Останување во брак заради децата

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Го има и тоа како посебно на овие балкански простори во кои нели е и Македонија.Проблемот е што родителите доброволно се во брак.Значи една личност доброволно живее и секој ден се гледа во еднен ист простор со друга личност која воопшто веќе не ја сака...и сето тоа само заради своите заеднички деца.До некаде е во ред.Ако децата се многу мали, со можен целосен развод може сам да се докомплицираат работите и да се загрози нивниот раст и развој.Ама од друга страна прашање се отвара дали треба една личност(родителот) да се жртвува и секојдневно да се сретнува со личноста(другиот родител) за кој се контатирало дека целиот нивнит брак бил една голема грешка.Така да доста дискутабилно е ова прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Сара.13

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Јас сметам дека тоа е само уште еден изговор за да не се разделат родителите.Што знам,владее стравот за да не останат сами и глумат дека се ке биде во ред.Епа баш заради децата треба да се оконча бракот.Ама нели партнерите се плашат и од тоа што ке рекле луѓето |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Грешка!
Секако децата не се виновни за несогласувањата меѓу родителите,ниту пак се должни да ги трпат расправиите од родителите затоа според мене ако не се согласуваат-развод и крај.
А секако и да останат во брак поради децата ќе биде полошо затоа што тие ќе се расправаат и пак децата ќе трпат.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ако чуваме сè скршено поради сентиментот, никогаш нема да мрднеме од мртва точка.
Не се фаќајте одма дека секој брак се растура поради неверство. Моногамијата и онака не ни е јака страна. Пфф, од кај пак да знае партнерот дека другиов не мисли на некоја си трета личност дури е со него/неа?
Страшни се насилствата, а едно дете не е должно да трпи било какво физичко и психичко насилство, па утре да прерасне во деликвент или некој отпадок на општеството поради неправилен развој во социјалната средина.
Најголемата грешка е што се трпат тие тортури поради рекла-казала и поради обезбеден социјален и економски статус, зошто, самохран родител со нашиве јаки плати, богами и ќе го изгледа детето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and Largo

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Сите уживае права и можности...и порано ги имало само што таму конзервативните вредности биле во предност.
Кај нас за жал има многу вакви бракови.Луѓето едноставно само поради совите деца остануваат во брачна заедница колку и да изгледа тоа вештачко на некој начин тие сепак остануваат во брак.
Според мене не би требало да е така.Секој човек претставува една идвидиуа,личност која има право да прави што сака(сепак во границите на легалитетот) за да биде задоволна.
Како и дали воопшто оваа појава влијае на децата...тоа е веќе од случај до случај поразлично.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не дозволувајте децата да живеат во пекол само поради тоа што се срамите да се разведете и кој што ќе каже заради тоа.
Нека не трпи детето кавги секојдневни,понижувања,пианчења,неверства,само зашто е изговор дека се ќе пројде ама заради децата нема да има развод.
Кога не иде не иде,не бидете себични и мислете малце и на тоа дете што го трпи тоа ваше досадување.
Тој не ја гледа зашто си има друга,па веќе ништо не му е убаво од неа преку ноќ,не готви убаво,не се согласува со неа на ниедна тема и сето тоа треба некој да го трпи и гледа-некое дете што нема врска со вашите конфликти.
Гласам ДА.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не, јас мислам дека така детето ќе се оштети уште повеќе. Подобро во секој случај да се објасни дека мама и тато веќе нема да живеат заедно , ќе сфати евентуално отколку да слуша дома караници или едниот од двата родители да не е никогаш дома , и слично. Мислам дека погрешен е фактот дека ајде заради децата да раснат со татко и мајка ќе останеме заедно...божем детево вегетација е па не сфаќа., особено денешниве деца ....најбитното е да му овозможите добар развој и убаво детство. Иако веќе разводот не е табу тема кај нас особено шо незнам коа се земале коа се развеле или оваа сфатила дека нема тој повеќе пари или тој очекувал дома таа компири да лупи по цел ден...или се либерални као нешто Запад фураат или па незнам шо е, браковиве и разводите пренапумпани , прематеријални, така да поарно имај дете не се зимај, нема потреба. И морам да го напоменам ова- Некои луѓе сериозно не треба да се размножуваат, коа ќе видам сирото детенце се срами од нив си давам право да го кажам ова погоре. Не сме совршени арно ама кога веќе нешто си направил и тоа нешто зависи од тебе , најмалку што можеш да направиш е да си одговорен родител.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Никој не би сакал да биде во брак со личност која не ја поднесува па колку и деца да имаат, тие деца пак ќе си имаат и мајка и татко само нема да живеат заедно. Сега како што е времево повеќе разводи има него свадби така да подобро е да се разведе и да се најде друга личност со која би го поминале остатокот од животот отколку и тие и децата да страдаат.
Со разводот на децата ќе им биде тешко година две после тоа ќе им помине но цел живот да живеат во такво семејство па тоа се трауми после се чудиме зашто имаме толку многу криминалци и психопати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Ако децата се единствено нешто што ги спојува тогаш... :unsure
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Никој не би сакал да биде во брак со личност која не ја поднесува па колку и деца да имаат, тие деца пак ќе си имаат и мајка и татко само нема да живеат заедно. Сега како што е времево повеќе разводи има него свадби така да подобро е да се разведе и да се најде друга личност со која би го поминале остатокот од животот отколку и тие и децата да страдаат.
Со разводот на децата ќе им биде тешко година две после тоа ќе им помине но цел живот да живеат во такво семејство па тоа се трауми после се чудиме зашто имаме толку многу криминалци и психопати.

Децата секогаш се производ на некоја љубов. Бракот е како проект, многу треба да успее а само малку да се сруши. Родителите кои имаат генетска одговорност , прават се за да продолжи бракот поради децата. Тие кои не се одговорни ,се тепаат , се пцујат, се малтретираат....................А дека е подобро за децата развод тоа само децата со разведени родители можат да кажат колку трауми претрпеле.Ако ме прашате , најмалку од се во животот сакам да поминува моето дете низ тој пат.