1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Новитети во автомобилската индустрија

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Maks, 3 март 2012.

  1. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Женева саем на автомобили кој ке се одржи од 08 до 18 Март 2012.

    Како непишано правило случувањата во Женева се секогаш најдобра илустрација за моментната состојба во автомобилската индустрија и комплетна најава за она што претстои во блиската, но и подалечната иднина.

    Над 100 премиерни изданија, светски и европски, повеќе концепти, студии и прототипи, отколку конвенционални модели, во халите на Палекспо ќе ја „прераскажат“ својата приказна и ќе ни ја упатат пораката која нам и на светот им ја испраќаат светските производители.

    Отсекогаш Женева била местото од каде силно му се испраќала порака на светот за она што го чека во блиската и подалечната иднина, но овој пат таа е многу посилна и всушност го покажува патот кон кој треба да „вози“ автомобилската индустрија за да може конечно да застане на здрави нозе.

    Над 100 концептни возила, студии прототипи кои освен дизајнерски приод кон иднината нудат многу повредни работи, на технички и технолошки план. Новите технологии, хибридни, оние на согорливи келии, водород, plug-in или комплетно електрични возила, се знак дека оваа криза може само да ги разбранува страстите, но да придонесе за нова рецесија, се чини не. Дури и најновите изданија на возила на внатрешно согорување се мошне економични и се со пониска емисија на гасови.

    Оние кои посакуваат да се насладуваат со миленичињата на четири тркала, пропратени со прекрасни убавици, нека се најдат во десетте хали на Палекспо, крај Женевското езеро, каде на 100.000 квадратни метри ќе видат над 1.200 експонати од 700 брендови на близу 270 излагачи од 30 земји во светот.

    geneva4604.jpg

    geneva4601.jpg

    geneva4602.jpg

    geneva4603.jpg
     
    На Marick14 и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  2. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
  3. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Алези АР-1 (Alessi AR-1) повторно на сцена после 30-тина години

    Пред 33 години компанијата „Алези Фибрглас“ (Аlessi Fiberglass), на саемот за автомобили во Њујорк лансирашe суперавтомобил со ознаки „AR-1“. Автомобилот ги покажуваше можностите на фибегласот, како еден од основните материјали во изработка на каросерија и шасија, и ретко кој веруваше дека ќе се појави на пазарот.

    Но, така беше во 1979 година. Денес овој модел повторно оживеа, се разбира прилагоден кон достигнувањата од втората декада на 21 век. Наместо оргиналниот V6 мотор на „Бјуик“ (Buick), вграден е 6.2-литарскиот V8 од „Корвета“ (Corvette), со 600 КС, а опционално се добива истиот агрегат во битурбо изведба и 750 КС.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

     
  4. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    [​IMG]
    Новиот Concept Style Coupe е предвесник на Mercedes CLA кој треба наскоро да се појави на пазарот. Судејќи по концептот, едвај чекаме да го видиме серискиот модел!

    Според познавачите, трансформацијата од CSC во CLA ќе биде со многу малку промени, и она што денес го гледаме како концепт е многу блиску до серискиот модел. Концептот е долг 4637 милиметри, широк 1891 милиметар, висок 1398 милиметри, а меѓуоскиното растојание изнесува 2699 милиметри.
    Под поклопецот на моторот се наоѓа дволитарски турбо-бензинец кој испорачува 208 коњски сили, а тие 208 коњски сили ги придвижуваат (навистина) големите тркала со дијаметар од 21 инч.
    [​IMG]
    Серискиот модел се очекува да се нуди со голема лепеза на мотори, и скоро сигурно ќе ги видиме сите бензински и дизел мотори кои добро ги познаваме. Моторите кои најверојатно ќе се нудат се бензинските CLA180, CLA200 и CLA250, како и дизелите CLA180 CDI, CLA200 CDI и CLA220 CDI. Бензинците нудат 120, 154 и 208 коњски сили, додека дизелите нудат 108, 134 и 168 коњски сили.
    [​IMG]
    Понатаму, ќе можеме да очекуваме и AMG верзија со импресивни 340 коњски сили, но и погон на сите четири тркала! Со нетрпение очекуваме да го видиме серискиот модел, кој барем според концептот, најавува навистина многу! Цените за CLA секако сеуште не ги знаеме, но се очекува во Германија да започнуваат од околу 28.000 евра.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Maks и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  5. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    0,9 Литри дизел на 100 Км

    На седницата на Собранието на "Volkswagen AG", која се одржа во Конгресниот центар во Хамбург, се упатија два "Volkswagen XL1" автомобили: зад воланот на едниот од нив се најде проф. д-р. Фердинанд Пих, во придружба со својата сопруга Урсула.

