Османлиската Империја или Отоманската Империја исто така од современите историчари позната ѝ како Турска империја, претставувала мулти-етничка држава што постоела во периодот од 1299 до1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава.Таа била наследена од страна на Република Турција,која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година.
Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркското племе Огузи во западнаАнадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I(неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. До тогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.