Нека биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Може ли некој да ми објасни што точно ни говори оваа реченица, дали дека нема Божја воља? Дали дека веќе нема на оваа планета земја да се бараат принципи на логика,ако правам добро ќе доживеам добро и обратно, ако правам лошо ќе доживеам лошо? Сите страдаме во маките на оваа планета и невини и виновни, сите го дишеме овој загаден воздух и пиеме загадена вода и јадеме загадена храна! Преголемо е злото на оваа планета.
Ми се наметнува прашање на кое нема точен одговор во библијата а тоа е-Зошто Бог се одлучил воопшто да го створи човекот? Еден единствен одговор имам добиено до сега а тоа е затоа што и родителите сакаат да имаат деца....епа не сакаат сите да имаат деца!
Ако Бог не створил за дружење и живеење во заедница и го направил светот од ништо, зошто го дозволил гревот за кој знаеме дека има разурнувачка моќ и од нешто прави ништо, разорува?
Прашањето ми е ако Бог не створил по негов лик, тоа значи дека и он ги има истите емоции, смислата за хумор, тага, радост....па зарем и правење на зло..и што откако ке се уништи планетава и човечанството, повторно ќе не создава?:(
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133

Зло не постои мила, ниту пак постои добро и лошо, не постојат гревови, не постојат жртви, не постои правилно и неправилно... сето тоа го има само во нашиот ум, во природата го нема. Бог е љубов, бог е интелегенција, бог е креативност... Бог создава уништувајки, бог уништува создавајки и тука нема реална неправда како што на нашиот ум му се чини, се е до нас, до нашата перцепција.
Ние луѓето не сме лоши, туку само се гледаме себеси во искривено огледало и мислиме дека таа искривената слика е реалноста за нас и слепо ја следиме насоката која не не води кон среќата мислејки дека така треба.
Не е бог крив за нашите несреќни животи, туку онаа малку слободна волја која ја имаме, а која што воопшто не ја користиме. Човекот е создаден да биде љубов, да биде бог на земјата, но не семоќен бог кој злоупотребува, искористува и уништува, тоа не е во природата на еден бог, таквата слика е повторно извртена представа поради извртена перцепција... Човекот е створен за да креира, да создава, да учи, да истражува, да љуби и да биде среќен пред се.
Светот во кој што денес живееме на повеќето не ни е пријатен, но ние самите го креираме да биде таков каков што е. Не ни се допаѓа и упорно ја следиме старата матрица, без да кажеме - доста е, не сакам повеке да учествувам во оваа представа, одам на подобро место. Наместо да си признаеме дека ние самите се доведуваме до состојби кои не ни се пријатни, ние бараме грешки, бараме виновници, ја критикуваме владата, општеството, го критикуваме бог, ги критикуваме родителите, црквата...
Сето она кое што го перцепираме како проблем, пречка или неизлезна ситуација е само лекција која треба да се совлада. Она што нам ни се чини како болка и страдање е всушност оздравување, почеток кон напредокот, постепено менување на перцепцијата. Тоа е духовно растење и созревање, но ако не го доживееме како такво, повторно ке бараме да ни се случи, се додека не научиме, бидејки таква ни е природата на нас луѓето, интелегентна, љубопитна, и авантуристичка, ние не можеме да се помириме со стагнирање и седење во место, ние бараме духовен напредок и свесно или несвесно креираме ситуации за да не ,,треснат од земја,, ...
...
Бог не создал според својот лик, односно, не создал со способност да сакаме, да создаваме, да креираме, да даваме, да бидеме мудри... но тој не ги има истите емоции како нас, бидејки пред се бог е принцип и неговите закони се непроменливи. Тој не препознава добро и лошо, правилно и неправилно, чесно и нечесно... како што кажав и на почетокот, во природата тие нешта не постојат.
Сега ке употребам една споредба од мојата омилена книга, вели вака:
- гравитацијата е принцип и нејзините закони се непроменливи, нејзе не ја интересира дали вие сте чесни, сочуствителни или сте направиле грешки во животот, таа нема да ги промени законите заради вашата добрина или заради тежината на вашиот грев. Ако скокнете од зграда од дванаесетти кат, гравитацијата нема да рече ,,чекај, овој човек е добар, за него ке се променам, за да не му создадам болка,, или ,,овој човек направил многу гревови, ке го треснам уште повеке, бидејки такво нешто заслужува,,
...
Зарем не звучи смешто сето ова со гравитацијата. Исто така звучи и кога зборувате дека бог ке ве казни затоа што сте лоши и дека ке ве награди ако сте добри. Бог не казнува, бог не препознава казна, тој е принцип и за секого важат истите закони, е сега, ако вие сте решиле да скокате од зградате тогаш не го обвинувајте бог, туку бидете свесни дека вие самите си ја креирате реалноста.
Имате слободна волја, имате избор, направете го оној избор кој ке ве направи среќни, не оној правилниот, бидејки правилно не постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Нека вољата твоја биде како на земја така и на небо
Нека вољата твоја биде како на небо така и на земја
;)

  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Нека вољата твоја биде како на земја така и на небо
Нека вољата твоја биде како на небо така и на земја
;)
Уште сто пати да напишеш, јас пак нема да ја разберам оваа реченица...ако не ти е тешко обиди се да ми објасниш без плаво и црвено.:nah
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
@alf ..кога ќе знаме точно да ја дефинираме божјата воља, која е таа воља и што "содржи", можеби и ќе разберев ...знам само дека никој од моиве познаници кои се прават верници, сите обичаи ги применуваат идр. незнаат да ми ја објаснат поентата на оваа реченица.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@alf ..кога ќе знаме точно да ја дефинираме божјата воља, која е таа воља и што "содржи", можеби и ќе разберев ...знам само дека никој од моиве познаници кои се прават верници, сите обичаи ги применуваат идр. незнаат да ми ја објаснат поентата на оваа реченица.
Некој работи кој се однесуваат на внатрешно духовно доживување треба да останат не изговорени.
Не барај од други да ти толкуваат или објаснат цитати,држи се до твоите сваќања и истите проширувај ги со лични доживувања.
Поенти има многу,а еден е тој што ги доживува промените во дуалниот свет,каде небото и земјата се "разиграни" да го придобијат човекот.
Искусувај ,но не се приврзувај,
доживувај, но не се препуштај на уживање,
вкусувај,но не станувај зависен.:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Некој работи кој се однесуваат на внатрешно духовно доживување треба да останат не изговорени.
Не барај од други да ти толкуваат или објаснат цитати,држи се до твоите сваќања и истите проширувај ги со лични доживувања.
Поенти има многу,а еден е тој што ги доживува промените во дуалниот свет,каде небото и земјата се "разиграни" да го придобијат човекот.
Искусувај ,но не се приврзувај,
доживувај, но не се препуштај на уживање,
вкусувај,но не станувај зависен.:kafe
Ти благодарам за издвоеното време но одговорот твој не ме задоволи...чудна работа, очекував дека ќе добијам добро или пак приближно некое појаснување:eek
или незнаеш да ми објасниш или те мрзи да пишуваш;)
Цитатите треба да се толкуваат и ме буниш со тоа што велиш да не барам од други да ми ги толкуваат!?
Божјата воља за мене претставува еден живот во оквирите на 10 заповеди и ако човек не се придржува кон нив значи дека нема да ја добие божјата наклоност и........
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зло не постои мила, ниту пак постои добро и лошо, не постојат гревови, не постојат жртви, не постои правилно и неправилно... сето тоа го има само во нашиот ум, во природата го нема. Бог е љубов, бог е интелегенција, бог е креативност... Бог создава уништувајки, бог уништува создавајки и тука нема реална неправда како што на нашиот ум му се чини, се е до нас, до нашата перцепција.
Ние луѓето не сме лоши, туку само се гледаме себеси во искривено огледало и мислиме дека таа искривената слика е реалноста за нас и слепо ја следиме насоката која не не води кон среќата мислејки дека така треба.
Не е бог крив за нашите несреќни животи, туку онаа малку слободна волја која ја имаме, а која што воопшто не ја користиме. Човекот е создаден да биде љубов, да биде бог на земјата, но не семоќен бог кој злоупотребува, искористува и уништува, тоа не е во природата на еден бог, таквата слика е повторно извртена представа поради извртена перцепција... Човекот е створен за да креира, да создава, да учи, да истражува, да љуби и да биде среќен пред се.
Светот во кој што денес живееме на повеќето не ни е пријатен, но ние самите го креираме да биде таков каков што е. Не ни се допаѓа и упорно ја следиме старата матрица, без да кажеме - доста е, не сакам повеке да учествувам во оваа представа, одам на подобро место. Наместо да си признаеме дека ние самите се доведуваме до состојби кои не ни се пријатни, ние бараме грешки, бараме виновници, ја критикуваме владата, општеството, го критикуваме бог, ги критикуваме родителите, црквата...
Сето она кое што го перцепираме како проблем, пречка или неизлезна ситуација е само лекција која треба да се совлада. Она што нам ни се чини како болка и страдање е всушност оздравување, почеток кон напредокот, постепено менување на перцепцијата. Тоа е духовно растење и созревање, но ако не го доживееме како такво, повторно ке бараме да ни се случи, се додека не научиме, бидејки таква ни е природата на нас луѓето, интелегентна, љубопитна, и авантуристичка, ние не можеме да се помириме со стагнирање и седење во место, ние бараме духовен напредок и свесно или несвесно креираме ситуации за да не ,,треснат од земја,, ...
...
Бог не создал според својот лик, односно, не создал со способност да сакаме, да создаваме, да креираме, да даваме, да бидеме мудри... но тој не ги има истите емоции како нас, бидејки пред се бог е принцип и неговите закони се непроменливи. Тој не препознава добро и лошо, правилно и неправилно, чесно и нечесно... како што кажав и на почетокот, во природата тие нешта не постојат.
Сега ке употребам една споредба од мојата омилена книга, вели вака:
- гравитацијата е принцип и нејзините закони се непроменливи, нејзе не ја интересира дали вие сте чесни, сочуствителни или сте направиле грешки во животот, таа нема да ги промени законите заради вашата добрина или заради тежината на вашиот грев. Ако скокнете од зграда од дванаесетти кат, гравитацијата нема да рече ,,чекај, овој човек е добар, за него ке се променам, за да не му создадам болка,, или ,,овој човек направил многу гревови, ке го треснам уште повеке, бидејки такво нешто заслужува,,
...
Зарем не звучи смешто сето ова со гравитацијата. Исто така звучи и кога зборувате дека бог ке ве казни затоа што сте лоши и дека ке ве награди ако сте добри. Бог не казнува, бог не препознава казна, тој е принцип и за секого важат истите закони, е сега, ако вие сте решиле да скокате од зградате тогаш не го обвинувајте бог, туку бидете свесни дека вие самите си ја креирате реалноста.
Имате слободна волја, имате избор, направете го оној избор кој ке ве направи среќни, не оној правилниот, бидејки правилно не постои.

Не постои зло?
Како тоа не постои зло, сериозно, дали таквиот став е некој полусварен мистицизам како резултат на преголемо учество на ирационалноста при мисловните процеси?

`Човекот` не е една унифицирана категорија, постојат многу разлики од раѓање, од едната крајност на психо/социопатијата, сивата или златна средина па се до алтруизмот и херојството на другиот крај.

Бог не може да е љубов.
Омилената теолошка гимнастика на религиите за слободната воља како извор на злото, иако стара со милениуми е срање.
Зошто е срање и како тоа некој си Аутрајдер на некаков си форум се дрзнува да напише такво нешто?

1.Ако слободната воља постои таа ќе може да се манифестира без разлика на физичките ограничувања. Шќељзим и Митре да се фатат за рака и да се обидат да полетаат од петти спрат. Џабе слободна воља.

2.Преференција. Ако имаш две особи, особа А со воља да убие некого и особа Б со воља да не умре, доколку вољата на особата А испадне исполнета тогаш Бог активно дозволува зло, смрт и страдание бидејќи допуштил да се реализира вољата на убицата а не вољата на жртвата.

3.Вие земјаните сте језиви (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and misterija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Ти благодарам за издвоеното време но одговорот твој не ме задоволи...чудна работа, очекував дека ќе добијам добро или пак приближно некое појаснување:eek
или незнаеш да ми објасниш или те мрзи да пишуваш;)
:gjavol
Цитатите треба да се толкуваат и ме буниш со тоа што велиш да не барам од други да ми ги толкуваат!?
Божјата воља за мене претставува еден живот во оквирите на 10 заповеди и ако човек не се придржува кон нив значи дека нема да ја добие божјата наклоност и........
Во ред,ако за тебе божја волја преставува рамка - оквир кој треба да си го носиш на вратот,за друг може да е нешто друго,иако и тоа друго е рамка во некоја друга смисла.
Кратко кажано без многу ширење,божја волја е константна промена, како сакаш врти ги зборовите, секојпат нештата се во дижење!:sreken
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Многу ми е интересно кога со толкава сигурност се зборува за Бог и дека тој е ова или она, ваков или таков. Од каде бре знаете што е и кој е Бог?