1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На шопинг - сами или во друштво?

Дискусија во форумот 'Мода и облека' започната од LadyInPink, 10 април 2012.

  1. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Со кого одите на шопинг, сами, со другар(к)и, со родител...?
    Зошто?
    Дали при купувањето прашувате за совет, па затоа и носите друштво со себе?
    Колку ви е релевантно тоа мислење?
    Дали сакате да бидете нечие друштво за време на шопинг?

    Јас лично обожавам да одам сама на шопинг. Без никој да ми „соли“ памет, без никој да ми виси над глава и да ми брои колку трошам. Во случаи кога купувам нешто поважно, да речеме облека на некоја пригода, тогаш ја носам мајка ми со себе. Нејзиното мислење повеќе ми значи и поверодостојно ми е отколку на некоја другарка...
     
    На Alley3112 и Scars им се допаѓа ова.
  2. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    исто и јас :)
     
  3. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    најубаво сам или барем една персона со тебе...ама онака што е спремна за експериментирање...а не на секоја зелена или пинк боја да крева паника..
    бев друштво за шопинг пред некој ден на мојата кумашинка....
    ГТЦ у Шкуп го шетавме само 4часа...од први до трети спрат...значи секоја продавница
    и замислете не најдовме ништо :eek
    тоа е според мене претиеризам....
    бараш нешто , а уствари незнаеш ни сам што сакаш...
    би одела пак имам кондиција за шетање и живци за трпење...ама незнам у кој филм влага...стварно...
     
  4. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,102
    Сама не сакам да одам, морам да имам една другарка, за да ми помогне... мајка ми не можам да ја земам со мене, бидејќи ќе ме изнервира, немаме ист вкус, односно немаме воопшто ист вкус и затоа...:biggrin
     
    На КрисТина К. и Ludaca им се допаѓа ова.
  5. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    секогаш правам друштво на некој од другариве коа идат да купуваат нешо, а за мене коа си зимам сакам сам да идам
     
  6. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Сама неможам да одам затоа што ми е потребно друштво....За шопиг си ја земам секогаш мама затоа што само она може да ме трпи и нејзиното мислење ми е најверодостојно....Жената си има вкус и знае што е убаво а што не .... :)
     
    На Aaliyah и Caci им се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Па одам и сам и со друштво. Кога како.
     
  8. Natenceto

    Natenceto Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,029
    Допаѓања:
    1,193
    Понекогаш одам сама а понекогаш со мајками. Така сум навикната, сама најчесто ако имам работа во град па да пројдам низ некое дуќанче и да ѕирнам што има. ;) сега си купив и убави маички за велигден :)
     
  9. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Скоро секогаш со другарка, една ми е доволна колку да ми каже мислење како ми стои тоа што го купувам,ако се двоумам да помогне во изборот :biggrin
    Сакам да бидам друштво на моите другарки,ама нејќам цел ден да ги шетам сите продавници за една работа што 100 пати ќе ја проба а на крај да се случи и да не ја купи...
     
  10. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Секогаш одам сама на шопинг, зашто да водам некој да ми кажува ова како ми стои или да ми помага во изборот , сама гледам што ми стои и што ми е убаво, така на раат најубаво си поминувам:biggrin
     

Сподели: