1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Онлајн шопинг

Дискусија во форумот 'Мода и облека' започната од LadyInPink, 15 февруари 2012.

  1. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Во последниве години доста популарен е онлајн шопингот. Купување преку интернет.
    Што мислите вие за ова? Сте купувале?
    Многумина веќе целносно својата гардероба ја купуваат преку интернет. И навистина има огромен избор на се.
    Плус често се наоѓа пониска цена, подобар квалитет.
    Но кое е вашето мислење?
    Сте пробале? Полесно е или потешко?
    Или сепак се држите до она продавница си е продавница. Одиш, пробуваш, земаш, нема уткање.
     
  2. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Искрено страв ми е.Неможам да си купам нешто без да го пробам,сепак си останувам на тоа продавница си е продавница;)
     
    На TheFrisb, Bibi@ и Sugar им се допаѓа ова.
  3. Glorry

    Glorry Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    261
    Допаѓања:
    369
    Си имам купено патики адидас,ептен ми се погодени еве втора година ги носам,исто и саат на адидас си земав,ама многу за брзо ми се расипа и неможев батерија да си најдам таква, во Македонија немаше и сега така ми стои.
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Ако е некој заинтересиран за онлајн купување облека, аксесорис, чанти, чевли и сл. по поефтини цени без плаќање поштарини и царини ви го препорачувам www.asos.com
    Јас имам нарачувано, еве и сега на пат ми е уште една нарачка. Ако нешто ве интересира, слободно прашајте.
     
    На Bibi@, redhead, She и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    А како иде процедурата со ова? Веројатно прво плаќаш па ти праќаат? Малце ризично ми е вака...иначе имаат мн убави работи и има денови кога има големи попусти.
     
    На cece17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    сигурно не се плаќаат поштарини и царини? фала за сајтот. Ако има некој друг страна да сподели со нас за онлајн шопинг.
     
  7. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Прво плаќаш ти, па ти праќаат, нормално.:) Си внесуваш број од картичка и CVV2 број, вршат проверка и за една недела плус минус ти стигнува пратката.
    Инаку, сајтот сам си рекламира бесплатна испорака. Е сега, ако пратката чини повеќе од 45 евра тогаш плаќаш поштарина, тоа си е од кај нас, за секоја испорака важи истото независно од каде е.
    За да не дојде до тоа, доколку одбредеш производи кои ја надминуваат сумата од 45 евра, можеш да ги поделиш во повеќе нарачки. Ако пак одбереш еден производ кој чини повеќе од 45 евра, ќе си платиш поштарина... Значи, тие нема да ти наплатат, туку поштата наша си има таков принцип.
     
    На BlackTulip и Македонец им се допаѓа ова.
  8. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,631
    Сум купувал онлајн и многу е подобро од причини што има поголем избор и поефтини цени...
     
    На belabelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ivance

    Ivance Нов член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    5
    Дали купувате од страни на фб како модни додатоци ,и ако знаете некој др пратете линк :)
     
  10. Nemirna.

    Nemirna. Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    116
    Допаѓања:
    84
    Немам купено за сега ништо преку интернет и не би ни купила... Не ми е сигурно
     

Сподели: