Нов македонски филм - SuperBoy

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
SuperBoy е приказна во која едно десетгодишно дете првпат открива кој е Супермен и која е неговата моќ.

superboy-nov-makedonski-film-85677.jpg


Детската фантазија е без лимит, исто така и тврдоглавоста и инаетот за да се успее да се реализира тоа што ќе се замисли. Марио има само една желба, да биде Супермен.
„Ова сценарио го имам напишано пред неколку години, но бидејќи продуцентската тежина на филмот како и големината на буџетот, не ми 'дозволуваа' да го снимам тогаш, бев со надеж дека во иднина ќе дојде денот кога ќе можам да го снимам тоа сценарио. Денес, кога филмската технологија е подостапна и дозволува висок квалитет со минимални трошоци, а во исто време да се има и одлична екипа, тогаш се е можно", Илија Пиперкоски, режисер и сценарист на филмот:
„Сите ние, без разлика на тоа дали се декларираме како оптимисти или песимисти, веруваме во чуда, сакаме тие чуда да ни се случат. Сите ние, како мали сме имале желби да бидиме нешто кога ќе порасниме. Некој од нас сакал да биде пилот, некој каубоец, индијанец, принц, принцеза, Спајдармен, Бетмен...во мојот случај т.е во мојот најнов или, Марио сака да биде Супермен. Кога пораснавме и кога видовме дека сите тие фантазии се само приказни со поучни пораки, ние никогаш не престанавме да живееме со надеж, дека еден ден некое чудо ќе ни се случи и нас. Вербата и надежта последни умираат", додаде Пиперкоски.

superboy-nov-makedonski-film-85678.jpg


Извор: Кајгана
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Не очекувам нешто УАУ од филмов, како и повеќето досегашни мкд филмови.
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Не очекувам нешто УАУ од филмов, како и повеќето досегашни мкд филмови.
Јас сосема спротивно од тебе, очекувам премногу, баш поради досегашните македонски филмови. Се надевам дека ова ќе биде нешто интересно. :)
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Па незнам, научна фантастика ми изгледа ова, така заклучив по првата слика.
Нека биде што ќе биде.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
НЕ ЗБОРЕТЕ ЗА НЕШТО ПРЕД ВРЕМЕ! Значи интересно ми изгледа филмот, ќе видиме кога ќе излезе. :)