Нека ме просветли некој...

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Во ред си ти чоече, тоа е нормална ствар шо си го напишал. Сигурен сум дека постои блискот помеѓу децата и родителите во ова време...работите се сменаа не е како порано -партијархално да го наречам...каде таткото беше маж и не миеше садови, не пеглаше веш, не возеше правосмукалка и сл.. а жената беше понижена домакинка и излегуваше само до кај најблиските комшивки на кафе, и тие кај неа дома....умреа тие времиња заедно со другар тито.
Уствари тоа менувањето пелени (колку и да е гадно), прегратката и блискоста со твоите деца те прави прекрасен родител... а за другарката и нејзиниот коментар, постојат 2 образложенија.
1. Си ја направил љубоморна на твојата сопруга, дека има одличен способен сопруг што знае да води грижа за својата фамилија... што е резултат на емоции со завидлив карактер.
2. Ако сте правеле сериозен муабет, смислата за хумор не и е во ред и не размислила што пишува.
Мада мене ме асоцира на првиот случај, бидејќи чекањето 2 часа на скајп е сумлива работа.
Би се зачудил кога би видел колку само семејства го живеат „патријахалното време“. Дури и не се свесни дека светот околу нив се развивал развивал, дека свеста станувала поголема...
Но, тоа не ми е муабетот, знаеш во ред така им одговара и така нека си тераат.
Проблемот конкретно со пријателката ми беше што си земаат за право да ме коментираат мене, жена ми, односите со децата.
Тоа е мое право, и никој не смее да ми го коментира. Ама ете луѓето едноставно сакаат да прават работи кои не би требало да ги прават :)

п.с. ееј па незнам дали ме чекала два часа на скајп :unsureми се чини дека нема шанси да ме чекала, оти во годиниве сигурно ме научи дека јас викам „почекај малку“ и тоа малку може да биде и еден ден... :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Љубоморна ми ти била таа пријателката стара, нели?
Нека пукне, требеше да и` речеш: да, ја имам улогата и сум најгорд татко!
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Другарче а тебе што ти е чудно во сево ова? Секоја жена сака маж со кој еднакво ќе ја дели улогата родител и тебе не ти е јасно дека си еден од поретките? или сакаше да ни се пофалиш малку ?:mstickle се шалам.. Верувај вашите деца се на пат да израснат во добри личности кои си имаат примери за како треба заемно да се почитуваат, ако се машки ќе знаат како да ја почитуваат и сакаат жената, ако се девојчиња ќе научат дека не треба да се понижуваат пред никој кој ќе им рече дека не се доволно добри за нешто само затоа што се жени
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Другарче а тебе што ти е чудно во сево ова? Секоја жена сака маж со кој еднакво ќе ја дели улогата родител и тебе не ти е јасно дека си еден од поретките? или сакаше да ни се пофалиш малку ?:mstickle се шалам.. Верувај вашите деца се на пат да израснат во добри личности кои си имаат примери за како треба заемно да се почитуваат, ако се машки ќе знаат како да ја почитуваат и сакаат жената, ако се девојчиња ќе научат дека не треба да се понижуваат пред никој кој ќе им рече дека не се доволно добри за нешто само затоа што се жени
Нормално дека сакам малку бе да ви се пофалам :) Ние нарцисоидните луѓе секогаш сакаме да си кажиме збор убав за себе :)
Шала на страна објаснив добро што ми е чудно и глупаво во сево ова...
Зошто мора некој да ги коментира моите постапки да ме навредува и да ми соли памет... :) Моја е одлуката дали ќе бидам маж „идиот“ или ќе бидам човек :)
А за дечињата... сеуште е рано за да кажам по кој пат ќе тргнат, тоа не зависи се’ од нас, најмногу зависи од нив :)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Каква врска има тоа дали отишла во дискотека или на кафе ? Не гледам јас разлика во тоа.
Инаку беше во едно ресторанче, со другарки на вечера, ништо страшно и ништо неморално.


има и тоа каква разлика затоа и те прашав.
Припази на тие работи осетливи се доста !!! да не испадне после како во народната мажот на крај дознава последен за се ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Bibi@

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
:) Ме потсети на татко ми,само што татко ми не користеше интернет во тоа време кога не чуваше :giggle додека мајка ми работеше по цели денови и ноќи.Тако ми не само што не чуваше туку и ни готвеше и тоа најубавите јадења,ги миеше садовите после ручек,чистеше и не шеташе и се играше со нас.Таков татко и маж секој би посакал.Не гледам никаков проблем доколку едниот родител работи и е зафатен или сака да прошета а другиот ги чува децата.Па не треба само мајката да седи дома и да ги чува децата и да не излезе.Треба да се има баланс за да се оддржи едно семејство и да се избегнат кавгите.
Дури ќе напоменам дека татко ми бил голман во Вардар на времето и се откажал од својата кариера затоа што требал многу да патува и да не остави сами со мајка ми,го одбрал семејството наместо кариерата...
Фала тато!(hug)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
А јас па би рекла дека треба да те просветлиме што всушност побара просветлување од нас во случај кога воопшто немаше потреба. : )
Ама ај да речеме така си се чувствувал.
Од раскажаното ти си прекрасен татко, знаеш дека знам дека е така : )
Не свртувај се наоколу за да слушаш коментари од љубоморни луѓе и луѓе кои живеат со сфаќања различни од твоите.
И понатаму прави го она што го правиш за твоето емејство. Браво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and melpomena

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Legioner човеку а ти да внимаваш што прави твојата девојка ако воопшто ја имаш и да не се замараш што прават туѓите жени : )
или можеби немаш девојка од причина што премногу си внимавал дали оди на кафе или во дискотека зошто нели има разлика....:unsure;)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Legioner човеку а ти да внимаваш што прави твојата девојка ако воопшто ја имаш и да не се замараш што прават туѓите жени : )
или можеби немаш девојка од причина што премногу си внимавал дали оди на кафе или во дискотека зошто нели има разлика....:unsure;)


офф топик
Човекот побара совет му дадов совет и што има тука страшно во тоа, друго дојди види ќе видиш што правам со девојка ми моја што да ти речам друго :pusi.
Само едно ќе ти кажам Марија во животов мој сум налетал на секакви девојки така да големо е искуството мое доволно од еден разговор да проценам со каква девојка си имама работа.
А Примадони и “Домаќинки“ ги имало и ќе ги има ама тие гравче на варат друго варат тие (wave) Дури и кога се во брак :eek: :igra
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Пријателе се е тоа ок Што го правиш, нема ништо лошо во тоа ако се грижиш за своите деца, истото тоа и тие ќе ти го вратата на стари години кога ќе си ти.
работите околу домото не се делата !!, туку треба да се извршат без разлика на тоа кој ќе ги прави.
И нема тука што ниту го губиш своето достоинство како маж.
Туку мене една друга работа ме загрижува што ја спомна во товето излагање на темава спомна дека сопругата излегувала на вечер . Е сега мене ми е прашањево дали во дискотеки или пак само низ град ???
Не мора да значи дека ако излегла во град, без разлика каде и да било, дека одма ќе го изневерува. Се гледа од напишаното дека си имаат доверба еден во друг, што е најбитно за врска или брак. Не се сите луѓе исти, и алал да им е ако така си функционираат.

Он топик, Arkantos си функционирате одлично во бракот што е многу ретко во денешно време. Нема потреба да те просветлува некој. Продолжи си како и до сега, а такви малоѓраѓанштини како дотичната другарка секогаш ќе има.