1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Острови и островски држави

Дискусија во форумот 'Географија' започната од Kitty, 11 јули 2012.

  1. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Аруба е остров кој се наоѓа во близина на Јужна Америка односно на 27 километри од Венецуела и е во Карипското море.
    [​IMG] [​IMG]
    Знамето на Аруба е освоено на 18 март 1976 година.
    [​IMG]
    Островот е долг 33 км и има 103 000 жители. Аруба е една од уставните држави на Холандија.. Островот има поволна клима која што е добра за туризам.. Главен град на Аруба е Оранхештад.
    [​IMG][​IMG]

    Прекрасниот бел песок, пријатната тропска клима и тиркизното море се главни адути на островите Аруба. Според легендата, плажите припаѓаат на песочното џуџе, кое спрема секое зрно песок се однесува со многу внимание и љубов, па поради тоа и плажите се толку убави. Лесниот ритам на живот, заводливата природа и позитивните домаќини прават секој човек да се прилагоди на волшебното парче рај на земјата.
    Весела атмосфера владее на целиот остров, а особено во главниот град Оранхештад во кој секој Вторник се организира фестивал на храната, музиката и рачната изработка на Бомбини ( што значи добредојдовте)
    Влијанието од различни култури се чувствува и во кулинарството. Од обични состојки, локалните кувари прават неверојатни јадења, а морските плодови се нивна основа, додека најголем специјалитет се ајкулите. Популарно јадење е и „ кеши јена“ направено од гауди сирење, риба или месо, зачини и специјален темен сос, а се служи со пченкарен леб и пита.
     
    На Давор, The Tramp, WomanInRed и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Свети Винцент и Гренадините (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Источно од државата се наоѓа Карипското Море, додека западно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 километри квадратни со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада.
    Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со официјален јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија.

    Островот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Сарагоса - патрон на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун.

    Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 километри квадратни, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 километри квадратни, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители.

    Свети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралицата Елизабета II. Таа во државата е претставена од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн.
    Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини.

    Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција.
    Официјален јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[2][3][4] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествени институции.
    Голем дел од населението се Христијани.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На The Tramp, WomanInRed, Legioner и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Тасманија, за нас можеби позната по тасманскиот ѓавол во цртаните филмови на Looney Tunes, е австралиски остров и држава. Таа во светот е позната како „Природната држава“, поради недопрената природа и напорите на населението за што поприроден живот.

    Статистички, Тасманија е 26 остров по големина во светот и има 68,401 километар квадратен. Главен град е Хобарт, а останати поголеми градови се Глеронхи и Клеренс. Вкупната популација на островот изнесува нешто повеќе од половина милион жители. Половина милион луѓе, коишто не се воодушевени од модерниот свет, а се и прилично невоодушевени од посетителите коишто доаѓаат да се восхитуваат на неверојатната природа на островот. Љубоморните Тасманијци, очигледно љубоморно си го чуваат својот мал рај.

    Речиси 37% од целата територија се национални паркови и локалитети заштитени со закон не само од локалните власти, туку се сметаат и за светско природно наследство.
    Погледнете ја оваа убавина и ќе видите зошто Тасманија е „Природна држава“ и нејзините жители немаат желба да ја делат со остатокот од светот.

    state-tasmania-003.jpg Tasmania.jpg tasmania5.jpg
     
    На The Tramp, Legioner, Kitty и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Малдивите
    Се наоѓаат во средината на Индискиот океан, овој синџир од 1.000 острови (200 се населени, а само 5 имаат значително население) е само серија на коралните гребени кои се едвај над морското ниво. За време на цунамито во 2004 година, многу од овие острови се целосно уништени. Владата има изградено бариери против поплави за да помогне да се намали влијанието на кое било идно цунами. Овие мали корални острови се опкружени со одлични места за нуркање, бели песочни плажи, и се полни со пријателски расположеното локално население. Приватните луксузни имоти се честа појава на овие острови, а исто така и одморот на вакво место чини многу. Најдобро време за посета на Малдивите е во текот на ноември до мај, кога времето е ладно и суво. Од јуни до октомври влажноста е поголема и времето потопло, а се тоа се должи на сезоната на монсуни.

    2.jpg

    Кукови Острови
    Друга Јужно пацифичка група на острови се Куковите острови кои се наоѓаат прилично далеку на мапата. Добро, не премногу далеку, но тие се значително помалку посетени од некои од своите соседи. Овие мали острови се именувани по Џејмс Кук, смелиот човек кој ги открил. Со неколку погодности, ова е најдоброто место за да најдете внатрешен мир и да избегате од модерниот живот. Островите се со слични временски услови како и остатокот од оваа област, со температури топли и влажни во текот на целата година.

    8.jpg

    Островите Парентианс
    Се наоѓаат на источниот брег на Малезија, Парентианс се состои од два острови. И двата се неверојатно покриени со многу палми, широки плажи и кристално сини води. Нема многу што да се прави овде, а посетителите обично лежат на плажа по цел ден, и се одмораат од минатата ноќ во која алкохолот ја имал главната улога. Тоа е совршено место да се постави некоја импровизирана лежалка. Силната монсунска сезона ги лимитира можностите за посета на островот. Препорачливо е да се посети во периодот меѓу март и октомври. За време на останатите месеци, тоа е најдобро да се упатите кон Тајланд, каде што времето е далекупоубаво.

    10.jpg

    Еве ви уште некои убави островчиња за летово за одмор. :giggle
     
    На The Tramp, Kitty, street_chic и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Мадагаскар е островска република во Индискиот Океан недалеку од Јужна Африка.
    Островот зафаќа површина од 587.041 км2 и е четврт остров по големина во светот.
    [​IMG] [​IMG]
    На Мадагаскар се наоѓаат 5% од растенијата и животните во светот, од кои 80% се загрозени.
    [​IMG] [​IMG]
    Главен град е Антананариво. Независна е од 1960 година.
    [​IMG] [​IMG]
    Населението се состои од најразлични племиња, како Мерина или Хова, Бетсимисарака и др.
    Службени јазици се францускиот и малгашкиот.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Marick14 и Kitty им се допаѓа ова.
  6. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    ААААААААААА прекрасна ми е темата за островите, уживам да си читам сега овде.. Топ земји одбравте... street_chic ист стил имаме на пишување овде...:biggrin
    за марик не зборам, он е стара џомба...:sreken
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Фиџи е држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе острови од кои најголеми се Вити Леву и Вануа Леву. На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава- Сува која има околу 200.000 жители.
    Најзастапени јазици се англиски јазик и фиџиски хинди јазик, а најраспространета религија е христјанството- 52% од населението се христијани и 32% хиндуси. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Во Фиџи денес живеат околу 1.200.000 жители што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.
    Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.

    Главниот остров на Фиџи е познат по името Вити Леву и од тоа име доаѓа името на државата.

    Првите луѓе кои пристигнале на Фиџи се населиле на островите мноу порано пред да дојдат европејците во 17 век. Според археолошките ископини се утврдило дека на Фиџи имало човекови заедници околу периодот од 3500 до 1000 година п.н.е. Се верува дека народот Лапита се населиле на островите и биле полинезиски народ, но не се знае што станало со нив кога се населиле меланезиските народи.
    Првата населба на Фиџи била создадена од трговци и патници пред 3500 година.
    Холандскиот истражувач Абел Тасман ги посетил островите во 1643 година додека го барал Големиот Јужен Континент. Потоа европејци не пристигнале на островите сè до 19 век кога на остроите започнале да доаѓаат китоловци, мисионери и трговци со сандалово дрво.
    Рату Серу Епениса Какобау бил фиџиски поглавица од островот Бау кој ги обединил фиџиските племиња под негово водство. Тогаш тој се прогласил за Крал на Фиџи, а подоцна Заштитник за време на британската колонизација. Во 1874 година Фиџи станал дел од Британската империја.
    Во 1970 година Фиџи се стекнал со независност.

    На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава- Сува и има околу 200.000 жители. Други градови на други острови се Кандаву на истоимениот остров и Сомосомо на островот Тавеуни. Помеѓу островите се наоѓа живописното Коро Море. Највисок врв на Фиџи е врвот Викторија- 1372м. и се наоѓа на островот Вити Леву. Фиџи се наоѓа во таканаречената група острови Меланезија и зафаќа површина од 18.270км2.
    Вкупната површина на Фиџи е 194.000 километри квадратни но од овие само 10% е копно. Овој архипелаг има 322 острови од кои 106 се населени.

    Фиџи е поделен на четири главни дивизии
    § Централна
    § Источна
    § Северна
    § Западна
    Овие дивизии се поделени на следните 14 покраини:
    • Ба
    • Буа
    • Какаудрове
    • Кадаву
    • Лау
    • Ломаивити
    • Макуата
    • Надрога-Навоса
    • Намоси
    • Наитасири
    • Ра
    • Рева
    • Серуа
    • Таилеву
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Giglio, Италија
    [​IMG]
    Сместен е на крајбрежјето на Тоскана. 90% од површината е ненаселена, а љубопитните посетители имаат можност да истражуваат карпи, песочни насипи и интересни разнолики села.
    Formentera, Шпанија
    [​IMG]
    Најмалиот и најјужен остров е потполна спротивност од најблискиот острв во соседна близина – Ибица. Солени езера, шуми и нерамни патчиња кои е најдобро да ги истражувате шетајќи се по песочното крајбрежје.
    Sylt, Германија
    [​IMG]
    Најголемиот германски остров во Северното Море одамна е познат како елитно одморалиште, но овие денови е посебно популарен кај авантуристите.
    Чудна комбинација од трендовски продавници, гурмански ресторани и викендици сместени низ долгите песочни плажи, од кои најпознатата е дури 40km.
    Faro, Gotland, Шведска
    [​IMG]
    Овие речиси споени острови се омилено одредиште за кампување и излети со чамци. Главна атракција е градот Visby кој е под заштита на УНЕСКО, додека остатокот е совршен за возење велосипед.
    Аландски острови, Финска
    [​IMG]
    Архипелагот е составен од 6.500 острови од кои 300 се населени. Совршена оаза за риболов и едрење, но само во летните месеци.
    Самсо, Данска
    [​IMG]
    Важи за место каде данците ги снимаат своите популарни детективски серии, а на остатокот на светот им е познт како прв енергетски самоодржлив остров на светот.
     
    На WomanInRed и Kitty им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Гранд Тере, Нова Каледонија

    02.jpg

    Нова Каледонија, е дел на Француската Полинезија, која сеуште е управувана од страна на Франција. Најголем остров е Гранд Тере, и е единствен каде што има туризам. Главниот град, Ноуми е карактеристичен со булевари во Француски стил, кафулиња, елегантни бутици и врвни ресторани. Најубавите плажи на Гранд Тере се исти како и другите плажи на островите на Јужниот Пацифик.

    Мунгава, Соломонови Острови

    03.jpg

    Соломоновите Острови не се позната дестинација, и е област само за смелите патници. Без развиен туризам, и покрај тоа што се класифицирани за светско културно наследство, оваа дестинација е за едно одлично бегство од секојдневието, на прекрасен тропски остров.

    Токелау, Нов Зеланд

    05.jpg

    Токелау е група од три корални острови, управувани од владата на Нов Зеланд. Единствениот начин да се стигне до Токелау е со карго брод еднаш месечно, и тоа патување трае цели два дена. Недопрен од човекот ова е остров каде може да го доживеете животот на Робинзон Крусо во вистинска смисла.
     
    На Kitty, WomanInRed и street_chic им се допаѓа ова.

Сподели: