за истиот Охрид?!
    Него ова со ноќниот клуб, ако не се лажам тоа беше еден подрум покрај еден сервис за телевизори, популарен меѓу млада раја, ама ме чуди од каде знаеш колку земале бакшиш и каква е таа смена од 3 часа. Имам слушнато дека имало обичај меѓу некои работодавачи да бараат келнерите да го дадат и бакшишот па после еден дел им делел газдата/закупецот на сите во смената а остало во џеб.
    Како и да е, 600 евра бакшиш се рибарски приказни...
     
  2. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Ќе те посвои ама само летниот период 2-3 месеци, после тешко ќе ви се видит.
    Работодавачите не земаат бакшиш никаде, само на некои места постои обичај каде севкупниот бакшиш или минус го делат шанкери, келнери, менаџери односно народски кажано викаат (се се дели) ...ама газдата нема шанси, слабо си слушнал.
    Принципот на кој ние работевме на некој начин не беше газда- вработен туку другарски, и блиски сме и сами си кажуваа, ќе ја видиш насмеана и ми вика: овие 500че бакшиш ми оставиа.
    Слабо си запознаен со угостителството, некаде прават и многу повеќе од 3500 евра на смена (зборувам каде има и јадење и полно работно време), од искуство ти кажувам, само на 3 сепареа никогаш немаа помалку од 20 000 денари а ноќниот клуб се полнеше во 1/1:30 и работеше до 4/4:30.
     
    На Legioner и Altaïr им се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Не бе ич немам работено во туризмот, така си правам муабет :D
    Сезоната не е три месеци, не е ни два месеци, најмногу е 45-50 дена ама не е тоа важно.
    Нормално дека газда (пример локален дилер - сопственик на подрум) нема да се замара со бакшишите кога го дал локалот на закупци, а дека газдите на помали кафичи и кафани не се интересираат за тоа колку вработените им земаат бакшиш... во заблуда си.
    Има искуства и искуства, тоа е фино каде келнерките ти се фалат колку земале бакшиш ама има и други искуства.
    20К тоа е веќе пореална сума, муабетите за 3,5К евра се твајлајт зоун...не знам дали во подрумот собирало 100 души, или 200. Ако биле 100 треба за три сати смена секој од нив да потроши 2000 денари, а ако се 200 по 1000. Без разлика дали се наплаќа на влез.
    Секој ден откривам нова и чудесна маќедонија која би сакал да посетам...
     
    На MoonFairy и existence им се допаѓа ова.
  4. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Абе ништо не знајш, математиките ептен слабо ти одат.
    Зошто не знајш математика еве сега ќе ти објаснам.
    Кажи ми ти и уште 3ца, значи четворица по колку ракија чавчина од 0,4мл можете да испиете во рок од 3-4 сати?
     
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ретко кога пиеме ракија во друштво, 4 пива за три саати би биле некој просек...
     
  6. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Зато ти изгледат невозможно да се прават толкави сметки.
    Пред 1 месец одприлика еден пријател имаше повод за частење и не викна другари, и само четворица седнавме во билјанини... испивме по 5 чавчина ракија со салата едно бокалче имат 4 чаши или неполни 5 а чини 500 денари, салатата е по 150 денари од човек. Со ручекот зедовме 2 литри траминац и 2 киселиводи (траминацот ти е 700 денари, водата не знам колку е).
    Што и да порачаш, каква и да е порција помалку од 250 денари нема.... ти викам најскромно гледавме и пак 100тина евра плати.
    Да не зборувам какви гости има, што порачуваат риби и морски специјалитети каде една порција кошта 50 евра и после ручек пие Чивас 350 денари чаша... ах бе другар не си свесен колку народот троши во кафана.
    Погоре муабетот за моите келнерки ти кажав дека само по 3 сепареа имаа, шанкот си имаше башка промет...тој шанк шо беше со подиумот за играње во понеделници имаше по 250 000 промет а не пак кога пееа дуле и коки, жаре берберон, џони лајв и некој други таму не ги познавам, затоа и не го издаваа.
    Резервација на сепаре беше исклучиво со флаша за да ти изгледа реално.
     
  7. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Нова животна цел - да бидам насмеана келнерка во охридски локал во ек на сезона.
    Не знам за бакшишите и заработката, ама можам да зборувам ко потрошувач. Пред две години со другарка се бевме полетале во центарот во оној ресторанот Момир...гледаме убаво, покрај езеро, цвеќиња, мостче, многу народ...абе милина.
    Отвараш мени и те мава шлог. Дури тогаш се вртиш и сфаќаш дека сите околу се странци и на сите страни фрчат евра и специјалитети.
    Наместо фино, лепо, да се напиеме по едно кафе, решивме да тераме до крај и ко дегени спљускавме речиси илјадарка на два без три пилешки прста, грст компири и шопска составена од три коцкички сирење, три парчиња краставичка и еден домат. Западњачка количина оброк, а цена до плафон.
    Да напоменам значи, не по две чинии, туку една делевме. Али то отменост...вода пиевме во огромни чаши за вино. :D Со лед и тоа!
    Таа нереалност на цени и лопужл'к не ми се допаѓаат. На едни Холанѓани или Шваби, што и да беа, им наплатија 10ина евра повеќе, нешто у стил ко сега на патариниве што е, каде 80 денари е еднакво на 2 евра. Титовото напред!
    Смештајот, Боже сачувај. Ај во последно време изникнаа овие т.н. вили, па донекаде се наоѓа нешто солидно, нормално за 350-400 денари, ама пошто Македончето пусто да заштеди за пиво плус (не ги кривам нив), арно му е и кога ќе го кљафнат на кревет во кој умрел чукун х10 дедото на газдиве после маричката битка и од кој излегуваат федери со лебарки боцнати на нив, и каде телевизорот е луксуз, па доста е и слика од Тито, да не е празен ѕидот.

    Градот ко град го обожавам, детството таму ми мина претежно, ама треба многу, преногу да се потковува угостителски пред да дојде до полн сјај.
     
  8. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Многу им се скапи кириите према министерството за транспорт и општината, премногу давачки и даноци + секоја година инспекториве им земаат рекет преку казни зависно на прометот. Јас ги разбирам зш не можат да работат со пониски цени, уствари како за туристичко место не е скапо, туку стандардот ни е низок на македонциве... грците кога ќе дојдат во тоа момир не знаат што се да порачаат - евтино им се гледа.
     
    На Electra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ами колку ќе се напиеш за 3 саати, 3-4 пива по човек и тоа е тоа, ако е за пијанчење поарно чоек да си земи литар коњак од продавница, онај бадел шо е за сиромаси и да се напраи дрво.(party)
    Не дека е невозможно да се прават толкави сметки туку тие сметки не се просек него исклучок. Народ шо троши, зависи, има и такви има и такви шо пијат едно пиво два сати и има такви (мнозинство) кои воопшто не одат по кафани.
    Све тоа зависи од перцепција, него колку пари беше јагнешката чорба во таа арена? :zelen

    Не ојте по фемци ресторанти, додавет нули на менито :zelen
     
  10. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Клиентела со 3-4 пива не ни оди на такви места, зш нон стоп има жива музика и само што ќе се раскомотите музикантите ви идат на маса: то значит, или ќе трошиш или ќе си станиш ќе си одиш од незгодно.
    Зборувам за места како билјанини, каде одат министри, секретари, амбасадори, делегаци - јадат и пијат на сметка на државата преку фактури.
    Седат и бизнисмени што склучуваат договори со големи цифри, а таа клиентелата со кафе, локум и чај само на сабајле можеш да ја видиш, мада гледам во последно термините утрински им се резервирани со крштевки и свадби, или некој групи од романија, холандија, бенелукс... и играорци им носат за забава.
     

Сподели: