1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ноќниот живот низ Европа

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Marick14, 22 мај 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Ноќниот живот во Европа е највозбудлив во Мадрид, Брисел и Истанбул, а Белград се наоѓа на четвртото место, што го потврдува фактот дека гласините за бурниот ноќен живот во главниот град на Србија не се само празни приказни.
    И податоците во поглед на Германија се неверојатни.
    Имено, прв на листата не е главниот град Берлин, туку најактивен ноќен живот има во Келн, германски град кој што е на четвртото место според бројот на жители.
    Но, и за тоа постои објаснување. Во Келн се наоѓа најголемиот универзитетски комплекс во Германија, има многу барови, клубови и ресторани и овој град има најголема густина на ресторани по жители во споредба со било кое друго место во Германија.
    [​IMG]



    Ваше мислење за ноќниот живот низ Европа?
     
    На LMFAO, emzzy и WomanInRed им се допаѓа ова.
  2. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Само другите (освен македонците) знаат да му ја живеат.
    Сами си прават добра забава...ама онака предобра.
    А кај нас, еднаш ќе се направи добра журка и пола млади ќе завршат на токсикологија и во полиција. Секоја сабота ако нема тепачки и убиства не може да се биде...

    А баш сакам да одам во Германија и во другите места да видам баш ноќен живот каков имаат.. :/
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Конго имаат подобар ноќен живот од нас.
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Ибица маафакасс
     
  5. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    А ти даде твое мислење? ти демек си бил во Мадрид, Брисел, Истанбул, Берлин, Келн?

    Не сте биле некаде, а кажувате дека е подобро, чекај, застани малку.

    Јас можам да кажам каде сум бил, и каде сум си поминал најубаво. Поточно најмногу на Балканот...Србија, Грција, Бугарија од овие места можам да кажам дека во Србија беше најдобро, исто така сум бил и во Турција по дискотеки, но не е тоа тоа.
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Не сум бил на тие места. Но и нигде не пишува да наброите места само кај што сте биле. Значи можете да кажете најубави забави кај има низ Европа кај што сте биле, и најдобри забави низ Европа што ви се видени од Јутјуб, негде по пријатели итн....

    А ако ме прашуваш каде била најдобрата забава на која сум бил надвор од Мкд граница, тоа е Бугарија (Сончев Брег). Сум бил во Турција, Грција, Италија некои места...но не е тоа-тоа. А за вака од пријатели блиски што сум гледал видеа кај нив....Ибица и Белград би ги ставил меѓу првите во Европа.
     
  7. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    А кај е Амстердам? :)
     

Сподели: