Мене рекламиве ми се баш интересни, реални, и редно беше да си пукнеме сеир на наша сметка.
Не се само Охриѓани или било кој, сите сме такви. Се види ли дека си од друг град, готово, спремај се за се’ наведено во рекламиве. Па и во сопствен град се исти. Секаде имаме и алфа, мачо мужјаци што се бутаат оти си им зазел територија која тие први ја подмочнале, и тапа келнери со брзина на умрен полжав, и пазарџии што трупаат се’ што дофатат, и таксисти што те вртат низ пола град ко демек на пократката улица нешто се дешавало, и луѓе на кои им седиш под кирија и плаќаш за се’, а пак те анализираат под лупа. Тие сме, нема што да се срамиме дека светот ќе не види ко такви.
Кај нас сеуште раководат генерациите на Титови пионири, за кои ваквите појави се сосема нормални. Менталитетот ни е тој.