1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На кој начин ја негувате косата?

Дискусија во форумот 'Тело' започната од Deadelina93, 15 февруари 2012.

  1. BlackTulip

    BlackTulip Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2013
    Мислења:
    628
    Допаѓања:
    789
    Кога станува збор за препарати како шампони маски .. користам само шампон моментално од гарниер и капки за коса од авон со араганово масло.
    Но два пати неделно и ставам кокосово нерафинирано масло во комбинација со некои други како маслиново или рициново масло. Кокосовото е многу добро бидејки ја штити косата и при самото миење.
     
  2. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Најдобар начин за нега на косата е користење масла. На водена коса ставете кокосово масло, масирајќи го скалпот, оставете да стои преку ноќ или измијте ја главата по еден час со благ шампон и ставете геренератор.
    Јас си ставам кокосово масло во ептен мала количина после миење на косата и ја сушам. Премека е и веднаш се расчешлува, нема да имате заплеткани влакна.
    Се и имам ставано и природни маски со јајце и маслиново масло за сува коса, бадемово масло за да не пукаат врвовите, рицинусово за поттик на раст на косата, чичково е за против првут.
     
  3. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,171
    Допаѓања:
    2,234
    Мојата коса е ко сено, залижено :(
    Таф пената за волумен доста ја фалат, не сум ја пробала ама ќе биде кај и да е.
    Е сега сакам да прашам што да направам за да не ми се мрси толку брзо косата?
    Ми опаѓа од што секој втор ден ја мијам плус на времето ја ретчев оти толку памет имав.
     
    На Ѕид на плачот му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112
    За почеток би ти препорачала, не знам колку ти е долга и како си ја носиш косата. Да не ја миеш пречесто, на два дена, верувај тоа е многу особено за нашиот тип, што е склона кон опаѓање, мене косата буквално ми се проретчи од туширање секој ден, летно време по двапати, зимно време секој ден по еднашка, а вториот ден веќе ми се мрси ко да не сум се бањала со месеци. Пошто нашите коси се навикнати на вода, доколку не и го даваме тоа, таа се мрси. Најпрвин треба да ја навикнеме макар на три дена, да ја миеме, а на секои три дена, ќе си користиш рицинусово масло, рицинусовото масло е против тоа мрсењето, перут, ама белото шишенце, скроз. Ем плус помага против опаѓање, со ова шишенце можеш косата да не си ја миеш дури и до 4 дена.
    Тафт пената не би ти ја препорачала, после бањање, прај си плетенки вечер, спиј со нив, насабајле одврзи ги и така ќе имаш и волумен, терај така најпрвин по два, три дена... Послем на секои четири пробај да си ја миеш косата. Ама пред секое бањање ќе држиш рицинисуво масло на косата, најмалце два, три часа. Колку можеш повеќе, толку подобро. Косата како ќе ја навикнеш таква ќе биде. Треба нега. А, со тафт пената нема да постигнеш нишо. Не си ставај само хемикалии на косата. После секое бањање плетенки. :) Ја така си правам, инаку ја убив од пеглање. По 15 минути одвои секогаш. Не мораш ситни да ги праиш, поголеми.
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  5. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,171
    Допаѓања:
    2,234
    Јас па купив чичково масло. И тоа викаат дека било добро, па да го потрошам и ќе го земам ова ти што го викаш. Само не знам како ќе издржам три дена со немиена коса, а треба да ја навикнам така оти без коса ќе останам и тоа само горе ми паѓа :(
    Во секој случај фала ќе го применам советот, а и јас не сум баш за хемии на телото и косата да се ставаат.
     
    На Ѕид на плачот му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112
    А бе, нема зиан од било кое масло, јас дома имам колекција од разно разни масла... :) само никако не зимај масла во кои се наоѓа рaraffinum liquidum (течен парафин). Секогаш ова го повторувам, насекаде. Секогаш пред да си купиш масло, прочитај. На маслото треба да пишува само името негово, на пример рицинусово, рок и толку. Друго не. А, и исхраната влијае многу...
    Треба во се да внимаваме, ако сакаме здрава кожа, коса, нокти и слично... :)
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ВинаНевина

    ВинаНевина Полноправен Член

    Зачленет на:
    26 мај 2017
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    68
    Моментално употребувам head&shoulders шампон бидејќи ми се створи првут, па ми го препорачаа овој како најефикасен. Едвај чекам да го завршам... Исто така при миење на косата користам Syoss регенераотр и искрено не знам што функција ми брка, дали ми помага или одмага, ама си го користам скоро година дена.
    После миење на врвовите од косата ставам масло од Balea и многу сум задоволна од истото. Ја ревитализира косата многу брзо и и дава сјај. И тоа, ако сакам да ја измачувам косичката со пегли, преси, фигара употребувам спреј за заштита од топлина исто на Balea, во розово шишенце е со пумпица, ама скоро почнав да го користам, па не можам многу да ви кажам...

    [​IMG] [​IMG]
     
  8. moonlight022

    moonlight022 Нов член

    Зачленет на:
    4 јануари 2019
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    8
    Јас употребувам head&shoulders и после пред сушење се прскам со спрејовите на шварцкоп, значи ги има различни, на сите ви ги препорачувам
     

Сподели: