Облека за домашни миленичиња

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Облеката за миленици зафаќа се поголем замав на популарност. Скоро секое куче со мал раст е облечено.
„Најдотерани“ се Чивавите, Пинчерите, Пудлите, Малтезерите и останатите кучиња слични ним...
Некои луѓе кои имаат кратковлакнесто куче го облекуваат во зимскиот период за да го заштитат од студот, но има и такви кои го облекуваат секогаш за да е дотерано, модерно или облечено во тон со газдата.

Што мислите вие за ова облекување на милениците?
Дали сте против или за?
Дали, кога би имале куче за кое има облека, би го облекувале и од кои причини би го правеле тоа?
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Поддржувам донекаде облекување на животинки кои имаат ептен кратко влакно и тоа исклучиво ако ги носат надвор по ладно време, инаку не. Но кога ќе видам пудла облечена ми се гади од човекот што ја чува, тоа е тотално изживување врз животинчето! Јас мојот персиски мачор го облекував за да не си прави рани по грбот бидејќи се гризеше и имав грижа на совеста секој пат кога ќе го погледнев таков облечен. Мразам и кога ќе видам мачиња да ги стрижат, пред некое време гледав на јутуб како една го стриже мачето персиско, ми идеше да отворам акаунт и да ја пцујам до 101 и назад. Персиско маче е створено за да биде со долги влакна, тоа е и негова одлика, тоа еона што го прави посебно! Мразам секакво изживување врз домашните миленици. Јас мразам и гости кога ќе ми дојдат да го задеваат мачорот, затоа што јас сум спремна за него и душава да ја дадам, а некој сака да се прави интересен и да му мава заушки на мачето. Тоа - неможе. Луѓето што на било каков начин се изживуваат врз милениците нека се преиспитаат сами себе дали созреале за да чуваат и да го земаат на душа!
:stomp
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Убаво е само некое скромно „блузиче“ да му се стави, а тие што му облекуваат џемперчиња, сукњички, папучи...претерано е :)
Еве моето куче вакво има:
XA3Kl.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
донекаде подржувам...ама има луѓе шо стварно претеруваат...мислат дека тоа им е бебе и уште пелени да им аканат ... и тоа нема да ме зачуди...
пример јас сакав да земам зимава едно пинк блузонче за моето Бубе ама многу беше шизичко....и ќе го носеше само на шетање...зашо беше мн ладно...
до сеа ја неам облечено у нешто...убава си е она така целата бела :) природна убавина :)
 

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
Јас моето си го облекувам
Премногу сум приврзана за неа беше многу болничка одвај ја спасив
Сега пред некое време имаше тумор на дојка и гној во матка и повторно ја спасивме ветеринаров се шекна од нас,но едноставно неможам без неа и затоа е толку разгалена