1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Омилен и најнеомилен предмет во основно/средно

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Dea, 18 февруари 2012.

  1. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Омилени : Латински , Италијански, Компаративна книжевност , Биологија
    Мразев: Математика !!! (:|
     
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    омилен историја
    глупаф математика
     
  3. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Омилен ми беше Македонски Јазик,пошто професорката ми беше ходајучи секс. Жена во години,но секогаш стокмена,згодна,преубава,дури имаше и глас што можев да го слушам со денови...
    А секако,тиња ми беше Математика,3 години на полагање се влечев.
     
  4. Elena

    Elena Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    169
    Омилени -АНГЛИСКИ ЈАЗИК ,ГЕОГРАФИЈА и МАТЕМАТИКА.
    Најнеомилен- ИСТОРИЈА. ;)
     
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Најнеомилен: Физичко (Основни услови немавме во зима)
    Најомилен: Руски јазик.... Заради него добив прекар :)
     
  6. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Најнеомилени предмети секогаш ми биле општествените науки. Граѓанско образование постои само за перење мозоци и создавање нови верни кучиња. И преку глава ми е веќе од фалење на демократијата како најдобро уредување, трогателни говори за ЕУ и останатите глупости. И ако се смени системот, демократијата ќе биде една од „лошите“ државни уредувања, а ќе се зборува најубаво за новото уредување. Во општествените науки речиси се е двосмислено. Апсолутна вистина и реалност практичко не постојат.
    Историјата ја сакам како наука, но начинот на кој се учи во училиште и податоците кои ги учиме се глупи. Многу. Наставиците лошо испрашуаат и учениците лошо знаат. Никој всушност не разбира нешто. Само онака блебетат. И би било убаво кога не би ги делеле работите на добри и лоши.
    Ние учиме секакви неважни глупости за соседните земји, а поважните настани само се споменуваат некаде на крајот од страницата.
    Географијата е нешто како природно-општествена наука, но ме нервира. Всушност не целата наука, туку делот со статистиките. Досадна ми е некако.
    Мене не ме бидува за учење. Секој обид за учење ми завршува со фрлање на учебникот под телевизорот и одење на баскет.

    Природните науки ми одат. Мразам кога нешто треба да учам. Ако нешто учиш, значи не го разбираш. Ако не си го разбрал од прва, нема ни од втора.
    Природните науки никогаш не сум морала да ги учам. Никогаш не сум ги разбирала луѓето кои учат како ненормални за да сфатат нешто. Кога не би разбирала најверојатно би имала подарени двојки.
    За разлика од останатите, никогаш не сум имала проблем со физиката, математиката, хемијата и биологијата. Математиката ја ставам во природни науки можеби затоа се применува во природните науки.
    Оваа година победив на регионалниот физика и добив пофалница на републички.

    Јазиците ми одат, иако сметам дека имаме глуп начин на учење. Не можеш да научиш јазик со учење структири на реченици и преведување. Кога треба да разговараш со некого на англиски сигурно нема да имаш време да преведуваш од македонски, па да се мислиш како беше структурата на реченицата во тоа и тоа време. Подобро е да се размислува на англиски, нели?

    Физичко го сакам/мразам во зависност од спортот кој го работиме. За одбојка никогаш не ме бивало и не верувам дека некогаш барем малку ќе научам. Гимнастиката ми оди кога не се плашам, а најчесто се плашам.
    Затоа кога работиме кошарка, ракомет или атлетика(или како и да се вика) ми е омилен час.

    За уметностите може да се каже дека ме бива. Повеќе ликовна отколку музичка, но...
    Цртањето никогаш не ми било проблем. Имам освојувано и награди. За пеење не ме бива ич, ама баш ич. Посетувам музичко училиште и затоа знам многу повеќе теорија отколку што се учи во училиште. Свирам клавир на сила, заради родителите.

    Да речеме дека најглуп предмет ми е граѓанско а најубав физика. Тешко мене кога ќе почнеме да учиме социологија. Чувствувам дека нема да ми оди.
    Упс, претерав со пишување. Ама на часовите, кога е досадно немам друга работа освен да ги анализирам предметите.
     
  7. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,184
    англиски најомразен омилен информатика
     
  8. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Математика-книговодство
     
  9. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Омилен : музичко. Неомилен : математика.
     
  10. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Најомилени:јазици(македонски,англиски,германски),географија,хемија,биологија,а најнеомилен:информатика
     

Сподели: