Ода на Романтиката во една зима по Транзицијата

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година...
Ех, зима.
Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето.
Ме потсетува на љубов и романтика.
Романтика ми фали...некогаш.
Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата.
Како и да е...констатацијата беше глобална.
Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место.
Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми.
Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж...
Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност.
Сега таквите приказни се знаат од почеток.
Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека?
Таа: Ух...Колку си сладок.
Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене.
Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб).
Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила.
Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор.
Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични.
Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни.
Мора да е до транзицијата.
Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика.
Ова излагање е само пуста носталгија.
А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља.
Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство.
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
прекрасно напишано, така си е некој и работи научивме брзо да ги конзумираме без целсосно да се впуштиме во нив.


Љубовта е како вредна пчела: од секаде собира добро и го полага во душата на саканиот. Таа ја менува и самата суштина на работите, ги носи со себе сите блага. Љубовта е понежна од секоја мајка, подарежлива од секоја царица, тешкото го прави полесно и удобно, добродетелта ја прави привлечна, а порокот одвратен.
Cв.Јован Златоуст
Извор:www.bigorski.org.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Зима е, зимовина, грчовита ладовина, помалку снеговина но сепак ново поглавје и Нова година...
Ех, зима.
Ја љубам. Ја обожувам со сите нејзини мириси, студени допири, пустелии од улици, магловити светлини од уличните светилки, мене на некој чуден начин ми го грее срцето.
Ме потсетува на љубов и романтика.
Романтика ми фали...некогаш.
Не мене и на мојата врска, сполај му, мојот господин Либенце знае, вешто, мудро и лукаво да го допре моето срце со неговата специфична романтика.Да ме разгалува..доволно, колку да не станеме две тинејџерчиња со извитоперен бебешки јазик кои си гугукаат и им ги креваат цревата на сите присутни во собата.
Како и да е...констатацијата беше глобална.
Фали бре романтика, фали онаа правата романтика, нешто повеќе од литите фејсбук коментари, исрпувачките навидум љубовно идилични муабети на мсн...фали она што се случува на реално место.
Кога бев мала уживав во расказите на баба ми, кои беа најверојатно малку напрскани со пекмез арома, ама како и да е, идеа неверојатно добро со топли костени и плеталото на баба ми.
Писмата, андолираните фризури, намигнувањата на дедо ми Боро, и нивниот прв бакнеж...
Со каква сласт, со каква доза на умереност е раскажувана таа приказна. Приказна во која има очекувања, неизвесност.
Сега таквите приказни се знаат од почеток.
Тој: Здраво, ти кажал некој дека имаш најсекси газе во цела дискотека?
Таа: Ух...Колку си сладок.
Тој: Овде е гужва, да идеме кај мене.
Следната сцена е веќе позната. Толку ти е романтиката, три реплики и се раѓа љубов која трае и траееее....до следното утро. Подоцна во главно следуваат плачки, кукања, стотици смс, и мал милион песни со одмазничка содржина на ѕид (ако воопшто успеат да си разменат фб).
Не осудувам, не сакам да звучи така. Животот не сум му го подарила никому за да бидам создавач на животни правила.
Само пусто е бре некако, веќе видено и проживеано е...фали онаа трошка на старска убавина шо би се рекло. Сите си дозволивме да не понесе налудничавиот тек на развивање на светот и се во него, или барем тоа ни е најдобар изговор.
Некогаш ми се чини дека заборавивме да бидеме само обични.
Без сите исфорсирани начини да докажеме колку сме оригинални, без сите напори да бидеме модерни и општо прифатени...едноставно, да бидеме едноставни.
Мора да е до транзицијата.
Во времето на другарот Тито немало само гага прошетки низ бившата ни голема југословенска татковина, ами имало и љубов зачинета со романтика.
Ова излагање е само пуста носталгија.
А, за љубовта и нејзиното конзумирање нема дефиниции, нека биде ко што е воља.
Чин чин фор дет...зимата ме потсети, проклетство.
се нема време денес за романтика
да се биде современа модерна и фатална жена не е мала работа :D
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
точно !
и не е дека ги осудувам другите, но ако кажеш на девојче дека има најсекси задник и таа тоа го смета за слатко, тогаш тоа девојче е очајно за внимание а и како нема да биде .. почнува да излегува на 14 години во кратки фустани и штикли високи 15 см, оди во дискотеки и кога некој ќе ја погледне во градите или задникот го смета за манјак.. не е логично нели? ако се носиш кратко и вулгарно очекувај и другите да се однесуваат со тебе така...
не е тоа како што беше порано.. фали дружбата..
денес е само фб и лигави коментари.. ги нема јавувањата, писмата.. се е некако површно.. ќе ставиш лајк (или ќе ти стават) и сметаш дека си си го освоила светот.. генерациите што идат незнаат да ценат ништо, некако затупавеуват.. животот го живеат набрзина, сакаат да пораснат порано...
лошо, ногу лошо
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Љубовни писменца, зборови кои скокоткаат, магија во воздухот.. Nevermore?