Одговорна улога во семејството

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Во едно нормално функционално семејство по редот на нештата заштитничката улога треба да ја има мажот (сопругот), кој, според мене ја има улогата на носечки столб кој ја држи зградата полна со одговорности, емоции, убави и неубави моменти наречена дом.
Веднаш до него, треба да се наоѓа сопругата која ќе му ја пружа поддршката (и одвреме на нвреме ќе му ја вади душата:)) за да заедно го надоградуваат она кое го имаат.

Сметате ли дека мажот можеби треба да биде како Кевин Спејси во "American Beauty", улога на потчинет лингур кој нема свој став во врска со семејните работи (барем на почетокот од филмот)?
Како треба да се одржува функционалноста меѓу брачните партнери?

Дали е нормално еден од брачните партнери со љубоморни испади, контролирање на секој чекор, гушење на една индивидуа да се колне на вечна љубов иако голем број од нив се свесни дека тој начин на реагирање е обратно-пропорционален на хармонијата а богами и на нервите на сопругот/сопргата?

Дали ако се остави одгвоорната функција на мажот, тоа би значело и зимање преголема слобода од негова страна на штета на сопругата и обратна ситуација, секако.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Јас мислам дека во семејството двајцата брачни другари треба подеднакво да се одговорни за некои работи како на пример одгледувањето и воспитувањето на децата, раководење со финансиите или т.н семејниот буџет, одржувањето на хармонијата во домот, решавање на семејните проблеми итн,секако за нијанса можеби се двои мажот кој е столбот на семејството барем тоа во нашето општество така е сфатено и така функционираме!
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Се сметам за многу одговорна особа која секогаш сака да ги превземе работите во свои раце.Не дозволувам никој да ми поставува авторитет нити пак да ми наредува.Мислам дека ќе имам проблем со ова во брак.Јас уште сега имам проблем во врски што сакам се да контролирам, а па за тогаш којзнае.
Ако веќе одиме на таа карта дека мажот треба да биде главен што мене тоа ми би одговарало сигурен сум дека ќе имам став на шеф по дома и дека ќе ги водам сите сметки, ќе смирувам тензии и слично.Од причина што сум сигурен само во самиот себе.
Не би можел да си дозволам финансиите или било кој дел од тие работи да ги превземе жена ^^

Во врска со последниот твој дел, мислам дека има интересна ситуација.
Ако мажот и купува на жената шминки како подарок, ја носи на вечери и слично тогаш би можело да се договори за некаква си поделба на функцијата кај повеќето.
Е ако жената е лишена од тоа задоволство тогаш при прв допир со пари ќе ги сјебе на козметика, салони и слично.И дури ние машките ќе бидеме криви зашто работиме цел месец само 23212 шминки купила.

Мој заклучок е дека машките се далеку постабилни особи.

А ако темава беше наменета за жени, се извинувам но така ми дојде да си ги ослободам женските хормони :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.

Не се согласувам.. Под еднакво треба да се третираат и мажот и жената... Треба да се заборави тој примитивизам дека постои само еден столб.. Напротив.. и јас не дозволувам да ми поставува некој авторитет и да наредува.. И секако дека жената е таа што го одржува семејството заедно. Зошто да не се дозволат финансиите на жена? Треба да се разбијат тие догми дека жените ги трошат парите беспотребно и слично.Одбивам да ми плаќаат кога ќе излезам затоа што се осеќам потчинето така.. А највеќе си грешка за стабилноста. Верувај, жените се постабилни, полесно наоѓаат решение и се далеку поснаодливи. :cool:
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Не се согласувам.. Под еднакво треба да се третираат и мажот и жената... Треба да се заборави тој примитивизам дека постои само еден столб.. Напротив.. и јас не дозволувам да ми поставува некој авторитет и да наредува.. И секако дека жената е таа што го одржува семејството заедно. Зошто да не се дозволат финансиите на жена? Треба да се разбијат тие догми дека жените ги трошат парите беспотребно и слично.Одбивам да ми плаќаат кога ќе излезам затоа што се осеќам потчинето така.. А највеќе си грешка за стабилноста. Верувај, жените се постабилни, полесно наоѓаат решение и се далеку поснаодливи. :cool:

Те сакам.
Затоа што ме цитираше :D

Ако на жена и дадеш прст ќе ти земе цела рака.Или нема да и дадам власт и сите ќе бидеме среќни и задоволни или пак ќе и ја дадам цела власт па ќе бидам папучар.
Неможе да биде подеднакво.И да биде, жената секогаш ќе се стреми да ја добие и останата сиромашна половинка од мажот.
Разберете го машкото его.
Ако јас и ти бидеме маж и жена и доколку јас сум одговорен за се’ што треба тоа не значи дека ќе бидам диктатор и дека ќе јадеш леб и сол.Тоа замисли си го како една обврска помалку.Тоа време кое мажот ќе го користи за планирање финансии, плаќање сметки и слично ти искористи го за да се дотераш поубаво и да го изненадиш вечерта.
Погледнете и на таа карта малку :)
 
И јас тебе поради истото :)

И не е точно пак. Јас нема да се чувствувам среќна и задоволна ако јас ја имам цела власт или па тој, сеедно. Мора да има некој баланс. Никогаш ама баш никогаш нема да сакам да контролирам се... За се постои компромис можеби машкото его е тука проблемот. :) Не викам дека би бил диктатор но јас лично би се чувствувала поисполнета како жена ако има рамноправност и во финансиите и во плаќањето на сметките. И јас ќе го јадам истото, ќе трошам струја исто гориво итн. па зошто да не имам право на рамноправност? Додека да успееш да си скоцкана од глава до пети и да учестуваш во плаќањето на финансиите е тоа е вистинска жена.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Шмекси

Мој заклучок е дека машките се далеку постабилни особи.

те поздравумам со текстов преку кој се гледа дека жената е нестабилна.
Да биле мажите постабилни они би раѓале деца.
И за да може еден брак да опстои треба да има еднаквост ,љубов,доверба,слога... кратко но јасно!:)

Едно момче ја прашало својата мајка: “Мамо, зошто плачеш?
Затоа што сум жена.” – му одговорила таа.
Не разбирам.” – рекло момчето.
Мајката само го прегрнала и кажала: “Никогаш и нема да разбереш.
Подоцна го прашало својот татко: “Зошто мама плаче без причина?
Сите жени плачат без причина.” – било единственото што таткото можел да му каже.
Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог.
Кога го добил, го прашал: “Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?
Бог му одговорил: “Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
Тие се само нејзини и ги користи кога и да и затребаат.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што живее љубовта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stance and Luckky

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Те сакам.
Затоа што ме цитираше :D

Ако на жена и дадеш прст ќе ти земе цела рака.Или нема да и дадам власт и сите ќе бидеме среќни и задоволни или пак ќе и ја дадам цела власт па ќе бидам папучар.
Неможе да биде подеднакво.И да биде, жената секогаш ќе се стреми да ја добие и останата сиромашна половинка од мажот.
Разберете го машкото его.
Ако јас и ти бидеме маж и жена и доколку јас сум одговорен за се’ што треба тоа не значи дека ќе бидам диктатор и дека ќе јадеш леб и сол.Тоа замисли си го како една обврска помалку.Тоа време кое мажот ќе го користи за планирање финансии, плаќање сметки и слично ти искористи го за да се дотераш поубаво и да го изненадиш вечерта.
Погледнете и на таа карта малку :)
две-три прашања за тебе, додека си вака засилен :)
каков си кога ќе настинеш? температура, главоболки, затнат нос?
како би се снашол во ситуација кога ќе треба да го носиш детето на лекар, а тоа малечко, па ти речат дека треба инфузија да прими и мораш да го легниш на кревет, да му го држиш рачето или па главчето, оти на мали деца инфузија во главче им се става, а тоа вриши и се дере, па прска вена, па мора да го боцкаат од ново?
или па ноќе се плаши да заспива само, се плаши од темница и плаче, а ти не знаеш како да го смириш и како да му објасниш дека нема од што да се плаши?
онака ме интересира колку би бил стабилен и присебен во такви или слични ситуации
колку ќе ти биде тогаш машкото его високо?
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина

Види изрекава кој за што - курвата за чесност, глупавиот за мудрец, лихварот за добротвор, а мажот за пари е точна, бидејќи теоретски мажите би ги пуштиле да бидат способни, да водат финансии односно да располагаат со пари, зашто се глава на семејство, а таа прва практично се сече.

Од друга страна живееме во општество каде мажот со одговорна функција, како нотар, адвокат, судија, газда, секогаш муабетот се сведува на: жена на адвокатот, жена на газдата, жена на премиерот итн. Многу ретко или никогаш нема да речат докторка на адвокатот.
За сметка на тоа ако жената е пообразована од мажот а тој е копач, молер или шофер,тогаш муабетот нема да биде мажот на докторката, туку ќе биде жената на копачот, жената на молерот или жената на шоферот.
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
две-три прашања за тебе, додека си вака засилен :)
каков си кога ќе настинеш? температура, главоболки, затнат нос?
како би се снашол во ситуација кога ќе треба да го носиш детето на лекар, а тоа малечко, па ти речат дека треба инфузија да прими и мораш да го легниш на кревет, да му го држиш рачето или па главчето, оти на мали деца инфузија во главче им се става, а тоа вриши и се дере, па прска вена, па мора да го боцкаат од ново?
или па ноќе се плаши да заспива само, се плаши од темница и плаче, а ти не знаеш како да го смириш и како да му објасниш дека нема од што да се плаши?
онака ме интересира колку би бил стабилен и присебен во такви или слични ситуации
колку ќе ти биде тогаш машкото его високо?

Полошо е ова во комбинација со кариера на жена и одговорна фунција која почнува секое утро во 7 часот и не признава температури и болести на деца.

Ако е толку мајчин и способен да се носи со цела куќа и покуќнина и направи сите да се задоволни, нека заработува тродупло, немам никаков проблем. Само за жал најчесто е вака пред да стапнат во брак. Кога ќе се потпишат, магично исчезнува неговата способност и почнува од твоја плата да влече 1000ки.:)