1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Несогласување со братот или сестрата

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од TIGERWOMAN31SK, 9 јули 2012.

  1. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    971
    Кога ќе се скараме со брат ми, обично за тоа дека знае да скрие по некој денар и да ме излаже, што знае дека мразам најмногу од се, знаеме да не зборуваме и по три недели. Тој мислам дека да може нема воопшто да зборува, само ќе си ќути и ќе чека момент да ти префрли за нешто. Обично јас ќе зборнам прва кога ќе ми помине лутината. Ретко комуницираме и ретко се гледаме, ако живееме заедно :D
     
  2. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    124
    Да се седне да се разговара,ако треба да се збори да се збори а не како странци ни зраво ни ништо
     
  3. BaceE

    BaceE Нов член

    Зачленет на:
    26 октомври 2017
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    8
    Не сум имала несогласувања со брат ми иако е помал од мене.
    Како помали се каравме но за обични работи, и сега така знае да се инати за нешто но не сме дошле до тој степен да не го сакам како брат.
    Секогаш кога можам помагам му, секако помал е, а и секогаш попуштам.
    Не сакам кога некој ќе го навреде или ќе каже нешто лошо.
    Не сум имала големи несогласувања и се надевам дека нема да имам. Сепак брат ми е и треба да го подржувам иако немаме си некаков муабет.
     
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bliznaci

    bliznaci Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    83
    И ја не се согласувам со сестра ми, не сме во добри односи. Не е пријатно и убаво, ама има и такви случаи. Не можам да поднесам тоа што е љубоморна и се споредува со другите, а особено со мене. Што да правам за да не се споредува со мене?
     
  5. Danzl

    Danzl Нов член

    Зачленет на:
    23 ноември 2018
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    8
    Како и да е сестра ти е вака како што ја опишуваш сигурно е тежок човек но сепак пробај седни разговарај со нејзе убаво ако веќе гледаш дека не можеш да ја смириш ситуацијата тоес да направиш да бидете поблиски како што треба да бидат две сестри гледај да не се расправаш за глупости попушатај кога тогаш ке се смирите ама ако и двете го сакате тоа ако сакаш само ти да се смириш ништо за жал за согласување треба двајца така да многу тешко
     
    На bliznaci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,155
    Допаѓања:
    2,222
    Види каква таква сестра ти е. Не знам дали е помала или поголема ама и не е толку битно тоа. Пробај зборувај со неа со твоите, можеби тие ќе можат некако да допрат до неа.
     
  7. bliznaci

    bliznaci Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    83
    Помала е од мене. Мајка ми се однесува како таа да не се однесува така. Не разговара со неа и дури и да згреши, пак друг е крив и наоѓа оправдување за секое нејзино лошо однесување.
     

Сподели: