Новиот спот на Џеј Ло: Секси или претерано?

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Што мислите за новиот спот на Џеј Ло? Малку претера или ја фаќа средовечна криза? Сите знаеме дека има супер задник, ама и дека веќе ја ситни 5-тата деценија, па колку и да е секси, ова некако се чини too much! Некако слабо природен сексапил. Повеќе работа завршува камерата, отколку таа. А многу посекси и подобри и’ беа спотовите и настапите каде што танцуваше на латино. Дури и коментарите од нејзини обожаватели веќе не се со најпофални зборови. Изгледа почнува да се плаши од конкуренцијата на Кардашијан. Има шанси да и‘ го земе приматот на најдобар задник?
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Спотот како спот си е супер,и таа без разлика на своите години сака да биде во тренд со другите што ја опкржуваат,и не смее да застане таму кај што почнала оти Кардашијан ќе ја помине со 100 на час,па затоа мора да покажува се што има на себе (вредно) а песната и не е нешто посебно убава.А задникот како највреден дел од нејзиното тело и вреден 27 милиони(осигурање) вистина не е за потценување,барем за возраста како мене,од второто полувреме од животот:):)позз.
 

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
Чиста порнографија , незнам како може да ги гледате при толку фри порно страници на нет. Или анаконда на ники минаџ .Овие се инспирација за новите бугарски пејачки .
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Некако очајно. Кога ќе ја погледнете пред 20 години на првиот спот за If U Had My Love, и сега, тогаш е далеку поатрактивна иако не е гола како сега. Да, свака част со мрежастите хулахопки се просветлија сите, со магичниот Фотошоп исто така - само малку вкус да имаше. Не е секогаш откриеното секси. Еве само за потсетување на некогашната млада Џеј Ло
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ги разбирам некои си рапери на чии спотовите главното внимание се свртува кон разголените девојки што тресат газиња, се’ со цел да се стане звезда или да се привлече внимание...
Ама Џенифер Лопез на 40 години да го тресе газот ( кој некако ми се виде дебел) не можам да ја разберам...
Едноставно не и требаше ова. Ни песната ни спотот.
Ако ништо друго таа е на едно повисоко ниво на кариерата,докажана како ѕвезда и како пејачка, па не мора да зема се’ што ќе и’ се понуди. Комотно може да бира за да си го одржи тоа ниво.
Самата по себе е доволно секси, не мораше да ни го напрчи газот пред камера за да видиме дека е секси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991