(Не)одлучност при купување

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Колку сте одлучни при купувањето на облека, чевли или аксесоари?

Влегувате во продавница, разгледувате и наоѓате нешто што ви се допаѓа.
Земате да го пробате и се огледувате.
А потоа?
Во ситуација кога парчето облека или чевлите ви се точни дали веднаш се одлучувате да ги купите или сте личност која ќе стои половина час пред огледало, ќе ги праша сите околу себе за мислење, сто пати ќе се премисли дури да го купи односно да не го купи?
Дали го земате она што прво ќе ви се допадне или ги вртите сите можни продавници пред да одберете што ќе купите?
Пред да купите, дали смислувате можни комбинации и размислувате со кои парчиња кои веќе ги поседувате би можеле да го облечете?
Или пак, откако ќе го купите и дома ќе го ставите на полица се каете што сте го зеле?

Јас купувам прво што ќе ми се допадне и што добро ќе ми стои. Не се двоумам никогаш Ова не би го нарекла маана, но ни добра особина. Честопати се случувало да избрзам, да најдам нешто подобро (а со ми донесло дупол трошок) или пак купеното да не го облечам долго време зашто немам со што да го комбинирам.
Но, од друга страна, ако нешто ми се допадне не можам да не го купам, таму ми останува умот и на крај мора да заврши во мојот плакар.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Но, од друга страна, ако нешто ми се допадне не можам да не го купам, таму ми останува умот и на крај мора да заврши во мојот плакар.

Хахаха истa ситуација и кај мене. Понекад може да се случи тоа да ми се допаѓа а да е скапо и мајками да ми го купи и јас да не го сакам кај мене у плакар =)
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
неам таков проблем...влегуам со било кој у продавница...и сеа редно е да го прашам тој шо е со мене шо мисли како ми стои ...ако рече не му се свиѓа а и мене не ми се свиѓа, го остаам парчето облека...али у случај коа мене ми се свиѓа облеката, а тој шо е со мене рече не ти стој убоо ја сепак ќе си го зеам :)
битно е дали мене ми се допаѓа, пошо ја ќе го носам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Тоа што ми се свиѓа тоа го купувам не прашувам никој дали ми стои или ми паѓа

абе па ти ради реда...си замислуеш дека си пред фашн комисија и така :) демек е битно нивното мислење :p
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Влегувам, разгледувам и штом ми фати око одма го пробувам и го купувам. Не се мислам, дали да го купам, ај после да свртам едно кругче итн.....
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
абе па ти ради реда...си замислуеш дека си пред фашн комисија и така :) демек е битно нивното мислење :p
не бе ја ко манекен се прошетавам ко по модна писта со покер фејс на мене и продавачките викаат само вау-ау и не треба да прашувам за мислења
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jana and N|ghtmare_f

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Зависи кога како, но некако како повеќе да сум неодлучна, морам да го пробам, да се се видам, па оваа не ми се допаѓа, па онаа, и така ќе си излезам и ќе одам во друга, почнав веќе дури и да се нервирам поради тоа, многу шетам и на крајот пак не ми се допаѓа ништо :frantic а има и моменти понекогаш кога ептен многу ми се допадне нешто и си го купувам тоа, но некако многу реткост стана оваа за мене :eek
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Обично кога се шеткам низ продавници онака, правам друштво на некого, или колку да истепам време, ако најдам нешто, друг ден со пари се враќам и го зимам.

Исто. Ако видам нешо шо ќе ме бендиса, ако имам пари во мене го земам, ако не - се враќам покасно со пари и тогаш го земам. Многу ретко излегувам специјално за да купам нешто.