    На местото на возачот во другиот хај-тек "Volkswagen" автомобил, се најде професорот Мартин Винтеркорн, претседателот на "Volkswagen AG", а негов совозач беше премиерот на покраината Долна Саксонија, Дејвид Мекалистер.
    [​IMG]
    Актуелниот "Volkswagen XL1" не е некој бескорисен автомобил од светот на имагинацијата, туку трета генерација на концептот кој опасно се приближува до сериско производство: го движи "plug-in-system" кој го сочинуваат 2-цилиндрични "TDI" мотори со 48 КС и електромотор со 27 КС, потрошувачка од 0,9 литри дизел на 100 километри и минимална емисија на CO2 со само 24 грама по километар.Неговите претходници, легендарната црна цигара попозната како 1-литарскиот автомобил од 2002 година, како и "L1" од 2009 година, ги поставија основните насоки според кои "XL1" се надогради како автомобил и кој во блиска иднина ќе патува во земјите на ЕУ и "G8+5" (Во G8+5 земјите спаѓаат: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија, САД, Бразил, Кина, Индија, Мексико и Јужна Африка).
    [​IMG]
    Со денешното возење на двата еднакви модели "Volkswagen XL1", уште еднаш се потврди остварливоста на идејата за 1-литарскиот автомобил, како и лидерската позиција на "Volkswagen" во светот на технологијата.
     
    На Legioner му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    [​IMG]
    Shadow Walker е името на новиот проект на SR Auto Group во кој главна улога има BMW 650i!
    Се работи за еден одлично сработен проект на SR, иако името всушност потсеќа на некој ефтин хорор филм од 80-те. Црната мат боја прекрасно се вклопува со линиите на автомобилот, а големите 20-инчни бандажи само го надополнуваат изгледот. Моделот на тркалата кои се избрани за овој проект е Niche од производителот MHT.
    Shadow Walker му дава доза на агресивност на веќе агресивниот BMW 6. Да погледнеме како тој пакет изгледа!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    Opel Enigma е уствари нова Calibra?

    Дали и вие сте еден од оние кои мечтаат по времињата кога моделите на Опел како Астра и Калибра владееја на пазарите на спортските автомобили? Самиот Oпел сака да ја оживее легендарната Калибра иако поради економската криза се светлосни години далеку од било каква службена премиера.
    Opel Enigma

    Но, тоа не значи дека не можеме да си замислеме како би изгледало новото спотрско купе со ознака Oпел. Во оваа приказна се вклопува и дизајнерот Дејвид Кардосо кој го направил овој интересен концепт на купето и го именувал Opel Enigma.
    [​IMG]
    Opel Enigma е замислен како спортско купе со четири седишта. Темелен на платформата Chevrolet Camara, овој концепт може да се смета како модерен наследник на Calibrа.
    Задниот дел на автомобилот е инспириран од Insignia, додека страничните површини на предниот крај носат дизајнерски траги од Astra GTC и Flextreme концептот, вели Дејвид Кардосо.
    Ова GT купе може да го користи 4x4 погонот на Opel како и моторите од ОРС линијата. Овде се мисли на добар 2.8 литарски 6-цилиндарски турбо мотор кој доставува 324 КС и 435 Nm.
    Убаво би било доколку повторно видеме спортско купе од Opel.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Новина од Шкода

    На пролет 2014 година излегува третата генерација на моделот „Фабиа“ (Fabia) од Шкода.
    Бидејќи ке биде поставена на новата MQB платформа, можеме да очекуваме поголемо меѓуоскино растојание и поголем багажник - дури 350 литри.
    skoda-fabia-2014-1.jpg

    skoda-fabia-2014-2.jpg
    Новата „Фабиа“ ќе има многу подинамичен и поатрактивен изглед од актуелниот модел, кој е со тесна, а висока каросерија. „Фабиа“ превзема некои елементи од моделот „Рапид“ (Rapid), како што се издолжените светлосни единици, Ц-столбот е помасивен, а задните врати се протегаат длабоко во него.

    Ќе биде придвижувана од нови мотори, како што е модернизираниот трицилиндричен турбодизел од 1,2 литри, со потрошувачка од само три литри дизел гориво на 100 минати километри.
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Ford Evos Concept

    fordevosconcept20111280 (1).jpg fordevosconcept20111280 (2).jpg fordevosconcept20111280 (3).jpg fordevosconcept20111280 (4).jpg fordevosconcept20111280.jpg

    Постирајте слики од нови модели на автомобили. И секако, напишете која кола е.
     
    На Dee Dee, parvati и Maks им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    SsangYong Actyon Sports

    32256_say_act_12_sports_1_big__xl.jpg 32256_say_act_12_sports_2_big__xl.jpg 32256_say_act_12_sports_3_big__xl.jpg 32256_say_act_12_sports_4_big__xl.jpg
     
    На Dee Dee и Maks им се допаѓа ова.

Сподели: