1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Отфрлоци на општеството (бездомници)

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Redhead, 12 мај 2012.

  1. Redhead

    Redhead Bookworm

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    1,060
    Допаѓања:
    2,039
    Не знам дали ја отворив темава на правилно место, ако не модератори слободно префрлете ја.

    Бездомниците во Македонија мислам ги има во се поголем број. Меѓутоа колку од нив се пријавени како такви. Читав негде на нет дека во Скопје се регистрирани 109 бездомници, од кој поголемиот дел од нив се мажи.

    Причината поради кој овие лица го загубиле својот дом се загубата на работното место,или загуба или смрт на еден од брачните партнери, па со тоа немање доволно средства да се издржува семејството. Меѓутоа и дека дел од нив се жртви на семејно насилство.

    Во Скопје државата во соработка со Црвениот крст има отворено центри за згрижување на овие лица, во Момин Поток, Чичино Село и во кампот во Љубанци, каде што бездомниците можат да добијат топол оброк, кревет, облека, бесплатно советувалиште, бесплатени лекарски прегледи и лекови.

    Колку општеството, или ние луѓето ги отфрламе овие луѓе?
    Дали некој од нас помогнал, или познавате некој кој што го изгубил својот дом?
    Зошто наместо да помогнеме секогаш ги игнорираме овие луѓе кои што ги има во поголем број, гледајќи ги како просат на улица или чепкаат по којтенери?
    Колку овие луѓе успеваат да се рехабилитираат, и повторно да бидат продуктивни во општеството?
    Колку Црквата помага на овие луѓе?

    Како е во вашиот град, дали има вакви центри за помош?
    Што мислите вие?
     
    На Lena, Selma, Aristokrat и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911

    Мислу дека песмава ќе се уклопи у овуј тему..
     
    На ace_rot, redhead и Sweetgirl1605 им се допаѓа ова.
  3. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Имаше една женичка кај Кисела вода кај Даре Џамбаз седеше нон стоп и знам дека палеше оган да се стопли и одеше секој ден во истата облека.Памтам дека еднаш јадеше и им даваше храна и на мачките што се собираа околу неа велејќи ми "И тие се гладни"
    Земав од дома облека и ја однесов,и на мое изненадување не беше воопшто среќна иако алиштата беа прилично добри.
    Ми кажа дека не и биле точни иако знаев дека лаже,премногу се имаше приврзано за нејзините иако и беа валкани и искинати.
    Секаде ги има,и во најразвиените земји за жал.
     
    На Bum-Bum, Hip.Hop_MKD и ace_rot им се допаѓа ова.
  4. NEPOBEDLIV

    NEPOBEDLIV Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 март 2012
    Мислења:
    288
    Допаѓања:
    412
    Едно јако видео:

     
    На Gemini, Primrose, Lady* и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Ме наежи кај го најде,секоја чест
     
    На NEPOBEDLIV му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snape

    Snape Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    402
    Значи не се сите бездомници исти има некои стварно што неможат да преживеат или да се снајдат а има некои што се мрзи и одвратни.. повеќето се роми. Имаше случка пред 1 месец ми доаѓа на врата и ми вика дај ми 10 дИнари леп да купам детето ќе ми умре од глад .. а ја немав ситно и земав 2 јаболки и и ги давам и велам еве .. неам ништо ситно ,а таа скубла зема и ги фрли и вели таму нешо на ромски.. Мене ми зовре толку ме испровоција и ја гаѓав со патика.. али тоа е.
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Јас, навистина, ептен ме погаѓа кога видам некој како чепка по контејнер, просе, никаков таков.. Итекако би сакала да помогнам, еве нешто алишта шо имам вишок, не ми требат, планирам да ги дадам. Ама од една страна, ни јас самата НЕМАМ толку за да можам да помогнам.
    Во градот, бар ја како шо мислам, нема никакви центри за помош нити ништо. Јас што зборам цело време, боље да им помогнете на тие луѓе што им треба помош навистина, отколку да се градат некакви си фонтани у трговски и триста глупости..
    ЦРКВАТА? Ма немој, пред црквата седат и просат Роми или наши, овие делат картончиња, календарчиња као демек тоа ќе им помогне..
    Безврска, ама тоа е, себичноста на луѓето го замрачува широкиот поглед на светот, односно насочувањето спрема сите да бидеме еднакви, да живееме во хармонија и љубов and those kind of bullshits. :)
     
    На redhead и Selma им се допаѓа ова.
  8. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Maks ќе ви каже за најпознатиот бездомник во Штип, а јас ќе ви кажам за тоа што се случува во Скопје.
    -Оние што питаат по семафори, бараат пари, ги даваат на друг парите, а со дел од нив јадат и пијат Кока-Кола и Хамбургери. Јас не јадам тоа, па они што се златни? Организирани се во кланови и мамат граѓани.

    Може одма да видиш кој човек нема основи услови за нормален живот и да му помогнеш... Кога имам им давам, зошто да не. Во секое човечко суштество треба да има барем трошка хуманост.
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Немам што да кажам еве подолу видеата се ке ви кажат, човекот е скитник порано имал дом но беше опожарен сега веќе нема.
    Нема факултет но си бил по учењето и си учел онака од ќеф, знае 4-5 јазици перфектно, поседува вештини од карате за црн појас. Мааната му е што забегал од премногу учење (има доста интелигенција во него) па сега зборува и тврди секогаш дека има контакт со вонземјани и постојано комуницира со нив. :confused:





    http://youtu.be/3t-PtSlYXxY
     
    На redhead и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  10. Дејмон

    Дејмон Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    650
    Ги има и кај нас, ама не се многу. Десетина максимум.
    На еден од нив му имам купено 3-4 пати јадење, иако отпрво не сакаше да го земе после еден муабет што напраивме прифати. Тука во моите згради живее, знам која е причината поради која е на улица. Му помагаме сите помалце, еднаш еден друг пат друг и така. Татко му на другар сега планираше и работа да проба некако да му најде, па ќе видиме што ќе испадне.
     

Сподели: