Останување во брак заради децата

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Чекај, не сакаш да си со него, а мораш поради некаква чест?
Претпоставувам се вмешани родители, одеднаш шокирани и „загрижени“ роднини до 9то колено, комшии и пријатели.
Ако имаш шанса т.е. си бар некако финансиски стабилна, бегај и не се врти.
Што е со стресовиве уште сега, а не па цел живот, со деца плус.
Жално е, ама родителите нема да се вечно тука, а комшиите и некои небитни роднини па ич не се ни за земање предвид.
Честа се губи кога се губиш себе, ама пусто турско...

Не знам, како созревам, добивам само поголема аверзија кон бракови, адети, чест терање и потиснување сопствен мир ради други.
Не е исто да се жртвуваш за компромис кога се жртвуваат и другите страни, и да бидеш безгласна буква за на друг да му е убаво (а да не треба да излезе од својата комфорт зона). :x

Болно е кога само еден се бори за да опстане пропала врска.. Болно е кога знаеш дека некому си потчинет а знаеш, свесен си дека тоа не го цени..
Разговарав со моите.. Ме поддржуваат потполно зошто знаат што човек е.. Мајка ми каква таква го процени уште пред 5 години.. Кога ми збореше, се расправав со неа, се за него . И ден денес јас сум таа што се бори за се ама џабе е..
Морам да ставам крај на ова мачење зошто ова само ме уништува.. Немам сила веќе! Умирам одвнатре..
Маката е што се случуваат работи кои ме спречуваат кон тоа... Нечија блиска свадба... Морам пак да изигравам колку сум среќна додека некој се изживува со мене ама не.. не можам веќе..
Ионака ако сака да најде некој во јајцето влакно, ќе најде.
Јас не можам да живеам со него за неговите .. Јас со него треба век да векувам... ама не можам веќе не можам... сила немам!
Ќе се спасам знам... морам!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyLollypop and Prashina

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
И што одлучи на крај ?
Секогаш викаш така и на крај пак се враќаш,можеби овој пат бил пресуден за да ставиш точка на се,само сега кога ќе вртиш нов лист да не ти се прекопира претходниот ќе плукнеш лева рака,а ќе свртиш со десна па конечно да кажеш дека си среќна макар и бегалка да те земе :D:cool:
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
@Mnogo Bitno ти навиваш да раскинат или како ? Не знам зошто секогаш кога има вакви случаеви сите викаат остави го, а не потрудете се двајцата да ви успее врската ;).
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
- Најлошото нешто што можат да го направат родителите на своето дете е токму тоа. Да останат во брак,само поради него.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Абе од ко се вратив на форумов стискам заби да не напишам ништо на темава, оти не ми се чкрапа долго, ама срце јуначко пукна.
Јас цел свој живот велев: кога ќе стане нештото неподносливо, одма развод... секој по свој пат, подобро и за децата и за возрасните. Ама знаете што? Арно велеле старите... не прашуј гаталец, прашуј паталец.
Теоретски, во дисфункционален брак, детето толку страда што после има такви психички проблеми што завршува како деликвент, наркоман, или нормален човек, ама со аверзија од брак.
Знаете како завршува детето со самохран родител којшто во ова општество, најчесто НЕМА начин да заработи повеќе од 15.000, а алиментацијата, најчесто, не знам дали знаете, преку адвокати се зема, или никогаш не се зема? Исто, деликвент, наркоман, или нормален човек, ама или со аверзија од брак, или со копнеж да создаде хармонично гнездо за своите идни деца, и да биде оној родител што никогаш го немал.
Знаете што е пострашно? Што самохраниот родител, доколку сака ништо да не му скрати на своето дете, во овој страшно материјалистички свет, работи 12 часа, во никакви услови, го фрла здравјето и или рано починува, или се мачи со тешки болести. Знаете како боли кога детето ќе стане свесно дека родителот умрел за нему да не му фали основното: вода, струја, облека и мизерна храна?
Тука ќе ми речете дека ставањето на економската благосостојба за изговор е идиотски затоа што и со двајца родители, многу од луѓето се на питачки стап, затоа што едноставно нема работа, и ќе ви речам, можеби сте во право, но друго е четири раце да заштитуваат дете, друго е две. И за смртта, ќе ми речете дека смртта доаѓа тогаш кога треба да дојде, и пак имате право, ама бидејќи човекот на Балканов си има голем проблем со грижата на совест... не знаете како јаде кога ќе легнете да спиете и кога ќе се сетите на сите глупости што сте ги направиле кон родителот што, според вас, го дал животот за вас - и покрај тоа, се откажал од својот. Бидејќи теоретски, родителот кога одлучува да има дете, се откажува од својот живот, ама тоа го бара само она дете кое е до толку себично што се смета за божество, бидејќи секој што живее, го има правото на својот живот... треба да се најде начин на соживотот... И како што родителот го сака најдоброто за својто чедо, и чедото треба да го сака најдоброто за својот родител. Точно, некогаш можеби се чини дека разводот е најдобра опција за родителот, а потоа да си најде друг партнер и сѐ да си биде во ред... за жал, општеството сѐ уште ни е толку многу заостанато, што ретки, ама навистина се ретки оние што го продолжуваат животот после еден пропаднат брак... јас и сестра ми пример, ја молевме мама да не прекине да гледа за својата среќа, но знаете што ни одговараше? „Кога не ме огреало од сабајле, на пладне не барај.“....
Покрај тоа, општо позната човечка карактеристика е да го сака она што го нема, посебно за малите деца (колку и правилно да ги воспитуваш, тоа посакувањето на туѓото е некое архетипско чувство, не можеш да го избегнеш). Токму затоа се појавуваат оние реченици „На Бојан мајка му и татко му колку се совршени, вие сте никакви“, и кога ќе пораснеш ќе сфатиш дека било можеби обратно. Не е важно тоа, важно е дека детето секогаш ќе го споредува своето семејство со семејството на другарчето, и тоа не само на љубов - храмонија основа, туку на материјална, секаква. Посебно кога родителите ќе мора да станат малку построги за да ги постават границите во животот на детето... тогаш како некој одбранбен механизам му доаѓа споредбата. Што сакав да постигнам со ова. Полесно е детето да се справува со таа споредба кога ќе има и мајчинска и татковска фигура да споредува, а не само мајчинска. (не го зборам од памет ова... го зборам по сеќавање, што ме болело мене)
Покрај тоа, сѐ уште зборувам за оние ниски години (од 0 до 10 години), децата не познаваат морални вредности, посебно не го знаат она морално начело: не зборувај отворено за она што го знаеш, а знаеш дека тебе би те болело. Следствено на тоа што секое дете се споредува, почнуваат омаловажувањата: копиле, сирак, идиот. Почнува она што американцине најчесто го велат bullying... Таквите деца најчесто(значи чест на исклучоци) остануваат аутсајдери, не затоа што тие го сакаат тоа, туку затоа што се истакнуваат од нормалното (а мора да знаеме дека децата во најраната возраст за нормално го сметаат само она што е нормално во нивниот микроуниверзум: пр. јас до 6 годишна возраст не се прашував каде е татко ми, но откако почна она што погоре го реков булинг, тогаш почна да се искривува сликата за нормалното во мојот микроуниверзум).
Покрај тоа што, НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ЖИВЕЕМЕ НА БАЛКАНОВ (до душа и озборувањата, како и принципот на споредба се архетипски начела, не е дека е до Балканов, ама кај нас е малку поизразено, посебно во мали места), дали знаете за разведени, самохрани родители какви муабети излегуваат? И дали знаете на колку болен начин ги дознава детето? „Не смеам да се дружам со тебе, мама вели дека си Албанец“, а детето не знае ни што значи тоа, па се мисли, па прашува дома. Да не се разбереме погрешно, не дека јас ја правам дискриминацијава, само ви кажувам реални примери.
Сепак, не го негирам фактот, дека некогаш најдобро е човек да се одлучи на таков чекор: поради родител наркоман, поради насилник, поради непростливо неверство, поради немање ама ич љубов и разбирање... ама тука следи она што повторно лошо се одразува на детето, сега ќе го појаснам...
Идеално би било во таквите ситуации, родителите да дојдат до разумен договор, двајцата родители да поминуваат еднакво време со децата, двајцата да учествуваат еднакво во воспитувањето на децата. Не знам дали некаде постои таков случај, во моја близина не, ама тоа би било идеално...
Сепак, за жал, или едниот родител потполно исчезнува и не се грижи ни дали е здраво и живо детето, ни дали е здрав и жив родителот. Продолжуваш со животот и забраваш дека некаде имаш твоја крв...
Ама има и уште еден случај, оној што го доживеав јас на свој грб. Во една од најголемите кризи во мојот брак, кога јас бев најголемиот виновник за тоа што се случи, стигнавме до време кога сфативме дека не оди, таа не може да прости, јас не можам да се вратам назад, си дадовме неколку месеци „оддишка“, живеевме одделено, со цел да се „разладат“ односите, да видиме дали може да функционираме одделено. За сите тие месеци, јас се консултирав со преку 30 адвокати, како да успеам да ѝ ги земам децата, затоа што себично не сакав да се тргнат од мене, затоа што не сакам да растат далеку од мене. Не мислев на нив, бидејќи колку и да ги сакам, свесен сум дека во животот на детето, мајката ја игра најголемата улога, мислев на себе, и на мојот императив да бидам родителот што никогаш сум го немал. Додека не почна да ми се лади лудилото и не се освестив дека станувам кукавица и бегам при првата криза наместо да се обидам да ја решам, за да не страдаат ни тие, ни ние. Потоа, кога се смиривме со жена ми, дознав дека и таа го правела истото(барала начин да ми забрани да имам пристап до децата, лута на мене, ми се одмаздувала преку нив). Значи и двајцата стигнавме до ситуација, децата да ни бидат „материјално добро за поделба“... Верувам дека тоа се случува во многу семејства, не затоа што мене ми се случи, туку затоа што најчесто тоа го гледам и слушам.
Среќа некоја повисока инстанца ми го сочува мозокот, и ѝ го сочува на жена ми, па сфативме дека вреди да се бориш да опстане бракот, врската, дека за жал, ниту јас, ниту таа не сфативме на време дека животот после раѓањето на децата не останува ист. Дека во брак, егзосрцизам треба да се спроведе врз гордоста и себичноста, и дека треба да се прости, да се заборави и дека е од клучно значење да се разговара. Посебно јас не го сфатив тоа, бидејќи јас бев навикнат да го имам цело внимание на овој свет, за мене. Мене да ме гледа, мене да ме мази, мене да ме пази, со мене да биде секаде, и почнав да ја делам со децата и го кренав опашот, и од тука почнаа нетрпеливости, караници и, од денешна перспектива, смешни ситуации. Сега и двајцата се трудиме да простуваме повеликодушно на нашите глупости, да се контролираме, да не избрзуваме со постапките... и иако е сѐ уште рано да речам дека ја вративме онаа совршена врска која што ја имавме пред бракот и до пред некоја година, но на пат сме.
Дали тоа го направивме ради децата? Верувам дека делумно. Делумно за децата, делумо за нас. Делумно поради она што го велеше мајка ми „Ако од утро не те огрее...“ и делумно затоа што и двајцата знаеме како е да се живее онаа, другата страна на детството.
 
WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053

Го прочитав твоето мислење , и ме замисли . Се согласувам со твоево мислење потполно . Многу добро е што и двајцата сте одлучиле да се борите за бракот да ви опстане , пред се заради децата , но и поради убавите спомени кои сте ги минале сите оние години додека сте биле заедно ( пред брак и откако сте се венчале ) . Децата треба само да се круна на вашата љубов , во никој случај не смееш да мислиш дека ја делиш жена ти со нив . Тие се дел од тебе исто како што се дел и од неа . Браво за двајцата што навреме сте се освестиле за грешките и што со сите сили се трудите да ги поправите :)
 
Знам дека се дел од мене, проблемот беше што јас очекував да го имам истото внимание како претходно од неа, и го немав, што е сосем нормално, подоцна сфатив дека и јас не ѝ го давам истото количество внимание како порано, но некогаш човек е себичен и гледа само околу себе, не и во себе.
Не беше поентата на коментаров да кажам во врска со нашиот брак, туку да потенцирам дека децата, во нашата околина, најчесто, страдаат исто како во дисфункционален, така и вон брак, бидејќи за едните е токсичен домот, за другите околината... дека мора да се најде златната средина, но многу често децата стануваат „материјално добро“ за разделба помеѓу двајца, заслепени и залудени родители или пак жртва на еден саможивник, којшто заборава дека направил дете.
 
Се согласувам и те разбирам . Ајде што побрзо да се поправат работите меѓу вас , што побрзо да бидете среќни и да има хармонија во вашиот дом :)
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Абе од ко се вратив на форумов стискам заби да не напишам ништо на темава, оти не ми се чкрапа долго, ама срце јуначко пукна.
Јас цел свој живот велев: кога ќе стане нештото неподносливо, одма развод... секој по свој пат, подобро и за децата и за возрасните. Ама знаете што? Арно велеле старите... не прашуј гаталец, прашуј паталец.
Теоретски, во дисфункционален брак, детето толку страда што после има такви психички проблеми што завршува како деликвент, наркоман, или нормален човек, ама со аверзија од брак.
Знаете како завршува детето со самохран родител којшто во ова општество, најчесто НЕМА начин да заработи повеќе од 15.000, а алиментацијата, најчесто, не знам дали знаете, преку адвокати се зема, или никогаш не се зема? Исто, деликвент, наркоман, или нормален човек, ама или со аверзија од брак, или со копнеж да создаде хармонично гнездо за своите идни деца, и да биде оној родител што никогаш го немал.
Знаете што е пострашно? Што самохраниот родител, доколку сака ништо да не му скрати на своето дете, во овој страшно материјалистички свет, работи 12 часа, во никакви услови, го фрла здравјето и или рано починува, или се мачи со тешки болести. Знаете како боли кога детето ќе стане свесно дека родителот умрел за нему да не му фали основното: вода, струја, облека и мизерна храна?
Тука ќе ми речете дека ставањето на економската благосостојба за изговор е идиотски затоа што и со двајца родители, многу од луѓето се на питачки стап, затоа што едноставно нема работа, и ќе ви речам, можеби сте во право, но друго е четири раце да заштитуваат дете, друго е две. И за смртта, ќе ми речете дека смртта доаѓа тогаш кога треба да дојде, и пак имате право, ама бидејќи човекот на Балканов си има голем проблем со грижата на совест... не знаете како јаде кога ќе легнете да спиете и кога ќе се сетите на сите глупости што сте ги направиле кон родителот што, според вас, го дал животот за вас - и покрај тоа, се откажал од својот. Бидејќи теоретски, родителот кога одлучува да има дете, се откажува од својот живот, ама тоа го бара само она дете кое е до толку себично што се смета за божество, бидејќи секој што живее, го има правото на својот живот... треба да се најде начин на соживотот... И како што родителот го сака најдоброто за својто чедо, и чедото треба да го сака најдоброто за својот родител. Точно, некогаш можеби се чини дека разводот е најдобра опција за родителот, а потоа да си најде друг партнер и сѐ да си биде во ред... за жал, општеството сѐ уште ни е толку многу заостанато, што ретки, ама навистина се ретки оние што го продолжуваат животот после еден пропаднат брак... јас и сестра ми пример, ја молевме мама да не прекине да гледа за својата среќа, но знаете што ни одговараше? „Кога не ме огреало од сабајле, на пладне не барај.“....
Покрај тоа, општо позната човечка карактеристика е да го сака она што го нема, посебно за малите деца (колку и правилно да ги воспитуваш, тоа посакувањето на туѓото е некое архетипско чувство, не можеш да го избегнеш). Токму затоа се појавуваат оние реченици „На Бојан мајка му и татко му колку се совршени, вие сте никакви“, и кога ќе пораснеш ќе сфатиш дека било можеби обратно. Не е важно тоа, важно е дека детето секогаш ќе го споредува своето семејство со семејството на другарчето, и тоа не само на љубов - храмонија основа, туку на материјална, секаква. Посебно кога родителите ќе мора да станат малку построги за да ги постават границите во животот на детето... тогаш како некој одбранбен механизам му доаѓа споредбата. Што сакав да постигнам со ова. Полесно е детето да се справува со таа споредба кога ќе има и мајчинска и татковска фигура да споредува, а не само мајчинска. (не го зборам од памет ова... го зборам по сеќавање, што ме болело мене)
Покрај тоа, сѐ уште зборувам за оние ниски години (од 0 до 10 години), децата не познаваат морални вредности, посебно не го знаат она морално начело: не зборувај отворено за она што го знаеш, а знаеш дека тебе би те болело. Следствено на тоа што секое дете се споредува, почнуваат омаловажувањата: копиле, сирак, идиот. Почнува она што американцине најчесто го велат bullying... Таквите деца најчесто(значи чест на исклучоци) остануваат аутсајдери, не затоа што тие го сакаат тоа, туку затоа што се истакнуваат од нормалното (а мора да знаеме дека децата во најраната возраст за нормално го сметаат само она што е нормално во нивниот микроуниверзум: пр. јас до 6 годишна возраст не се прашував каде е татко ми, но откако почна она што погоре го реков булинг, тогаш почна да се искривува сликата за нормалното во мојот микроуниверзум).
Покрај тоа што, НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ЖИВЕЕМЕ НА БАЛКАНОВ (до душа и озборувањата, како и принципот на споредба се архетипски начела, не е дека е до Балканов, ама кај нас е малку поизразено, посебно во мали места), дали знаете за разведени, самохрани родители какви муабети излегуваат? И дали знаете на колку болен начин ги дознава детето? „Не смеам да се дружам со тебе, мама вели дека си Албанец“, а детето не знае ни што значи тоа, па се мисли, па прашува дома. Да не се разбереме погрешно, не дека јас ја правам дискриминацијава, само ви кажувам реални примери.
Сепак, не го негирам фактот, дека некогаш најдобро е човек да се одлучи на таков чекор: поради родител наркоман, поради насилник, поради непростливо неверство, поради немање ама ич љубов и разбирање... ама тука следи она што повторно лошо се одразува на детето, сега ќе го појаснам...
Идеално би било во таквите ситуации, родителите да дојдат до разумен договор, двајцата родители да поминуваат еднакво време со децата, двајцата да учествуваат еднакво во воспитувањето на децата. Не знам дали некаде постои таков случај, во моја близина не, ама тоа би било идеално...
Сепак, за жал, или едниот родител потполно исчезнува и не се грижи ни дали е здраво и живо детето, ни дали е здрав и жив родителот. Продолжуваш со животот и забраваш дека некаде имаш твоја крв...
Ама има и уште еден случај, оној што го доживеав јас на свој грб. Во една од најголемите кризи во мојот брак, кога јас бев најголемиот виновник за тоа што се случи, стигнавме до време кога сфативме дека не оди, таа не може да прости, јас не можам да се вратам назад, си дадовме неколку месеци „оддишка“, живеевме одделено, со цел да се „разладат“ односите, да видиме дали може да функционираме одделено. За сите тие месеци, јас се консултирав со преку 30 адвокати, како да успеам да ѝ ги земам децата, затоа што себично не сакав да се тргнат од мене, затоа што не сакам да растат далеку од мене. Не мислев на нив, бидејќи колку и да ги сакам, свесен сум дека во животот на детето, мајката ја игра најголемата улога, мислев на себе, и на мојот императив да бидам родителот што никогаш сум го немал. Додека не почна да ми се лади лудилото и не се освестив дека станувам кукавица и бегам при првата криза наместо да се обидам да ја решам, за да не страдаат ни тие, ни ние. Потоа, кога се смиривме со жена ми, дознав дека и таа го правела истото(барала начин да ми забрани да имам пристап до децата, лута на мене, ми се одмаздувала преку нив). Значи и двајцата стигнавме до ситуација, децата да ни бидат „материјално добро за поделба“... Верувам дека тоа се случува во многу семејства, не затоа што мене ми се случи, туку затоа што најчесто тоа го гледам и слушам.
Среќа некоја повисока инстанца ми го сочува мозокот, и ѝ го сочува на жена ми, па сфативме дека вреди да се бориш да опстане бракот, врската, дека за жал, ниту јас, ниту таа не сфативме на време дека животот после раѓањето на децата не останува ист. Дека во брак, егзосрцизам треба да се спроведе врз гордоста и себичноста, и дека треба да се прости, да се заборави и дека е од клучно значење да се разговара. Посебно јас не го сфатив тоа, бидејќи јас бев навикнат да го имам цело внимание на овој свет, за мене. Мене да ме гледа, мене да ме мази, мене да ме пази, со мене да биде секаде, и почнав да ја делам со децата и го кренав опашот, и од тука почнаа нетрпеливости, караници и, од денешна перспектива, смешни ситуации. Сега и двајцата се трудиме да простуваме повеликодушно на нашите глупости, да се контролираме, да не избрзуваме со постапките... и иако е сѐ уште рано да речам дека ја вративме онаа совршена врска која што ја имавме пред бракот и до пред некоја година, но на пат сме.
Дали тоа го направивме ради децата? Верувам дека делумно. Делумно за децата, делумо за нас. Делумно поради она што го велеше мајка ми „Ако од утро не те огрее...“ и делумно затоа што и двајцата знаеме како е да се живее онаа, другата страна на детството.
- Аркантос, прв пат да те прочитам од првото зборче, до последното, со големо внимание... Драго ми е поради тебе што повеќе не луташ... И не треба да луташ со мозокот. :) Те имам доста читано тебе, и затоа и ми беше неподнослив некој период и не те читав. :) Зш не размислуваше рационално. Ама по ова сега шо го прочитав, ми постана повторно мил... Да си имаш долг, среќен живот и успешен брак ти посакувам. И не вреди,да... За некои курвички тоа да се отфрли... За жал, тоа покасно го сфаќаме или кога е предоцна... И со ум во глава, да бидеш добар, и немој превише романтики со девојките, зш токму тие романтики те зближуваат и поврзуваат со нив. :D
 
Just Smile

Нов член
20 јануари 2019
24
22
3
Јас сум за развод. И јас се разведов а веќе имав дете. Поточно се оженив ради детето, ама не живеевме заедно. И сватив дека неможе цел живот така и се разведовме. И подобро, бар го спасив детето. Сега ќе има подобри услови отколку со жена која незнае да се грижи. Сега се преженив и посреќни сме и двајцата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina