1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Никогаш не вели никогаш - Абортус

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од Deviously Devilish, 31 август 2012.

  1. Saturnia

    Saturnia Нов член

    Зачленет на:
    31 август 2012
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    24
    Според мене, абортусот треба дефинитивно да стои како опција.
    И тоа само поради ситуациите кога умоболните луѓе кои шетаат по планетава решаваат да силуваат невини мали девојчиња или разните случаеви на инцести итн. Имам доста размислувано за ова и имам дојдено до една идеја: судски доказ дека детето било зачнато по пат на силување. Се останато, не оправдувам. Еве како и зошто.
    Можеби не сум доволно упатена во сите тие судски работи, право и судска организација, но зошто еден дел од правото да не се приспособи за вакви работи? Така и во најмалите градови ќе има еден посебен надлежен судија за вакви случаи кој ќе мора одлуките да ги носи во најкраток можен рок. Знам дека можностите за ова некогаш да се спроведе се премали бидејќи многу други работи не функционираат правилно во оваа наша држава, но идејата е тука.
    Зошто не оправдувам никој друг случај?
    Епа вака:
    Правото на избор го имаме сите, но на овие жртви, верувам ќе се согласите, им е одземено. Сите останати тинејџерки без разлика дали во пијана или не пијана состојба, имаат право на избор. И тоа право на избор стапува мноооогу пред да дојде јајцето на газот, народски кажано. Сите тие имаат право да легнат или нелегнат со некого. Сите тие имаат право додека безделничат на фејсбук или се нервираат што ќе облечат вечер, да отворат на интернет и да се информираат за сите сексуално преносливи болести, сите можни начини за контрацепција и заштита. А ги има многу. Кондомите се најефтина заштита. Да, имало случаи која доаѓало до пукање на кондомот. Тоа не е оправдување. Постојат пилули за контрацепција, постојат пилули за ден потоа. Постојат и гинеколози кои ги знаат овие работи многу подобро од мене.
    Овие девојки, одбрале да згрешат. Дефинитивно треба да ги сносат последиците.
     
    На Arkantos и WomanInRed им се допаѓа ова.
  2. Deviously Devilish

    Deviously Devilish Активен Член

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    72

    Пиулите за контрацепција не се пијат откако ќе пукне кондомот. Пиулите за ден потоа се пијат само еднаш годишно. Се прават грешки, се случува. Не велам дека треба да има 30.000 абортуси, како што годишно има денес, но во минатото имало повеќе. Не секој има доволно пари и за контрацепција и за кондом. Не секому му лежи добро контрацепцијата на огранизмот. Има алергични на латекс. А тие од здравствени причини? Што да прават тие? Да умрат ако забременат? А жените? Ете случајно било, но има уште седум деца други, па осмото ќе неможе да се издржува. Се иритирам кога во случај на силување абортусот не е убиство, а во сите други случаеви е. Сега е или не е? Немам ништо против тебе и не го сваќај ова лично - воопшто, одлична ти е идеата за судот, но мразам онакви ванаби светици што при толку плескање не останале бремени бидејќи им се посветило па ќе проповедаме сега. Инаку и општеството ни е такво, каде родителите молчат, а младината е недоволно образована, а на училиштата е побитна религијата отколку сексуалното образование. Земјата не ни е доволно развиена.
     
  3. Mardy Bum

    Mardy Bum Староседелец

    Зачленет на:
    25 април 2012
    Мислења:
    178
    Допаѓања:
    180
    Легализација на абортусот и ПРАВО НА ИЗБОР!
    Ако абортусот е нелегален не значи дека ќе го нема, ќе се изведува нелегално што секако е опасно.
    Повеќето што се против ќе речат: секој има право на живот! БАШ ТАКА -Ама каде е правото на живот, правото на одлука на родителите ако против своја волја го задржат детето??
    Она што најмногу е потребно е поголема информираност на младите(а и на старите) за сексуално-репродуктивното здравје а не само одрекување и живеење со децении назад во минатото, и светитци и светци кои едвај знаат како кондом да наместат ама слушнале/прочитале негде нешто и СЕ ДОДЕКА не се работи за НИВ се против, и девојките кои абортирале ги сметаат за убијци, блудници..
    Сум за абортусот затоа што моето дете сакам да биде зачнато од љубов, одгледано во хармонија и здраво-хрането а не да ми биде флеш-бек за некоја грешка или случајност.
     
    На Deviously Devilish и UnFleur им се допаѓа ова.
  4. Saturnia

    Saturnia Нов член

    Зачленет на:
    31 август 2012
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    24

    Наведов само неколку начини на контрацепција кои се побезболни и подостапни, не значи дека се само тие. Ако некоја девојка навистина сака, таа МОЖЕ да се заштити. Не го осудувам луѓето кои досега абортирале, ниту ги сметам за убијци. Но, по се ми се чини дека многу девојки си спијат на тоа уше дека што и да се случи имаат излез и алтернатива. Мене повеќе ме плашат последиците по абортусот, и не зборувам за озборувањата и кривите погледи, туку за сите оштетувања со кои може да се здобие матката па кога ќе се сака дете од љубов, да не може да се добие.. потоа можната смрт поради крварење и разните инфекции. Не гледам на абортусот како на убиство, воопшто. Само го сметам за штетен.
    И те молам објаснија твојата поента на болдираната реченица ако не е проблем. Ми се причини навредлива и упатена кон мене.
     
  5. Deviously Devilish

    Deviously Devilish Активен Член

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    72

    не беше упатена до тебе, ти потенцирав ни случајно да не се пронајдеш во текстот, бидејќи нит те знам нит те познавам, ниту критикувам нит сакам да ти судам. Онака пропратно го кажав, секогаш кажувам што ми иде на памет, пропратно беше, извини сепак ако нешто некако...
     
  6. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,604
    Допаѓања:
    5,674
    Дали сте знаеле дека последни статистики покажуваат дека во Македонија на секое родено бебе има едно абортирано бебе? Тоа се страшни цифри. Овака ако се продолжи, не само што земјата (зборувам конкретно за Македонија) ќе ни стане крвава земја, од толку многу починети прекини на животот (да не речам дека веќе е застрашувачка цифрата), плус и што ако се овака настави Македонците како народ многу бргу ќе изумраат.

    Законски е дозволено во Мак. абортусот до 10 недела, и се прави на тој начин што се земе една црпалка (како вакум) и се усисува ембрионот во матката. После тој процес, за да се осигура дека се е извадено надвор, докторот зема како една голема лажица со остри краеви и ја струга матката за да се осигура дека ништо внатре не остане.
    Во период од 10-20 недела докторите избегнуваат да го прават абортус, не само што веќе бебе е големо, туку затоа што ризикот за животот за мајка е премногу висок. Затоа, обично оставаат за после 20 недела, каде всушност го усмртуваат бебето, затим индуцираат пороѓај и жената го раѓа бебето мртво.
    Дали знаевте дека да се абортира бебето во 4 - 5месец од бременоста, бидејќи веќе е големо и не може само со вакум да се извади, мора всушност да се кршат коските на бебето и тоа да се вади во парчиња. :(
    Или друг принцип е да се преку абдомен на жена вбризга шприцот со киселина директно во срцето на бебето, тоа така се усмртува и потоа се индуцира пороѓај и детето се раѓа мртво. :x
    Или уште еден принцип е да се вади од плодова вода во која бебето се наоѓа и колку количество на плодова вода се извади, исто толку количество на солена вода се вбризгува повторно внатре во матката на жената, детето голта од таа вода и полека умира. Притом бебето добива грчеви и се мачи и полека се задавува. ;( Жената добија анестезија во текот на абортусот, а бебето ја осеќа сета болка. ;(
    Секој има право на свој избор,мегутоа секоја девојка или жена што се одлучила на тој чекор треба да биде свесна за последиците и начинот на кој се извршува тој грозоморен чин.Кога веке некој направил 'грешка'
    треба да се биде одговорен и да му се даде шанса на тоа мало суштество што нема право на избор.
    Но тоа е само мое мислење...
    [​IMG]
     
  7. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,604
    Допаѓања:
    5,674
    Како свињи во кланица: Денот кога кинеските власти брутално го убија моето неродено дете (трогателна приказна на една девојка)

    Моето име е Wujian. Јас сум родена во мало село во северна Кина. ...
    Беше пролет 2004 година, кога дознав дека сум бремена. Беше убаво да се почувствува како овој живот расте во мене: какво чудо! Во исто време, јас бев и многу исплашена бидејќи немав дозвола за бременост или дозвола за раѓање, што значи дека според кинескиот закон, на ова бебе не му беше дозволено да се роди во овој свет...
    Набргу мојот стомак почна да расте. За да го заштитам моето бебе, морав да се сокријам во една многу стара куќа во оддалечена област. Внатре воопшто немаше електрична струја ... Секој ден ме исполнуваа страв и осаменост, но се додека можев да го имам моето бебе, можев да поднесам се. ...
    По некое време владините претставници за планирање на семејството дознаа за мојата бременост. Тие направиле целосен претрес во обидот да ме уапсат, и откако не можеле да ме најдат, наместо мене го фатија татко ми. Тие го однесоа татко ми во притворниот центар и го тепаа секојдневно. На четвртиот ден по фаќањето на татко ми, еден сосед дојде и ми рече дека татко ми умира: тие ќе продолжат да го тепаат - дури и до смрт - додека не отидам во локалната болница за да ми биде направен абортусот. ...
    Многу брзо по ова, се случи најлошото: неколку владини претставници од планирање на семејството провалија во куќата каде што се криев, и без зборови ме одвлечкаа во нивното комбе.
    Штом влегов во комбето, сфатив дека и друга мајка веќе беше таму. Таа ми кажа дека е бремена со нејзиното прво бебе и дека таа има 28 години. Таа немаше дозвола за бременост или дозвола за раѓање, а беше во 7-ми месец од бременоста. Толку многу сакаше да го задржи нејзиното бебе што почна да се бори со владините службеници во комбето. Одеднаш, еден од претставниците на владата (на негови 20-ти години) ја удри по лице и таа почна да крвари од устата. По таа навреда, таа извика како лав и продолжи да се бори со претставниците на планирање на семејството.
    Еден час подоцна, комбето застана во болницата. Откако ме извлекоа надвор од комбето, видов дека таму имаше стотици бремени жени - сите беа како само свињи во кланица. Веднаш ме одвлекоа во посебна просторија и без претходен медицински преглед, една медицинска сестра ми стави интравенска инекција окситоцин. Тогаш ме ставија во просторија со други мајки.
    Собата беше полна со мајки кои штотуку поминаа низ присилен абортус. Некои мајки плачеа, некои мајки тажеа, некои мајки вриштеа, а една мајка се виткаше од неподносливи болки на подот. ...
    Ме одвлекоа во друга помала соба. Една медицинска сестра извади голема игла, долга 8 инчи за интрамускулна инјекција. ...
    Во тој момент, само јас бев мајка во собата. Почнав да ја преколнувам медицинска сестра, плачејки,

    Јас веќе добив инекција со окситоцин, ве молам дозволете ми да одам, ќе отидам колку е можно подалеку, нема да кажам никому за она што го направивте за мене и ќе ви бидам благодарна до крајот на животот.​

    Сестрата не одговори на моето преколнување - изгледаше како дрво.
    Потоа продолжив да и зборувам,

    Вие сте ангел - како медицинска сестра или лекар кој помага во спасување на животот на луѓето. Како би можеле да станете убиец со убивање на луѓе секојдневно? ...​

    Набрзо таа многу се налути од она што го реков и ми рече дека премногу зборувам. Исто така ми кажа дека за неа нема ништо сериозно во врска со целата оваа работа. Таа го работела тоа цела година. Исто така ми кажа и дека имало над 10.000 присилни абортуси во нашата област [област, а не земја] само во таа година, и мојот беше само еден од нив. Бев вчудоневидена од нејзините зборови и сфатив дека јас и моето бебе бевме како јагне на даска за сечење. Конечно, ја стави долгата игла во главата на моето бебе, во утробата. Во тој момент беше крај на светот за мене, чувствував како дури и времето да застана. ...
    По инекцијата, моето бебе беше многу тивко во текот на целиот ден. Бев толку наивна, што мислев дека можев да ја напуштам болницата, бидејки завршив со принудната инјекција. Се прашував дали можеби моето бебе имеше доволно среќа за да може да преживее.
    На мое големо изненадување, следниот ден ме одвлекоа во хируршка сала. Побараа да легнам на хируршката маса, тоа беше гилотината за мене и моето бебе. Додека лежев на хируршката маса открив дека имаше крвави отпечатоци од прсти на ѕидот, оставени од страна на други мајки при операцијата на присилен абортус.
    Еден доктор ми кажа дека јас веќе им предизвикав премногу проблеми, бидејќи моето бебе требаше само да излезе по инјекцијата. Но не се случи како што се очекуваше, тие одлучија да го исечат моето бебе со ножици на парчиња во мојата матка, а потоа ги вшмукаа деловите со посебна машина.
    Што сторив во мојот живот со што го заслужувив овој вид на казна? Какво зло беше сето тоа? Дури и диво животно, како тигар, ќе го даде својот живот да го спаси сопственото бебе тигар. Како мајка и човечко суштество, не можев ли јас дури и да го заштитам животот на моето бебе?
    Немав време да размислувам, со сила почна таа најстравотна операција. Можев да го слушнам звукот на ножиците како го сечат моето бебе во мојата матка Можев да почувствувам како малку по малку моето бебе беше сечено на делови. Беше одвоено од моето тело. Тоа беше месо од моето месо, коска од мојата коска, дел од моето тело. Тој вид на болка не само што го уби моето тело, туку ги уби моите емоции и чувства.
    Како можев да бидам мајка? Што не беше во ред со мене? Плачев додека му зборував на моето бебе и сакав да умрам заедно со моето бебе во тој момент. За мене ништо веќе во овој свет немаше значење. Всушност дел од мене веќе умре, дел од мене веќе беше заминат, заминат засекогаш.
    По некое време патувањето во пеколот - операцијата, беше завршена, и една медицинска сестра држејки со пинцети ми покажа дел од крваво стопало. Низ моите солзи, сликата на крвавото стопало беше врежана во моите очи и во моето срце, и толку јасно можев да ги видам петте мали крвави прстиња. Веднаш бебето беше фрлено во корпата за отпадоци. ...
    Конечно, ми беше дозволено да се вратам дома од болница. Не јадев ништо, па дури не пиев ни вода неколку дена. Едвај зборував со некого. Од време на време, го слушав жалењето на татко ми. Тој беше ослободен откако мене ме фатија, но беше страшно тепан, му требаше повеќе од еден месец за да се опорави физички. Гледајки го татко ми, размислувајки за моето мртво бебе, плачев и дење и ноќе, и во мојот ум постојано доаѓање сликата на малото крваво стопало. Физички се опоравив по околу еден месец, но психички и духовно - никогаш! ...
    Додека го пишував ова кратко сведоштво, повече пати плачев и не можев да продолжам да пишувам. Знев дека има милиони кинески сестри кои страдаат и ќе страдаат од истото од кое пострадав и јас. Кој може да им помогне? Кој може да ги спаси? Политиката на едно дете и присилен абортус убија милиони невини животи во Кина. Како може овој нехуман криминал да се запре? Кога може овој нехуман криминал да се запре?
     
  8. Stojne

    Stojne Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    376
    Допаѓања:
    125
    Дали некоја ќе абортира или не, нејзин избор. Но јас не го оправдувам абортусот. И да се случи несакана бременост, многумина од машките не ја прифаќаат одговорноста и лесно е да кажат да абортира некоја. Значи тој некој ме условува, за да останам со него, да го абортирам детето. Јас во таква ситуација би се разделила од тој таков и би го родила детето.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: