Неколку техники како да учите поефективно

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето.

Направете си распоред

Распоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина.
Учете одморени и во мирна средина

Иако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална.
Не читајте на глас и пишувајте забелешки

Иако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза.
Блиц совети

Кога учите, сè што ви е потребно нека ви биде при рака. Не губете го драгоценото време барајќи ја потребната книга, некои забелешки или маркер. Пред да седнете, подгответе се добро, па потоа започнете.
Никогаш немојте да учите последните 30 минути пред да легнете на спиење.
Учете без прекинување најмногу 45 минути, а потоа направете 10 минутна пауза, па продолжете. Научно е докажано дека концентрацијата не може да ве држи повеќе.
Паузите кои ќе ги правите, треба бидат подалеку од местото каде што учите. За време на паузите дозволете си да мислите на нешто друго, немојте на материјалот.
Извор.
Како учите вие? Јас имам многу, многу за учење, и едно учам, друго заборавам. :x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Јас не учев, тоа што ќе ми влезеше во мозок, ми остануваше, имав добра меморија за да бидам минимум многу добар во средно.
Некои предмети си бараат вежбање, математика, електротехника.....
А ако мора да се научи? :|
Земјак, на сфетов мора само да с'умри :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo and emzzy

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Кт не ми се учи не учу и готово, кт морам да учу седну сконцентрирам се 1-2 сата и научу и толко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
По планот од професорите шо го пишуваме на час највеќе научувам. Мислам, според планот си ги барам поважните работи од лекциите во книгите и само тие ги учам. Само хемија никако да научам, ваљда оти секој час ни е испрашување...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Поефективно ќе учите ако учите и разберите што е поентата на тоа што го учите, не само да го набубате напамет. Не ви требаат ни тефтери ни белешки ни не знам ти што.

И да, концентрацијата може да трае многу повеќе од 45 мин. (замисли кај нас испитите траат по 2-3 часа, а еден испит годинава ми траеше од 12 до 6 со мала пауза) зависно од тоа колкав ти е интересот за тоа што го правиш. Јас имам поминато и 12 часа во вежбање гитара без престан.