Нека ме просветли некој...

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ај со среќа првата ти колумна овде :)
А што има врска дали е за просветлување или за фалење.
Кој од нас овде седи за да се куди самиот себе си?
Нормално дека никој.
Само што секој си се фали на свој начин.Некој повеке,некој помалку,некој директно некој индиректно.
Во секој човек постои нарцисоидност,само што некаде е пренагласено.
За да те просветлиме не верувам дека ке можеме оти од самиот текст мене ми се чини дека си доволно просветлен конкретно за оваа работа:)
Јас неможам да просветлувам никого кој толку малку го познавам.Можам само да напишам мое досегашно констатирање.
Да бидам искрена,сакам маж кој би ми помагал по дома,и околу децата и околу домот.Нејкам некој што ке ме ограничува околу излегувањето а уште помалку јас него(но пожелно е да не шета многу)(wasntme)
Но не да се зароби дома.
Но сакам и да осетам што е маж во куќата.Не да му се приоритети ручекот,менувањето пелени и возењето правосмукалка.
Несакам на секое мое А да добивам На,но слободно нека звучам како стереотип кога ќе кажам дека треба да се знае кој е мажот во куќата а кој жената.
Сакам да бидам жена а не и маж и жена.
Па добро де,ке донесам и јас некогаш дрва од подрумот,но џабе ми направил ручек или пак џабе ги сменил пелената ако не е заангажиран како треба таа пелена да се плати.
Ако е вистински татко,родител,ке знае кога и како и да го погали своето дете но и да најде начин како да обезбедиме каква таква подобра иднина за тоа дете.
Нејкам мажи кои попрво ке ги обавуваат женските работи само колку да имаат изговори дека заради нивниот завршен факултет тие не би се симнале на ниво да работат и како шанкери доколку во моментот неможат да најдат работа каква што тие имаат замислено дека треба и заслужуваат да работат.
Кога веке сум створила деца нема да бирам дали ке шијам по цел ден кошули за кои сум како фатена во рацете ако во моментот немам друг избор.Ке го научам и тоа ако треба.
Да се вратам малку поконкретно на колумната.Околу пријателката нема да коментирам зошто е таква нејзината реакција,пошто ако јас самиот ја спомнувам како добра пријателка со која можам да дискутирам на било која тема со саати,нема да се доведам до степен за да се чудам на нејзината реакција.
Од причина што кога веке некој сметам дека ми е пријател,наместо да правам празни муабети со саати дискутирајки за разно разни теми,првенствено за некој да ми е пријател треба да му дозволам подобро да ме запознае.
Е ако и после доброто запознавање увидам дека сеуште се чуди на основни работи како наклонетоста моја кон мојот животен партнер и децата,тогаш таков пријател не ми е потребен.
Ако продолжам да бидам со него ради ред пријател,тогаш грешката е само во мене.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да бидам краток. Не може никој тука да те просветли, првично затоа што огромен дел од процентот немаме основано своја фамилија и не знаеме ништо околу тоа, а второ секој различно би реагирал во врска со стереотипите.
ИСкрено мое гледиште на ова е дека ти си во ред, а другарка ти е полна со стереотипи. Можда го рекла уз шала тоа, ама ако само тоа го рекла тогаш во ред. Ти ако си среќен во друштво на твоите најмили и покрај тоа што некогаш плачат, какаат, бараат внимание, нема што повеќе да елаборираме.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
има и тоа каква разлика затоа и те прашав.
Припази на тие работи осетливи се доста !!! да не испадне после како во народната мажот на крај дознава последен за се ...
А Примадони и “Домаќинки“ ги имало и ќе ги има ама тие гравче на варат друго варат тие (wave) Дури и кога се во брак :eek: :igra

:) Нема што да припазам во никој ама баш никој случај. Сум припазил јас оддамна пред да стапам во брак и довербата ми е доведена до тоа ниво што јас би и’ дозволил да отиде и во Америка, ако тоа е нејзина волја. Јас не сум и’ чувар во затворот. Всушност ова не е затвор...
Јас не сум никој И ништо за да и’ ја ограничувам нејзи слободата.
Знаеш... Убавата птица... ако се чуствува убаво на твоја дланка... ќе го премине цел свет, ќе види се’ и сешто ама за да одмори пак ќе се врати на твојата дланка за да одмори, нема ни да помисли на друга дланка :)
- јас така функционирам и така ќе функионирам секогаш...

И едно објаснување...
Барањето просветлување ми беше повеќе како реторичко прашање... :)
А не го одговорив за да има можност за дискусија на темата :)
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Оф човече сешто има по ова нетов. Незнам зошто воопшто се секираш што рекле другите, можеби немаат искусено што значи да се биде и мајка и татко во куќата па само си го кажуваат тоа што прво им паѓа на памет. Мада никој нема ни да знае се додека не искуси. Мислам дека нема што да те просветлуваме ние, има кој да те просветли. Твој начин на воспитување и грижа за децата ќе се покаже во иднина, а моментално покажувај го пред жената и пред никој друг. Твој живот - твоја ствар. Нема тука мешање ау бау политика. Секој на свој начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
не се замарај со другите шо ќе речат...терај си како тебе ти одговара и се ќе биде во ред!
според мене си нај океј и не ти фали ништо, чак шо више и треба да се огледаат на тебе.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Ништо не е во ред со луѓето, сите си имаат своја гледна точка на животот, скриена цел која можеби и не сакаат директно да ја кажат и слично. Е сеа сите ние се судираме со критики од познати или непознати луѓе во врска со нешто шо го правиме. Некои од нив навистина мислат дека одиме во погрешна насока, други тоа го велат намерно. Многу е битен фактот колку внимание им посветуваш на овие коментари и секако од кои луѓе доаѓаат. Како шо викаше големиот Достоевски на времето, ако маваш на секое куче по патот никогаш нема да стигнеш таму кај шо си тргнал. Така и оваа работа. Ај да речеме ке полемизирате 3 саати за тоа со пријателката и ке ја убедиш дека греши, после тоа ке се најде некој друг како неа и се така. А ако во друштво твоите пријатели те исмејуваат (навистина) тогаш нешто не е како шо треба, а ако тоа го прават онака по пеза и ти неможеш да го прифатиш тогаш не сакаш да се шегуваат на твоја сметка. Ова го треснав, си претпоставувам , поима немам дали е така или не. Уствари подобро би било ако ова се однесува општо за некој кој ке се пронајде , е така да се знае.
Најмалку битно, гледам дека уствари тебе и не те допрело до толку овој проблем шо е и сосема во ред, дури одлично, а темава си ја отворил повеќе за да се развие дискусија и да се разбие монотоното спамирање по офф-топик темите шо е за поздравување.

И за крај една песна кој одлично би се вклопила со темава и ова тмурно заоблачено утро
чисто за ефект.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and melpomena

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Токму за ова пишував во мојата колумна Родот- производ на општеството, но за жал неколку мина го исперцепираа како феминистички текст и нештата заминаа во сосема друг правец. :unsure

Во врска со твојата ситуација, ќе ти го кажам ова:
За затворените умови, затвори си ги ушите! :D
Секоја чест за твојата улога дома, татковците како тебе се навистина ретки и твоите деца имаат огромна среќа што имаат ваков татко. Можам со гордост да кажам дека и јас има среќа што и мојот татко е таков и да напоменам дека немав никакви адолесцентни проблеми, ниту тинејџерски кризи, ниту пак сум имала потреба да лажам дома, а тоа е еден голем успех за секој родител. Да се вратиме онтопик, тоа што ти го рекла пријателката треба само да те натера да ја кренеш главата уште повисоко и да ги гушнеш твоите деца уште посилно. Конкретно, токму таа твоја пријателка треба да застане и да размисли што ти рекла и како Таа размислува бидејќи голема е веројатноста истата таа со таквите размислувања да е во нефункционален брак или врска или доколку е сама дека ќе земе еден таков неодговорен партнер.
Навистина, немаш потреба за грижа. Само продолжи така и не обрнувај внимание на таквите коментари! ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Arkantos