Нов закон за безбедност во сообраќајот

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не знам колку ќе издржи темава но не би било лошо да не се брише. :)

Веќе знаете за ретардираниот закон за студентите а и има таква тема нели, овде во оваа за друг ретардиран ќе зборуваме, закон за побезбедно возење или уште може да се нарече, закон за полнење на буџетот за да се има за споменици. Уствари уште е предлог закон ама кај и да ќе биде. :)

Добро уствари со некои казни од тој закон се сложувам, како на пример казната за возење во пијана состојба или за брзо возење.
За возење во пијана состојба казната е 400 €
А за брзо возење казната е 500 €
Овие се добри ама ако важат за сите. :)

Е сега на ред се оние другите, кои изгледа се смислени од мало дете.

1. Казна од 100€ ако имате кал на гумите од автомобилот. :eek
2. Казна 45€ ако не носите појас, а 50€ ако совозачот не носи.
3. 250€ казна ако вашето дете вози точак на коловоз а има под 10 години. :eek
4. Казна од 30€ за возење ролерки на коловоз.

Ете така, тоа се тие ретардирани казни, затоа продајте го точакот на детето или ролерките за да не плаќате казни, пешки нека оди. :)

Corruptisima re publica plurimae leges или во превод, најкорумпираната држава има најмногу закони. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Освен таа за калта казната, макар шо и таа може има некаква смисла, ама не ми текнува во моментов, другите ми се во ред. Дете помало од 10 години стварно не би требало да вози точак на коловоз, за појасите ако нема казна ретко кој има навика да ги користи, а и ролерки шо мајка бараш да возиш на коловоз?
Ретардирано е само тоа шо законот се носи пред да се направат соодветни патеки за возење. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Законот сам по себе има само задна намера - полнење на азното за дозавршување на нечии болни идеи за играње на симс сити.
Првиот со вториот болд буквално секогаш одат во тандем.
Плаќањето на ептен високи казни, откинување на неколку месеци гола егзистенција нема да го реши проблемот. Ако не сум денес јас казнет секако ти ќе бидеш или петко или станко. Мафијашкото однесување за спроведување на законите (за едните вака за другите онака) како и правилото на округла бројка на жртви која им е дадена на милицијата денес да се спроведе, создава само критична маса која жонглира од една крајност до друга.
Од друга страна кога казните ќе бидат толку чести, но мали/симболични, мислам дека би било некое подобро решение.
Прво (скоро) секој би можел да ги плати. Второ пример ако тргнеш од Континентал накај Ѓорче преку партизанска и ако на секој чекор те запира полиција, платил ти или не, до толку ќе ти се качи на глава што следниот пат секако дека ќе ставиш ремен само за да не губиш + половина саат од патот поради казните. Времето многу повеќе има цена од парите. Освен кај некои индивидуи :zelen
Трето, некои закони се толку смешни и дебилни што се гледа дека се пишани онака од тепка за финансиско „пљачкање“ на народот. Кажи ми, со високиве казни до сега што беа, дали барем малку се смени кон подобро сообраќајот низ градот, не па по автопатиштата?
 
Океј, знам дека си има законот задна намера, јбг мора од негде да се полни и тој буџетот. Не коментирам за тоа, не знам да прам таков муабет, најискрено :)

Ама реално гледано, никој не си води сметка за сопствената безбедност. Би требало да ни е навика одма кога влегуваш во кола да ставиш појас, без разлика дали возиш 50 метри или 500 километри. Оти е тоа за себе, за лична безбедност, а не е за да избегнеш казна, колкава и да била, не е за да не те гњават на секој чекор и да ти пишат ситни казни, туку е лично за тебе. Ако ти е правило веднаш по седнување во кола да се врзиш, шо ти е гајле колкава е казната? А дека ситни казни ќе помогнат повеќе, не вервам, демек ако те казнат 500 денари многу ќе се насекираш? За време губење и здосадување, ај да речиме, можеби ќе ти здосади, ама додека ти здосади пак се изложуваш на опасност. Оти опасност секогаш постои колку и да сакаме да мислиме дека само на друг може да се случи.

Исто и за деца на улица. Абе дете помало од 10 години не знај да оди пешки како шо треба и да се дочува само себе од секакви лудаци зад волан, не па да вози точак таму меѓу нив.
Искрено, ти би пуштил свое дете на точак да шета по улици? Без разлика дали има или нема казна.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И тоа не е се !
За само едно нагузување месечно ќе добиете експресна грижа за вашата безбедност!
Се што треба да направите во следните 30 минути е да зачнете трето дете!

Имаше во онаа темата `сакам да кажам` нешто и околу казна од 100 евра ако сопатниците разговарале со возачот...(smoke)

Казна од 250 евра за дете кое со точаче се вози по улица?:eek: Пошто поимот `коловоз` означува место каде се движат возила, тоа не значи само автопат, тоа значи и уличката пред вашата куќа. Дали дете смее да вози на паркинг? Сцените каде осумгодишни деца се застануваат од униформирани накази за да бидат спроведени кај родител/старател после нивно испитување и каде истиот мора да плати казна пред нивни очи се веќе дистопија каде психопатијата е толку вовлечена во законодавството што нема враќање.

Ако се земе фактот дека платата во Ск е 200 евра а надвор од Ск 150 евра не ни треба диплома од Тирана за да се каже дека некој просек, надвор од статистичките бездни на власта е 175 евра а.к.а 10.760 денари. Казна поради детско возење точак = 15.375 денари. Што значи дека родителот ќе треба едноипол месечна плата да даде за казната. А тоа значи да го лиши детето од најосновни потреби...затоа што детето се возело со точаче по улица (facepalm)

Друга интересна ствар е што постојано се наголемуваат казните во Хунзистан. Паралелно имаме се` повеќе смртни исходи на патиштата. Ако не верувате, прогуглајте. Повторно, не е потребна диплома за да извлече корелација меѓу тие две информации.

Освен таа за калта казната, макар шо и таа може има некаква смисла, ама не ми текнува во моментов,

Сериозно !?:eek:
Тоа е таа логика, среќа што не е ова Камбоџа на Пол Пот. Смртните казни за носење наочари ќе ти имаа некаква мистична логика.
Тој е мајндсетот кој овозможува тиранија.

За пијаното возење чарето е веќе најдено, само што властите никаде не го имплементираат. Пошто ги заболе нив за последиците. Ако во возилата се вградат релативно ефтини уреди = дувни = вози или дувни=не пали моторот = нема да има од кого да се собира пара за казни. Парите од казни им се поважни од животот на рајата.

http://www.dailymail.co.uk/sciencet...t-start-youre-drunk-smell-alcohol-breath.html

За сообраќајната култура и не вреди да се пишува, од зомби пешаци до ликови кои запираат коли на сред пат дури да `скокнат` и да купат весник и цигари, ликови кои не гледаат назад кога излегуваат со рикверц, луѓе кои отвараат врати на прометни улици без да гледаат дали нешто доаѓа позади, ликови кои претекнуваат на кружен тек (facepalm)
Није кола за хунзу, аранута, цигана, торбеша, цинцара, балије и четника...
 
Не дека си во право, ама...
Од каде би се почнало? Од џебот на граѓанинот или од времето кое го располага?
За да спроведеш нешто како менталитет, треба да го удриш онаму каде што најмногу го погодува но може да го издржи ударот.
Со плаќање на цех минимум од 1500 денари а плата од 8-10 000 нема да го натераш да смени нешто, затоа што во моментот тој човек во џебот и нема 1500 денари - или му се во банка, или под перница.
Ете и емпириски докажано, ништо буквално не е сменето. Казните врштат дури од месец во месец еволуираат во цена, а сепак и сообраќајките се во пораст правопропорционално со казните.
Примерот со детето е само изговор. Ако не, нека седи дома, нека не се социјализира воопшто. Знаеш како има во западните земји правило на правење на парк? Ќе направат зелена површина и ќе остават една сезона да се изгази онами каде на луѓето им е најпогодно за кратење на пат. После тоа откако тревата ќе израсне, асфалтираат, ставаат огради и означуваат што смее а што не смее да се гази.
Во нашава земја до ден денешен не се знае што е патека за пешаци, што за велосипеди, зелена површина, тротоар, пешачки, едносмерна/двосмерна улица, автобуска, итн. Се` е еден вид на бучкуруш а од тоа се вадат казни од европски калибар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
И тоа не е се !
За само едно нагузување месечно ќе добиете експресна грижа за вашата безбедност!
Се што треба да направите во следните 30 минути е да зачнете трето дете!

Имаше во онаа темата `сакам да кажам` нешто и околу казна од 100 евра ако сопатниците разговарале со возачот...(smoke)

Казна од 250 евра за дете кое со точаче се вози по улица?:eek: Пошто поимот `коловоз` означува место каде се движат возила, тоа не значи само автопат, тоа значи и уличката пред вашата куќа. Дали дете смее да вози на паркинг? Сцените каде осумгодишни деца се застануваат од униформирани накази за да бидат спроведени кај родител/старател после нивно испитување и каде истиот мора да плати казна пред нивни очи се веќе дистопија каде психопатијата е толку вовлечена во законодавството што нема враќање.

Ако се земе фактот дека платата во Ск е 200 евра а надвор од Ск 150 евра не ни треба диплома од Тирана за да се каже дека некој просек, надвор од статистичките бездни на власта е 175 евра а.к.а 10.760 денари. Казна поради детско возење точак = 15.375 денари. Што значи дека родителот ќе треба едноипол месечна плата да даде за казната. А тоа значи да го лиши детето од најосновни потреби...затоа што детето се возело со точаче по улица (facepalm)

Друга интересна ствар е што постојано се наголемуваат казните во Хунзистан. Паралелно имаме се` повеќе смртни исходи на патиштата. Ако не верувате, прогуглајте. Повторно, не е потребна диплома за да извлече корелација меѓу тие две информации.

Сериозно !?:eek:
Тоа е таа логика, среќа што не е ова Камбоџа на Пол Пот. Смртните казни за носење наочари ќе ти имаа некаква мистична логика.
Тој е мајндсетот кој овозможува тиранија.

За пијаното возење чарето е веќе најдено, само што властите никаде не го имплементираат. Пошто ги заболе нив за последиците. Ако во возилата се вградат релативно ефтини уреди = дувни = вози или дувни=не пали моторот = нема да има од кого да се собира пара за казни. Парите од казни им се поважни од животот на рајата.

http://www.dailymail.co.uk/sciencet...t-start-youre-drunk-smell-alcohol-breath.html

За сообраќајната култура и не вреди да се пишува, од зомби пешаци до ликови кои запираат коли на сред пат дури да `скокнат` и да купат весник и цигари, ликови кои не гледаат назад кога излегуваат со рикверц, луѓе кои отвараат врати на прометни улици без да гледаат дали нешто доаѓа позади, ликови кои претекнуваат на кружен тек (facepalm)
Није кола за хунзу, аранута, цигана, торбеша, цинцара, балије и четника...

Стварно? И после ова треба да продолжам да читам? In another lifetime maybe.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стварно? И после ова треба да продолжам да читам? In another lifetime maybe.

Не читај, продолжи да бараш логика во казнување со повеќе од пола месечна плата поради кал на гумите...и со среќа...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://www.telegraph.co.uk/news/uknews/1533248/Is-this-the-end-of-the-road-for-traffic-lights.html
http://www.reuters.com/article/2007/09/11/us-germany-traffic-odd-idUSGOR14512420070911

Некои експерименти со кои драматично се намалил бројот на несреќи, прво во Холандија а онда во Немачка.
И секако, коментар на немачкиот бирократ :

"Just because it worked in the Netherlands doesn't mean it will work here," said Werner Koeppe, a road specialist at Berlin's Technical Traffic Institute.

...бикоз бирократскиот анус се стега при помислата дека ќе престане да паразитира на туѓа сметка...
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Освен таа за калта казната, макар шо и таа може има некаква смисла, ама не ми текнува во моментов, другите ми се во ред. Дете помало од 10 години стварно не би требало да вози точак на коловоз, за појасите ако нема казна ретко кој има навика да ги користи, а и ролерки шо мајка бараш да возиш на коловоз?
Ретардирано е само тоа шо законот се носи пред да се направат соодветни патеки за возење. :D
Оди кажи му на некое дете од 7 години да не вози точак на улица да видам дали ќе те послуша. Кај да возат ако не таму? По дома ли. :)
Тоа за појасот е чиста глупост според мене, на мој ризик не ставам појас што им е гајле нив дали сум ставил или не, па и уште казни да им плаќам. Сега на секоја улица ќе стават полиција се додека не соберат пари за нов споменик. Единствено добро е казната за брзо возење затоа што има секакви лудаци, јас дури и поголема казна би ставил.