Новороденче и неговата душа

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Благодарение на Алф, Абрахас и Хептаграм, почна да ме интересира религијата, па така гуглајќи по разни содржини за да најдам и некако разберам што овие тројца членови кои ги почитувам сакаат да кажат, најдов интересно прашање кое сега ќе го поставам.
"Знаеме"каде оди душата на праведните и неправедните, но дали знаете од каде доаѓа душата на новороденчињата??
Прочитав интересно гледање на развојот на фетусот...секоја недела кај фетусот се развива по едно ребро, така иде прво, второ, трето, четврто, во петтата недела има застој и тогаш се формираат полови органи за да после продолжи развојот во петто ребро итд.
Верското верување во овој развој на фетусот е дека Ева била направена од петтото ребро, дека Исус бил прободен со копје под петтото ребро идр.
Знае ли некој да одговори на ова прашање кое ми е баш интересно!???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Појма немам за кое верско убедување зборуваш. За Хиндуистичко? Исламско, будистичко......
Кога сме веќе кај ребрата има еден добар виц.
Адам една вечер се враќа дома касно.
Ева го подбрала “па кај си ти досега, сигурно ме изневеруваш со некоја“
Адам и вели “аман мори со кого да те изневењрувам, па единствена жена си на светов“. И добро се смирила Ева некако и си легнале да спијат. Се буди во ниедно време Адам, Ева го скокотка. И вели Адам “Шо праиш мори“ а ева му одговара “спиј си ти само ти ги пребребројувам ребрата“. :rofl
 
Теодос

Нов член
5 октомври 2015
3
2
3
33
До околу 10 недела од бременост плодот се смета за ембрион (додека се започнат да се развиваат сите базични органи), а останатиот дел од бременоста за фетус ((релативно)напреден развиток на органите).
Православно христијанската религија, верува дека животот започнува од самото зачнување (кога сперматозоидот се спојува со јајцеклетката), што значи дека душата е присутна уште од самиот почеток, бидејќи одлика на луѓето е имањето на душа. Католичките и протестантските гледишта за почеток на живот варираат според локација и етнички групи.
Така да христијанската религија е неодлучна во тоа дали ембрионите и фетусите имаат недифинирани, нематеријални, незабележливи, примитивно "конструирани" концепти за неприродни ентитети (веројатно ентитет, нема конкретна дефиниција), кои го оделуваат човекот од другите животни.
Не сум доволно запознаен со другите монотеистички религии, но сигурен сум дека не паѓаат далеку од ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Во библијата мислам дека има пишано -се што е живо има душа.
Исто интересно е каде што Бог вели -знам кој си уште пред зачнување(вероватно од ова произлегува дека истурањето сперма било грев)
Во утробата на мајката, бебето појавува знаци од четвртиот месец, се некако се врти пред бројот пет.
Немам најдено одговор на ова прашање, ај ке прогуглам малку или некој теолог да најдам да го прашам:)

Појма немам за кое верско убедување зборуваш. За Хиндуистичко? Исламско, будистичко......
Кога сме веќе кај ребрата има еден добар виц.
Адам една вечер се враќа дома касно.
Ева го подбрала “па кај си ти досега, сигурно ме изневеруваш со некоја“
Адам и вели “аман мори со кого да те изневењрувам, па единствена жена си на светов“. И добро се смирила Ева некако и си легнале да спијат. Се буди во ниедно време Адам, Ева го скокотка. И вели Адам “Шо праиш мори“ а ева му одговара “спиј си ти само ти ги пребребројувам ребрата“. :rofl
Ајде ти како познавач на Џаинизмот, објасни ми како се раѓа душата и кога се раѓа??
 
Последна промена од модератор:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Благодарение на Алф, Абрахас и Хептаграм, почна да ме интересира религијата, па така гуглајќи по разни содржини за да најдам и некако разберам што овие тројца членови кои ги почитувам сакаат да кажат, најдов интересно прашање кое сега ќе го поставам.
"Знаеме"каде оди душата на праведните и неправедните, но дали знаете од каде доаѓа душата на новороденчињата??
Душата доаѓа од онаму каде што не постојат праведното и неправедното, машкото и женското, живото и мртвото, бидејќи сите тие се причината поради која таа доаѓа во овој свет, а не особина со која доаѓа. Причина која воедно е и цел што треба да се надмине а не да се достигне.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Душата доаѓа од онаму каде што не постојат праведното и неправедното, машкото и женското, живото и мртвото, бидејќи сите тие се причината поради која таа доаѓа во овој свет, а не особина со која доаѓа.
Ууууууууффффф..ништо не разбрав...чекај вака, ај полека...вие телемитите се нарекувате звезди, секој човек е посебна звезда....епа како го викате бебето во утробата на мајката,ѕвезда во ѕвезда??Зарем вие не се размножувате??Велиш дека душата доаѓа од таму каде што нема праведно и неправедно, па што ќе ти е тогаш слободна воља кога немаш можности за избори??
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Ууууууууффффф..ништо не разбрав...чекај вака, ај полека...вие телемитите се нарекувате звезди, секој човек е посебна звезда....епа како го викате бебето во утробата на мајката,ѕвезда во ѕвезда??Зарем вие не се размножувате??Велиш дека душата доаѓа од таму каде што нема праведно и неправедно, па што ќе ти е тогаш слободна воља кога немаш можности за избори??
Светлината која ти ја познаваш, не е истата која зрачи од овие ѕвезди, таа светлина е материјалот од која е составена душата. Инаку да, ѕвездите создаваат други ѕвезди, дури и во материјалната - буквална смисла на зборот, нашето сонце во себе ги содржи истите елементи што ги има и во земјата. За да постои јаглерод, калциум, кислорор, железо....итн, итн, потребни биле ѕвезди што ги ,,исковале" тие елементи и од нив го создале нашево сонце. ;)

Велиш дека душата доаѓа од таму каде што нема праведно и неправедно, па што ќе ти е тогаш слободна воља кога немаш можности за избори??
Светот што ти го перцепираш со твоите 5 сетила е свет на дуалноста, а тој е секундарен во однос на апсолутната реалност или примарната состојба на постоење. Душата токму поради можноста да се избере, се инкарнира во светот на дуалноста за да ги искуси сите состојби што во примарната состојба не постојат, бидејќи таа примарна состојба е состојба каде сите спротивности се асимилирани во унитарност.
 
Последна промена од модератор:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Светлината која ти ја познаваш, не е истата која зрачи од овие ѕвезди, таа светлина е материјалот од која е составена душата. Инаку да, ѕвездите создаваат други ѕвезди, дури и во материјалната - буквална смисла на зборот, нашето сонце во себе ги содржи истите елементи што ги има и во земјата. За да постои јаглерод, калциум, кислорор, железо....итн, итн, потребни биле ѕвезди што ги ,,исковале" тие елементи и од нив го создале нашево сонце. ;)
:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Благодарение на Алф, Абрахас и Хептаграм, почна да ме интересира религијата, па така гуглајќи по разни содржини за да најдам и некако разберам што овие тројца членови кои ги почитувам сакаат да кажат, најдов интересно прашање кое сега ќе го поставам.
"Знаеме"каде оди душата на праведните и неправедните, но дали знаете од каде доаѓа душата на новороденчињата??
Прочитав интересно гледање на развојот на фетусот...секоја недела кај фетусот се развива по едно ребро, така иде прво, второ, трето, четврто, во петтата недела има застој и тогаш се формираат полови органи за да после продолжи развојот во петто ребро итд.
Верското верување во овој развој на фетусот е дека Ева била направена од петтото ребро, дека Исус бил прободен со копје под петтото ребро идр.
Знае ли некој да одговори на ова прашање кое ми е баш интересно!???
Ако бараш одговори на вакви прашања, првин треба да се ослободиш од сопствените предрасуди, во спротивно чашата ќе прелива и нема ништо да задржи.

Првин испразни се. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
До околу 10 недела од бременост плодот се смета за ембрион (додека се започнат да се развиваат сите базични органи), а останатиот дел од бременоста за фетус ((релативно)напреден развиток на органите).
Православно христијанската религија, верува дека животот започнува од самото зачнување (кога сперматозоидот се спојува со јајцеклетката), што значи дека душата е присутна уште од самиот почеток, бидејќи одлика на луѓето е имањето на душа. Католичките и протестантските гледишта за почеток на живот варираат според локација и етнички групи.
Така да христијанската религија е неодлучна во тоа дали ембрионите и фетусите имаат недифинирани, нематеријални, незабележливи, примитивно "конструирани" концепти за неприродни ентитети (веројатно ентитет, нема конкретна дефиниција), кои го оделуваат човекот од другите животни.
Не сум доволно запознаен со другите монотеистички религии, но сигурен сум дека не паѓаат далеку од ова.

Не постои православно рисјанска религија, постои рисјанска религија каде што една од деноминациите е православље а деноминација на деноминацијата е мраќедонско православље - пошто кај таа гранка е обичај да постојат национални верски групи. Оваа верска група иначе `на земјата` ја претставуваат дебели мрсни морони кои шетаат наоколу забрадени во црни мантии и најголем контакт со духовност им е веројатно кога се во веце...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Abraxas