1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

[Нудам] Работа - пишување статии на Англиски

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од 1337s, 27 декември 2017.

  1. 1337s

    1337s Нов член

    Зачленет на:
    27 декември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Работава не е full-time. Не е ни part-time :)

    Ми требаат артикли на рандом периоди. Има месеци кога ми требаат повеќе од 50тина артикли, има месеци кога не ми треба ни еден. Супер е за почетници, студенти, или луѓе со повеќе слободно време кога сакаат да заработат повеќе.
    Не е за фирма. Лично јас водам неколку сајтови и ми требаат луѓе за пишување.

    Претходно искуство не е задолжително.

    Неколку requirements:
    • Одличен Англиски. Ова е најбитното, не мора да знаете ништо за темата за која пишувате, но Англискиот и пишаниот стил мора да ви биде перфектен.
    • Само оригинален контент. Никако rewriting, никако spinning, сѐ што ќе напишете мора да биде оригинално. Значи не е поентата артиклот да помине рандом спининг тест со 100% резултат, туку човек да не може да процени дека артиклот е спинуван од некаде. Претходно сум имал неколку случаи кајшто ми пишувале статии и ги поминувале тестовите со 100% резултат, ама човек може да познае одма дека е спинуван од друго место ако ги спореди.
    • Само long-form content. Повеќето теми шти ќе ви бидат зададени ќе бидат општи и отворени, значи ќе можете да пишувате артикли со повеќе од 1000-2000 зборови. До сега повеќето објавени артикли ми се повеќе од 3000 зборови.
    • Најосновно познавање од on-page SEO. Не мора да имате искуство со on-page SEO, но да изгледаде рандом 2-3 минутно видео на YT за on-page SEO е доволно познавање. Ќе ви биде зададена темата, keywords и неколку guidelines за како да изгледа текстот.

    Темите за кои можете да пишувате се различни. Не мора да имате искуство, претпоставувам доволно е да изгуглате 15тина минути на темата и ќе ви биде доволно за да можете да пишувате. Дел од темите кои ми требале до сега се поврзани со интернет и технологија, мода (облека, саати) и слично.

    Околу исплата:
    • Може да бидете исплатени на Payoneer или во кеш. Не би сакал да работам со македонски банки, но ако мора така не е проблем.
    • Ќе бидете платени по напишан артикл. Цената ја одредувате вие. Треба да ми ја кажете цената пред да почнете со пишување. Направете си estimate од претходно колкав би бил артиклот, колку време ви е потребно итн.

    Контактирајте ме по приватна порака ако има заинтересирани.
     
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор Член на администрација

    Најактивен член

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,342
    Допаѓања:
    1,104
    Пол:
    Машки
    До сега колку си ги плаќал оние кои пишувале?
    Инаку контактите нека бидат на темава, нека прашуваат ти одговарај им на оние што пројавиле интерес. И јас би побарал да споделиш артикли кои до сега ги имаш објавено. Чисто да се има претстава што да се пишува :))
     
  3. 1337s

    1337s Нов член

    Зачленет на:
    27 декември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Имам плаќано од $5 до $200 за артикл. Спремен сум да дадам и повеќе - но зависи од самиот артикл, експертизата, искуството, стилот на пишување и многу други фактори. Најдобро е вие да си ја кажете вашата нормална цена и колку ви вреди времето.

    Не можам да споделам јавно артикли - не е ни битно тоа, ништо не би сменило. Темите се секогаш различни. Двете најчести категории се интернет и мода.
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: