Нумерологија

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Уште во дамнешни времиња, луѓето верувале во мистичната моќ на броевите и ја поврзувале со случувања, суштества и предмети. Многу древни математичари, меѓу кои и Питагора, верувале и се занимавале со нумерологија, првенствено од математичка гледна точка, но подоцна истата била оддвоена од научните гранки и сместена во окултизмот. Со моќта на броевите се поврзани голем број суеверија, а неретко нумерологијата се поврзува и со натприродното и спиритуалното.

Ви се случува некогаш на часовникот да видите исти бројки на пр 23:23, 23:32, 14:41, 15:15, и тоа не еднаш, туку повеќе пати како да ме прогонуваат исти бројки - или своите години 23:32, 22:32, 00:32 или пак годините на саканата личност 20:23 -пр. 20 твои, 23 нејзини.
Дали и на некој друг му се случува истово? Сте слушнале ли нешто? Знаете ли нешто?
Верувате ли дека имаат некоја поврзаност со случувањата во животот или сето тоа е само коинциденција?
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
леле жими се во денот мора да видам 20:02 едноставно морам..и незнам шo значи а многу сакам да знам иако не е цагер..:ladno
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За овој случај, многупати е спомнат филмот „Бројот 23“ со Џим Кери, кој е типичен пример за тоа како една личност, доколку се опседне со помислата дека некој број е од клучно значење за нејзиното битие, го бара истиот насекаде и се обидува да открие што тој би можел да значи. Тука можеме да ги сместиме и теориите за Тоше и бројот 26, тука е и Тупак и неговата наводна поврзаност со бројот 7...листата може да оди до бесконечност.
Доволно е некој број 2-3 пати да се вклопи со одредени настани, за потоа да почнеме со разноразни симболики, собирања, одземања, множења, делења и равенки, додека не стигнеме до бараниот (саканиот) број.

Ако веќе зборуваме за такво „прогонување“, што знам, мене повеќе ме влече кон тоа дека е коинциденција. Да не го заборавиме фактот дека постојано сме опкружени со броеви и дека сè околу нас е математика, а останатото е психа. Доколку во одреден дел од денот ми се случило неколку пати да „фатам“ некој број, автоматски ќе се навикнам истото да го правам секој ден во тој период, што повеќе личи ко ние да го прогонуваме тој број, а не тој нас.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Отсекогаш низ животот ми се појавувале бројките 20 и 11.
На 20ти сум родена, 20 ни е бројот на адресата, 20 бев број во дневник, најдолгата врска ми започна на 20ти Ноември..
А со 11 ме поврзуваат убави моменти и луѓе што многу ми значеле биле и се родени на 11ти.
И на 11ти ми се случиле многу убави работи и секогаш кога е 11ти во месецот, нешто убаво ми се случува.
И го сакам бројов.

Сум го размислувала и ова порано, ама сега се потсетив зошто брзо запознав личност со која ептен се зближив и тоа што е родена на 11ти, ме донесе тука :D
Знам дека е коинциденција, и да барам ќе најдам уште милион 11ки и 20ки, ама ете сум ги заприметила бројкиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
За бројкиве 20:02, 13:31, 20:20, 13:13 и така натака знам дека кога ќе ги видиш некој те мисли сега колку е точно тоа немам појма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
За броикиве 20:02, 13:31, 20:20, 13:13 и така натака знам дека кога ќе ги видиш некој те мисли сега колку е точно тоа немам појма.

прв пат добивам одговор на прашањето шо го барам веќе 2 години..20:02 е време кое мора да го видам..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
  • 8 - роден сум на осми
  • живеам во куќа број 8
  • Омилениот фудбалер ми е со број 8
  • Бројот на работник ми почнува на 8
  • ...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
  • 8 - роден сум на осми
  • живеам во куќа број 8
  • Омилениот фудбалер ми е со број 8
  • Бројот на работник ми почнува на 8
  • ...
Мене тој број ми е баксуз :)
Еве нешто за нумерологијата, да не го копирам од еден на друг сајт еве линк до текстот.
Ако не ве мрзи напрајте си и видете си кој ви е животниот број, а по истата тематика би требало да се види и за судбоносниот број. Кај мене и двата испаднаа иста бројка (4) :)