1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Marick14, 8 август 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    По птичјиот и свинскиот грип, американските научници предупредуваат за уште една опасност, односно вирусот H3N8 или фокин грип кој може да биде следната вирусна опасност. Фокиниот грип е изолиран сој на вирус кој го пренесуваат фоките.

    [​IMG]

    Податоците се аларманти предупредуваат научниците кои наишле на 162 мртви фоки на еден брег. Биле направени лабораториски анализи на 5 фоки и сите биле инфицирани од новиот тип на вирус H3N8.

    Сеуште не е потврден начинот на кој вирусот се пренесува и размножува, но се знае дека освен на фоките може да се пренесе и на други цицачи, односно се претпоставува дека може да се пренесе и на човекот. Според досегашните истражувања на научниците потврдено е дека овој вирус е способен да напаѓа специфичен протеин кој се наоѓа во човековите бели дробови.

    Научниците се сомневаат дека можно е птиците да го имаат пренесено мутираниот тип на вирусот во периодот кога владееше опасноста од птичјиот грип. Како и да е, се работи за опасен тип на вирус и комбинација која сеуште не сме ја виделе – вали д-р Ен Москона професор на Корнел- Медицинскиот колеџ во Њујорк, а воедно и шеф на истражувачката екипа.

    Има причини за загриженост, додава таа и неопходни се навремени превентивни мерки. Научниците тврдат дека со ваков тип на вирус човекот сеуште се нема сретнато и додава дека доколку не се превземе нешто можно е наскоро тој да однесе многу животи. Сепак дали ќе се повтори сценариото со птичјиот и свинскиот грип или овој пат проблемот навремено ќе биде надминат, останува да видиме.

    Што мислите вие за овој нов грип?

    Дали ќе успеат да го совладат пред да направи хаос во светот?

    Дали сте загрижени/исплашени за новиот грип?
     
  2. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Греотка фоките :(
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Абе греота ние, ако вирусот се распространи низ светот.
     
  4. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Ние некако ќе се снајдеме ;)
     
    На Elizabeth Bathory и Marick14 им се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Следен вирус, жабји вирус. Мамата нивна америчка бе, се` е тоа лабораториски вируси.
     
    На alekjov1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Чекајте сега, ваква вакцина, онаква вакцина, ова е лекот, она е лекот... Внимавајте, овде го има вирусот, онде го има вирусот. Пазете со ова, пазете со она...
    Се е ова ветар на магла. Као демек порано не се разболувале фоките и не умирале? Сега почнаа да умираат? Кај беше вирусот до сега?
    Туку ако сме реални, сега излезе од некоја американска лабараторија....
    Истата фама ќе се крене како за птичјиот и свинскиот и на крај ништо страшно нема да се деси.
     
    На parvati и Elizabeth Bathory им се допаѓа ова.
  7. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Абе па ке има вирусна опасност кт више неможев да правив паре од птичији и свински па сг од фокин ке правив.
    Прво правив вакцине па после вирус га направив.
     
  8. Angiie

    Angiie Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    506
    Допаѓања:
    640
    Птичји, свински, фокин...Кој е следен? Мечкин грип?
     
    На JaMi и Hkakashi им се допаѓа ова.
  9. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Имало сида, имало фокин грип. Гајле ми е. Ни е*ам, ни нуркам
     
    На melpomena, LadyInPink, UnFleur и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Да бе, подеднакво ист страв имам како кога на времето ми праќаа Антракс во сметката за телефон.
    Или пак кога имаше општонародна паника да не седам многу пред компјутер оти може да закачам вирус.

    Сега се чека на фенси фаците пак да си ги извадат оние лабораторискине маски и така обезбеџени да шетаат.
    р.ѕ. Ама мило фациче има фоката. :frantic
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: