На училиште секоја сабота до крајот на учебната година

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
20122201-otsuten.jpg

Министерот за образование и наука, Панче Кралев денеска соопшти дека загубените часови поради лошите временски услови кои во февруари ја зафатија Македонија, ќе се одработуваат во саботите.

Со оглед на лошите временски услови и студеното време, што ја зафати Македонија, во средината на февруари, голем дел од училиштата како средните така и основните немаа можност за одржување на настава.

Министерот за образование и наука, Панче Кралев истакна дека загубените часови ќе се одработуваат во саботите до крајот на учебната година.

-Околу 50 отсто од основните и 30 осто од средните училишта, овие часови ќе треба да ги одработат во саботите до крајот на учебнта година, истакна министерот Кралев.

Тој посочи дека продолжување на учебната година или скратување на наставната програма се крајни мерки, односно мерки кои би се употребиле во краен случај.

Во врска со училиштата во Чаир, Кралев посочи дека истите мора да имаат табла со називот на училиштето се додека МОН не ги верификува барањата за промена на статутите. Тој додаде дека нема причина барањата за промена на статутите од овие училишта да се разгледуваат преку ред.

Се дотогаш училиштата мора да поседуваат табли, а во следниот период истите ќе бидат предмет на контрола на Државниот просветен инспекторат.

извор(и)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Bum-Bum

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ние од почетокот на март почнавме да ги одработуваме. Уште две-три ни се останати.
А гледам некои училишта од овој викенд т.е. од вчера почнаа....
Мислам дека подобро ќе беше после 10ти јуни да одевме, ама тоа е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: КрисТина К.

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Не сум ученик, но затоа бев на работа .....Сум пцуел сум корнел во 5:00 кога станував во најладното да одам на работа....
***
Учениците не се криви за тоа, ама добар дел се радуваа што нема да одат на училиште (исто како јас што би се радувал тоа време да ни речат на работа одете си дома) . Изгубеното мора да се надополни
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Шо би рекол Бранко да не испадне сеа дека секој си глеа за себе ама мене побитно ми е дали ке се обноват затвориве, школово ми е завршена работа :rofl:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Не сум ученик, но затоа бев на работа .....Сум пцуел сум корнел во 5:00 кога станував во најладното да одам на работа....
***
Учениците не се криви за тоа, ама добар дел се радуваа што нема да одат на училиште (исто како јас што би се радувал тоа време да ни речат на работа одете си дома) . Изгубеното мора да се надополни

Е да си жив и здрав.Јас се враќам од работа а паразитиве излегле надвор седат на клупи и стандард муабет еее брат бе кој е како тебе вреден си, ние си ги ладиме во кисело млеко.Јас им реков ќе ви дојде и на вас редот :D Е сега јас сум на ред-роберт билбилов :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Selma

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Е да си жив и здрав.Јас се враќам од работа а паразитиве излегле надвор седат на клупи и стандард муабет еее брат бе кој е како тебе вреден си, ние си ги ладиме во кисело млеко.Јас им реков ќе ви дојде и на вас редот :D Е сега јас сум на ред-роберт билбилов :D
Типично Македонче,се сити со маката на другиот:D