1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Останување во брак заради децата

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од МериСелест, 11 јануари 2013.

  1. LadyLollypop

    LadyLollypop Нов член

    Зачленет на:
    14 февруари 2019
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Колку што разбрав се работи за неверство... Во секој брак има проблеми така и во мојот... И јас се сомневав дека мојот маж ме изневерува и една вечер(тој беше излезен со другарите во кафана) влегов на неговиот профил видов дека се допишува со една девојка... бев вознемирена, сакав да си го земам детето и да заминам, но сепак одлучив да се смирам бидејќи истата вечер дознав дека сум бремена со нашето второ дете. Сабајлето му ја соопштив веста и додека се гушкавме и се радувавме девојката му пиша пак. Му кажав дека знам за разговорот и дека сакам да прекине секаков контакт со неа, ми рече дека нема ништо дека негов другар се допишувал и дека ќе ја избрише... но дознав дека има и нејзин број за жал не можев да дојдем до неговиот тел бидејќи не дозволуваше да го земам и претходно... и оставив на тоа. Сега повторно после една година повторно му пиша друга но и кажа дека е женет дури и ми кажа и мене, но на другарите им пиша као другите знаа дека е женет за да не му праа проблеми. Страв ми е дека ме изневерува... многу го сакам и секогаш се борам да опстанеме во брак не само поради децата туку и поради нас. Секогаш се бори за нас како семејство, но сепак ме плаши дека ради некоја трета особа ќе ни се растури бракот... Ве молам за совет
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Provenzano

    Provenzano Староседелец

    Зачленет на:
    23 април 2012
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    19
    Доста време помина од ко последен пат бев на форумов и еве ме сосем случајно пак да се најдам овде. Живееме одделно од моите родители на едни добри 500км. Работиме заедно и заработуваме доста добро но, секојпат кога има шанса и може, ми проверува и чепка телефонот додека спијам а тоа не и е прв пат и знае дека страшно многу го мразам тоа и ме нервира. Цело време за секоја една работа моите и се криви и постојано се замара со нив као демек, зашо питат кои ни се плановите и зашо воопшто сум кажал работа од типот оти планираме да одаме на одмор таму и таму. Пробувам да поминам преку се, и реков дека ако има потреба да разговара со психолог, немам проблем. Немам проблем да простам и доста трпелив сум ама веќе осеќам некој лимит дека шо искрено, не можам повеќе... прашање на време е кога ке дојде до срањето оти она цело време вика, чашата веќе и била полна од моите... преку курец веќе... а и сексот не е каков што беше... еднставно ко ти се ладат чувставата, каков може да биде сексот?

    П.С. Немаме деца и не правам никакви глупости нит на FB нит на било шо друго дека шо може да се прават глупости...
     
    #62 Provenzano, 14 февруари 2019
    Последна промена: 14 февруари 2019
    На Just Smile и Prashina им се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,350
    Допаѓања:
    3,843
    Види... од денешна гледна точка, сè што ми се случуваше во тие мигови кога го пишував ова е доста смешно и незрело. Претпоставувам и твојот сопруг ќе се соземе и ќе сфати дека проблемите на самодоверба не се решаваат со други жени, напротив, се зголемуваат.
    Сега... не сум психолог за да можам точно да ја дефинирам потребата од тоа да пишува со други, но мојата потреба од изневерување, и шврљање беше токму тоа - да го наполнам егото.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Нов член

    Зачленет на:
    14 февруари 2019
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Не знам ни јас што би можело да биде... Секогаш размислува за своите постапки пред да направи нешто, не прави ништо без да има некоја цел... Од една страна си викам ај можеби сум го повредила на некој начин во тој период па посегнал по тоа да пише со друга. Можеби намерно го остави профилот логиран... Никогаш не сум била љубоморна за нешто или некого се додека не го запознав него. Сега за сега сигурна сум дека не прави ништо но се плашам дека направил или ќе направи...
     
  5. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,350
    Допаѓања:
    3,843
    Премногу „можеби“ во еден пост :)
    Не знам што би ти кажал друго, освен дека, според моето лично искуство, најверојатно во тие мигови кога е во комуникација со друга, според неговото видување, ти си виновната. А изговор ќе најде: премногу го опсипуваш со недовербата, не го сакаш доволно, го навредуваш, не си му веќе привлечна, таа е подобар слушател од тебе, повеќе го разбира, има исти ставови со него за многу гледишта...
    И така ќе продолжи да реди изговори сè додека не се засити од изговорите и не сфати дека сè било само едноставна криза на идентитет. А може и никогаш да не сфати. Сè зависи од тоа, на што се базира таа потреба да комуницира со други жени.
     
  6. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,710
    Допаѓања:
    871
    Најмногу што прочитав на темава е како дошло до „распаѓање“ на „основната клетка“ на ова наше општество. Другите не се битни :)
    Ретко некој да ги спомнал ДЕЦАТА (нус-производот на една љубов, сегашна или мината).

    Секој човек има искушенија, кои (како што и треба) удираат најсилно кога најмалку треба! Како инаку ќе излезе како нов човекот, ако ги победи овие искушенија?

    Прочитав и тоа како мажот и жената одлучиле да останат заедно заради децата... и како ќе гледаат тие деца расправии и слично по дома бидејќи вештачки се одржува нештото наречено семејство...

    Според мене, ако и на двајцата родители во умот им светне дека семејството го држат ДЕЦАТА во целина, а не мајката и таткото - дури и едниот или и двајцата за момент да паднале под искушение и да не поминале добро - сепак ќе останат заедно и ќе се надмине сето тоа, нормално со целата поука и знаење стекнато дека за многу мали непотребни дејствија, може да се загубат толку драгоцени ствари градени со години и со премногу енергија.
    Да не зборуваме за тоа дека заради непромислени дејствувања на родители, се влијае на иднината на еден иден човек кој што треба да биде подобар од неговите!

    Така да, оние кои останале заради децата, кај нив се вратила љубовта или е во тој правец тргната. :)
     
  7. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,894
    И...го наполни?
     
    На Аркантос и Хептаграм XI им се допаѓа ова.
  8. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,350
    Допаѓања:
    3,843
    Напротив, стана сè попразно и помало. Сè додека не се изгубив во лавиринтот што сам си го создадов.
     
    На MoonFairy и Prashina им се допаѓа ова.
  9. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    Разводот мислам дека сепак треба да се гледа како последна опција, кога ниту една друга веќе не функционира.. Дајте си малку време, оддалечете се на одреден период, така најдобро ќе сфатите дали да продолжите заедно, дали си фалите или сепак секој да си оди по својот пат.
    Сепак можеби и она има некоја причина за нејзиното однесување.
     
    На Ballet is my life му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: