Немам што да облечам!?

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Па оваа реченица ја користам прилично често...
Се зависи од моето моментално расположение и желбата да изгледам "перфектно" .
Има моменти кога можам првото што ќе го видам да го облечам ама имам и моменти кога со саати седам пред шкафот и мислам кое како иде што да облечам како да ооблечам и некогаш од нервоза дека "немам што да облечам" знам и да си пукнам од мака и да пуштам некоја солза..затоа во принцип и каснам....
Ама јас сум добра....недај боже да сте во близина на мајка ми кога треба да излегува некаде па макар и обично кафе ,слава,гости...Збрлавува со саати само за тоа гледа,се нервира пробува вади...бетер од тинејџерка е....
Фалаа му на бога што на работа носи униформа..инаку како ли ќе издржував тоа секој ден ...:)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Ако не знаете што да облечите, шетајте голи :)
Дарио пее една песна.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ice_Man

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
999737_485517558185870_539874680_n.jpg
 

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Ретко кога ми се случува тоа, пред се' бидејќи не обрнувам многу внимание на облека, битно ми е да се чувствувам удобно, а за модата не ме интересира.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ова немам што да облечам мене ми е најгрдото нешто што го поседува секоја втора девојка. За машките не е толку често, затоа што нас не ни е проблем дали со истите фармерки ќе пиеш кафе сега и вечер... а на девојките и те како им е(не на сите ама на повеќето).
Секогаш сум се прашувал што е толку интересно да речеш „немам што да облечам“ а во плакарот нема место веќе за игла да влезе.
И друг интересен феномен, што мене ми се случува со жена ми(ако прочита ќе ме задави)
Таа: „Лелееее нема што да облечам“
Јас: „Она розевото туниче, многу убаво ти стои“
Таа: „ААААА НЕ, ТОА ГО НОСЕВ ВО НЕДЕЛАТА!“ :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Bum-Bum

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Не ги оправдувам ваквите фрази но не ги критикувам исто . Не дека се нема што да се облече во буквална смисла, но што има лошо во тоа некоја девојка да сака да изгледа совршено и ете да се чувствува така поради тоа? Сега секако не зборувам за трескањето од земја и плачењето со саати како реакција, туку од сосема друг агол. Тоа е исто како да критикуваш некој што оди во теретана секој ден затоа што сака да изгледа и да се чувствува убаво во своја кожа. Само да не преминува во екстреми.
Да, знам да го помислам често тоа но не поради тоа што немам што да облечам туку зошто ете, тоа што го имам во моментот да не ми текне како да го комбинирам. Реално далеку побитно ми е да изгледам чисто и уредно, отколку тоа дали лакот за нокти ми е до нијанса погоден со блузата или дали истите фармерки сум ги носела и преку ден и навечер, но тоа не значи дека не водам грижа за тоа до одредени граници а не до занес - потрес ниво. Да, сакам да изгледам различно но тоа се постигнува со различна комбинација на облека, фризура или нијанси на шминка. Ако сум ја носела маичката со пуштена, виткана коса и ланче следниот пат ќе ја соберам во кок и ќе ставам само обетки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Сара.13

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
ако знаеш да се средиш, секогаш ќе знаеш па макар и со 2 маички и пар фармерки во плакар.
а тоа кубичењето на облека во плакарот е веќе излитена работа, сите го правиме тоа.
а дека немам што да облечам никогаш не сум рекла, за се има начин, еднио парче облека можеш да го носиш на 100 начини само ако знаеш како.
а фала богу, не се жалам за идеи, ги имам на претек, така да никогаш не ми е досадно во ниту една комбинација :)
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Најчести реченици кај поголемиот дел женскиот пол(и јас сум во тој дел да си признаам ):
-Немам што да облечам
-Немам каде да ги сместам алиштата
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Секогаш од вечер бирам што ќе облечам наредниот ден.Многу ми е гајле што си мислат другите за тоа што носам.Ако не ми е пријатно во фармерки,нема ни да носам.Во класот во средно додека бев,имаше некоја споредба кој што носи.Дали некој повеќе носи тренерки и хеланки,отколку фармерки,или обратно,за колку пари ги купил-што не е за мене нормално некој нонстоп да прашува некого.Ајде некогаш ќе се праша,ама не постојано.:^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°