Штип кога и да одам си поминувам најсупер. Единствено нешто е шо ме иритира се моите братучедки, ме претставуваат таму на сите девојки што ги познаваат и секогаш си го носам надимакот охриѓанецот, веќе и клише стана, навикнав. Знаеш лошо е да одиш некаде и кога влегуваш во некој објект се чуствуваш како мета појава во околината, на моменти помислуваш дека си непосакуван на моменти дека си центар пажња (недај боже да се погодиш во момент на гробна тишина, ќе препукаш од срам). Секогаш пред да одам се молам да во друштвото постои некој сеирџија да ме опушти барем за старт да го избегнам чувството на нелагодност.
Али сепак после 2-3 минутно дискутирање , некој хумористичен коментар ќе се размени па и музиката ќе си го направи своето се сплотувам со атмосферата и подобро е. За понатамошните дејствија се користи шмекот со алкохолот и добрата мисла која резултира позитивен амбиент во друштвото. Штипјаните и штипјанките се дружељубив народ по се изгледа менталната состојба им наложува желба за запознавање со ликови од друг град, тоа ги прави широкоградни во очите мои. Секогаш кога сум имал прилика да се запознам со штипани ми претставувало голема чест. До сега не сум наидел на шарлатанците можеби и затоа така мислам, сепак и не чуствувам потреба и да ги запознам.
Респект до штипјаните, ве обожавам вас и вашиот град. Вие за мене сте на второ место во ова мало парче земја Македонија.
Најлошо Куманово. Е тука постојат ликови со дивијантни особини... но ајде да не си го расипувам постот со негативни зборови ќе си преќутам.