1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На денешен ден...

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

  1. Aleksis

    Aleksis Jukebox

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    1,440
    Допаѓања:
    2,539
    Роден е Херман Роршак...
     
  2. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    25 MAJ ДЕН НА МЛАДОСТА- Го славеа сите републики и покраини на бивша Југосла
    год.како Ден на младоста.Јосип Броз Тито во говорот што ке го одржеше откако ке ја примеше Штафетата,која како Факелот на Олимпискиот огин поминуваше од сите градови,ќе речеше:Блазе и на таа држава што има ваква младина!Поминаа 35 години како не се слави тој ден,нема Титови пионери.
     
    #82 diva orhideja, 25 мај 2014
    Последна промена од модератор: 12 ноември 2015
  3. Onkel

    Onkel Староседелец

    Зачленет на:
    14 мај 2014
    Мислења:
    77
    Допаѓања:
    82
    Панчев разбио Марсеја :cool:
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    [​IMG]

    На денешен ден пред 34 години се упокоил Малколм Овен, фронтменот на панк-рок бендот The Ruts, еден од најдобрите панк-рок бендови во светот кои можеле да бидат и најголеми ако не се предаделе на хероинот. Највисоката цена ја платил Малколм на 26. годишна возраст се предозирал со хорс во домот на своите родители и го напуштил овој свет после неполни три години кариера со својот бенд.
    Верувам дека секој си има свои музички херои, бендови кои и не се толку познати но кои влијаеле на начинот на поимање на музиката. Кај мене еден од тие бендови е The Ruts за кој дознав случајно купувајќи пиратско цеде од на тезга `д бест оф панк-рок` или нешто слично каде што имаше една нивна песна. Неколку изрази од нивните песни си најдоа и место во мојот (скоро) секојдневен вокабулар.

    http://sabotagetimes.com/music/f-the-clash-gimme-the-ruts-any-day/

    Можеби единствени кои дошле до соголената срж на панк рокот. Немаат мохок фризови, оранж боја, накитени дог мартенс, ланци или пароли по маици. Делуваат како да ги собрале од некаде рандом без претходна припрема и ги однеле на сцена. Тоа шо се нашло...онака. Импровизација. Not giving a fuck, but creating the fuck.
    За жал како и многу нивни колеги, не само од тој жанр, подлегнале на злоупотребата на супстанци.
    Бендот се реформирал после некое време но сенката на Малколм била пресилна за да може да се зборува за некаков камбек. Рандом се собираат и ден денес но тоа е само тезгарење. Без харизмата, енергијата и природната едноставност на Овен - историјата застанала во 1980. Денес се само старци кои во 2014 се обидуваат да заработат некоја фунта на свирки наваму-натаму.


    Последната видео снимка на Малколм заедно со Рутси на некои три недели пред смртта.

    Rest in the beat heaven.
     
    #84 Outrider, 14 јули 2014
    Последна промена: 12 ноември 2015
    На diva orhideja, MoonFairy и Aleksis им се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    На вчерашен или денешен ден, зависи како се земе, почнала големата забава наречена Прва светска. Австро-Унгарската власт, накурчена поради наводното учество на српската власт во атентатот на Фрањо Фердинанд ја почнала војната со речни оклопни бродови кои го гранатирале Белград. Неколку дена подоцна Германија ја напаѓа Белгија :facepalm2 for some reason а подоцна и Франција, Русија како сојузник на Франција ја напаѓа немачка од исток а Британија се приклучува веднаш, прво на море а подоцна и на копно. Заедно со Британија се приклучуваат и доминионите-држави од Империјата и за неполн месец дена војната станува глобална. Луѓето уживале во летото, во некои земји се одело и на одмор, лабаво... и оп! за две недели цел свет е во војна.


    Се смета за прв глобален конфликт во кој на сцена стапил индустрискиот начин на убивање. Дотогаш морало да го убиеш противникот гледајќи го во очи. Оттогаш може и од подалеку.
    На сцена стапува митралезот (го имало и пред тоа, но овој пат масовно, цело село) минофрлачот, бојните отрови, тенкот, подморницата и авионот. Најиновативна војна во историјата на човекот, никогаш не дебитирале толку револуционерни начини за убивање на луѓе како тогаш.

    Бројот на жртви е тешко да се утврди некои тврдат 10 а некои 40 милиони. Зависи од методологија, дали епидемиите кои се шират поради ратот се сметаат за жртви на ратот, дали геноцидот на ерменците се смета како дел од ратот, дали срањата во Ирска се бројат и слично ама некоја средна цифра што имам сретнато е околу 21 милион мртви и десет пати по толку сакати, ранети, оболени и забегани.

    Не вториот ами првиот рат е заслужен за денешната карта на светот. Зошто е така е долга и широка.
    Што се однесува до овие простори, бројот на македонско население кое гине е барем двојно поголем него во втората војна. Разорувањата се исто неспоредливи, цел фронт минувал тука, Битола била скапана од гранатирање.
    Во Битола има и француски и немачки гробишта каде се закопани илјадници загинати.
    А втората војна го има сиот хајп, првата е заборавена. Тоа е ради нацистите, впечатлива раја биле со униформи од Хуго Бос.

    Пресвртот на ратот е `чудото на Марна` во 1914 кога французите ги сопираат германците и војната оттогаш се претвора во рововска забава на западниот фронт, без никакви промени до крајот. Друг момент е поразот на германските подморници кои (фун фацт) биле најблизу да ја добијат војната за централните сили, Немачка се распаѓа одвнатре, немаат средства и на немците им скурчува од војна, масовни дезертирања, избувнуваат револуции и востанија, Кајзерот бега во Холандија и немачка се предава.

    Престануваат да постојат Руското царство, Отоманската империја, Австро-Унгарија и Германската империја. На нивно место никнуваат нови држави, Немачка станува република, Југославија се појавува на сцена и со Версај - сцената е подготвена за следниот рат, после 21 година кој ќе биде три пати поголем.

    Раја страдала. За оние што мислат дека пост-трауматски синдроми и виетнамски синдроми се измислица на новите размазени генерации а дека старите биле храбри мажишта кои мува не ги лазела, think again.


    0.23 натаму, млади луѓе кои неконтролирано се тресат иако не се ранети физички, ментално уништени до крајот на животот. Само што тогаш никој не ги есапел многу.

    За крај сцената од еден од најдобрите анти-воени филмови, Галиполи.

     
    #85 Outrider, 29 јули 2014
    Последна промена: 12 ноември 2015
    На Selene, diva orhideja и Altaïr им се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Уште една скапана годишнина, 50 години од почетокот на правата војна во Виет Нам, дотогаш била low level. На некој лик на амерички разурнувач во заливот Тонкин му се привидело виетнамско торпедо и наредниот ден америте пратиле аскер да шири демократија. Имало два Виетнами, северен - комуњарски и јужен - клептократско-олигархиско-капиталистички, северната герила се одомаќинила на југот и корумпираниот режим барал помош од братски капиталистички земји.
    Ратот испилил уште еден куп ратови во Индокина и пошироко, го лансирал Пол Пот, почнал со измислено торпедо а завршил со евакуација на последните амерички војници и дипломати со хеликоптери од кровот на амбасадата при падот на Сајгон, 11 години и 4 милиони мртви подоцна.

    df101.jpg

    Симболот на војната, Бел УХ-1 Ирокез, нагалено викан Хјуи.
     
    #86 Outrider, 4 август 2014
    Последна промена: 12 ноември 2015
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Armistice day.
    На денешен ден, 11.11 пред 97 години, во 11.11 часот претпладне стапило во сила примирјето помеѓу Антантата и Централните сили со што официјално завршила Големата Војна, подоцна нагалено викана прва светска, првата глобална индустријализирана кланица во историјата.
    Иако официјално завршила останува да ја фрла својата сенка до ден денес како веројатно најголема прекретница во модерната историја. Без неа немало да го има ни Адолф ниту Ленин ниту Ататурк ниту Југославија ниту Хаус оф Сауд... се плашам дека и 197 години ќе бидат малку за да се залечат раните кои започнале едно сончево сараевско утро на 28.јуни 1914...
     
    На Altaïr, Tantara и Saladin им се допаѓа ова.
  8. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    На денешен ден е родена Ванеса Худгенс (inlove) (у сусрет на тоа, ќе глеаме High school musical)
     
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Рантови и лупетања пренесени од мојот блог-сираче :x
    Нема врска со денешен ден, може да е било кој ден а и било која земја, повеќе е околу идејата на етатизмот како таква...да не отварам тема и онака нема кој да чита, нека си стои тука...

    Кога Јагуари скитаат по улиците...


    Во бесконечниот калеидоскоп на етатистички предизвикани несреќи, морбидната фасцинација често се задржува на мега-манијакалните слики и сцени, оние на Хитлер и `Конечното решение`, Сталин и `Архипелагот Гулаг`, Мао со `Големиот скок напред` или Кортес со походот во `Новиот свет`.
    Но тука се и помалку експонираните а еднакво или дури и повеќе ужасни слики како оние од `Полињата на смртта` на Пол Пот, приватниот имот на злото на Леополд II Белгиски или мегаломанијата на Франсиско Солано Лопез.

    Who the fuck is Франсиско Солано Лопез?

    Се работи за историска фуснота на фуснотата, заборавен курвин син и психопат од највисок ранг кој сепак имал зад себе едно неверојатно достигнување а тоа е скоро целосна депопулација на територијата врз која имал власт, како диктатор на Парагвај од 1862 до 1870. Доаѓајќи на власт како едногласен избор на парагвајскиот конгрес на свои 32 години, после смртта на својот татко Карлос - Франсиско бил најновиот изрод во долгата низа владетели кои скоро династички владееле со оваа јужноамериканска република од стекнувањето на независноста од Шпанија.

    Франсиско ќе си останел класичен латино-диктатор со сите стереотипни атрибути доколку во младоста не пропатувал низ Европа. Тие патешествија и посети на разни метрополи го заразиле со вирусот на грандоманијата. Посебно Париз со сеуште свежите спомени за големиот војсководец, Наполеон Бонапарта - бил пресуден за младиот наследник да влезе во сериозен милитаристички `филм`.

    [​IMG]

    Парагвај бил основан како резултат на језуитските мисионерски напори да се создаде функционално општество кое ќе биде мешавина на традициите на локалните Индио и `инпутот` на новите колонисти кои верувале во овоземски рај. Иако веројатно единствени во својата искреност и храброст да одат по стапките Исусови во `новиот свет`, да ги третираат домородците како рамни на себеси па дури и да се `плодат и множат` заедно - језуитските `пулени` околу реките Парагвај и Парана немале можност да ја избегнат судбината на скоро сите новостворени држави во првиот бран на деколонизација (оној во Латинска Америка во почетокот на 19.век). А таа била сувопарна - скоро насекаде на власт се наместиле локални олигарси и големи земјопоседници со своите диктаторски династии.

    Таа судба го стигнала и Парагвај а врвот на лудилото ќе следи во една од најбизарните војни од почетокот на цивилизацијата до денес - позната како `Војната на тројната Алијанса` или поедноставно `Парагвајската војна`.
    После децении на форсирање краен национализам, шовинизам и џингоизам, засилено со екстремна милитаризација на општеството и билдање на вооружените сили, сето тоа измиксано со делузиони ситуации (прогласување на Воена морнарица во земја која што...нема море на пример) и сништа за славно војсководство - резултатот дошол сам по себе. Тоа биле 90.000 војници (во земја со проценети 850.000 жители!?) спремни за акција. Се чекала само искра која ќе го запали лудилото.

    И таа искра природно заискрила. Но по игра на случајот - тоа биднало во скоро-соседен Уругвај каде што постоел внатрешен конфликт поради обид на псевдо-либералите за државен удар, подржувани од Бразилската власт. Конзервативната власт во Монтевидео била помагана од парагвајската власт бидејќи `филмот` за станување регионален фактор бил во полн замав во главата на сењор Лопез. Обично ваква спротиставеност на интереси се остава во доменот на дипломатијата, но Лопез немал намера да се потпре на дипломатите, па нели човекот одвај чекал повод за да почне да се трансформира во Гуарани-Наполеон!
    Бразилските власти упатиле воена помош на псевдо-либералната страна во конфликтот во Уругвај а во приказната се замешала и државата Аргентина, исто така на страна на псевдо-либералите бидејќи сепак се работело за гужва во Рио де ла Плата а не некаде далеку.
    Конзервативниот лидер на Уругвај бил соборен во мешавина на државен удар и странска интервенција при што `адутот` на официјален Асунсион морал да ја напушти својата фотеља...

    И така, `изненаѓен и увреѓен` поради мешањето на Бразилската власт во тоа што го перцепирал како свој домен на интереси, Лопез се решил да покаже заби. Бидејќи бразилските сили не се обзирале премногу на Лопезовите ултиматуми, на 12.Ноември 1864 насилно бил запленет бразилски брод кој пловел по реката Парагвај. Напнатостите растеле и на 14.Декември истата година - Парагвајската држава му објавува војна на Царството Бразил! Околу 10.000 војници подржани од речни воени бродови навлегле во Мато Гросо, најзабаталената од сите забаталени бразилски провинции. Постојат места во Мато Гросо во кои и до ден денешен немала стапнато човечка нога. Инфраструктурата била непостоечка, комуникации ниту за лек - единствен крвоток биле реките и нивните притоки. Но затоа имало неколку прилично доходовни рудници на дијаманти и злато. Парагвајците мудро го заобиколиле главниот град Кујаба и после неколку нерамноправни битки во кои ги поразиле бразилските војници и доброволци - станале господари на дел од Мато Гросо, ултимативната вукојебина на Јужна Америка.

    Следен чекор во билдањето на новата империја било средување на ситуацијата во Уругвај во своја корист. Франсиско Лопез се одлучил на воена инвазија со цел враќање на власт на својот `адут` а за таа цел побарал премин на 20.000 војници низ аргентинска територија за да стигнат во Уругвај. Очекувано, барањето било одбиено, факт кој многу го разбеснил пргавиот Франсиско кој затоа и објавил војна и на Аргентина и во Април 1865 започнал офанзива кон североистокот на Аргентина. На почетокот се` изгледало розефко, парагвајската армија нижела победи и покрај Мато Гросо држела и сериозна територија во Аргентина.
    Во меѓувреме Бразил, Аргентина и Уругвај потпишале воен сојуз hence и името на самата војна...

    [​IMG]

    Обединетите сили на трите армии конечно успеале да ги задржат парагвајските единици во крвавата битка кај Јатај во областа Кориентес, во Аргентина. Таму Лопез доживеал тежок пораз и се` чинело дека војната ќе трае кратко. Но така не мислел и Лопез кој оставил цел Корпус да ги брани стекнатите територии во областа Уругвајана. Таа единица била опколена од страна на сојузниците и после неколку крвави месеци постојани напади, парагвајците се предале измачени од глад, болештини и недостаток на муниција. Повеќе сојузнички војници загинале поради хаотичниот троен команден систем и имбецилната некомпетентност на командниот кадар отколку поради Гуарани хероизмот.

    Бразилската власт одлучила дека е погоден момент за враќање на Мато Гросо и упатила неколку илјади војници да извршат контранапад. После напорен пат по река и по жестоките џунгли, десеткувани од болести и замор, бразилските единици сретнале само спорадичен отпор. Причина за тоа било што илјадници парагвајски војници веќе биле упокоени поради маларија, тифус и колера, некои се повлекле на парагвајска територија а останале само неколку утврдени претстражи, несериозен проблем за бразилската армија. Природно, откако го вратила Мато Гросо, бразилската власт се упатила во инвазија на самиот Парагвај. Но таму ги чекале новомобилизирани и свежи трупи на `генијот` Лопез кои лесно успеале да ги сопрат напаѓачите.

    Пресвртница на војната била битката кај Риахуело во Јуни 1865, речна битка со воени бродови и истовремена копнена конфтонтација која завршила со катастрофа на парагвајската `Воена морнарица`. Бразилците, ионака супериорни во поглед на речна воена техника, довлечкале и парна Фрегата (!?) од Атлантикот до реката Парана, потфат погоден за екранизација од Вернер Херцог. Контролата на Парана која била главна артерија на воената логистика им овозможила иницијатива на сојузниците до крајот на војната.

    После таа победа, сојузниците со околу 60.000 војници вршат инвазија на Парагвај. Во почетните борби, домаќините успеваат по цена на големи жртви да ги задржат напаѓачите. But the end was Nigh, nevertheless. Во новонастанатата ситуација кај диктаторот Лопез се појавуваат скромни признаци на рационалност и во Септември 1866 тој свикува мировна конференција. Периодот на луцидност го држи Франсиско само до самата конференција на која ги одбива сите предлози на сојузниците и војната продолжува понатаму...

    А ветриштата на војната имаат свои каприци кои се плаќаат со нови и нови жртви, страдање и агонија. Непосредно после неуспешната конференција, сојузниците продолжуваат со офанзивата низ Парагвај и покрај жестокиот отпор и големите загуби. Се случува неочекуваната битка кај Курупаити, релативно добро утврдена позиција која ја напаѓаат сојузничките сили. Следува тотален дебакл на сојузниците, посебно на бразилската царска армија во една од најпонижувачките порази во современата воена историја. Парагвај губи 54 мртви и 68 ранети а сојузниците околу 4.500 мртви и непознат број ранети, исчезнати и дезертирани војници. Парагвајците не прифаќале бели знамиња туку убивале се` што мрда, на тој начин вршејќи жесток воен злостор...
    Во `нормални` околности, ваква катастрофа би го сменила текот на војната во корист на победникот - но во овој случај тоа било малку веројатно. Поради загубите и малиот резервен фонд на машко военоспособно население, парагвајската власт почнала да регрутира и шуто и рогато, од 14 до 70 години, полесно ранетите бидувале набрзина `закрпени` и пратени на фронт а не борбените линии осамнале и жени...

    Сојузниците имале барем 30 пати повеќе население од Парагвај, излез на море и можност за набавка на оружје и опрема. Парагвај бил опколен и без начин да набави било што. Бразилската речна флота ги контролирала сите реки и притоки и полека но сигурно сојузниците освојувале дел по дел од Парагвај. Чудно но вистинито - парагвајските `патриоти` се бореле често до последен човек нанесувајќи тешки загуби на агресорите. Сепак тоа било само одложување на неизбежното...

    Точно на Нова година, 1.Јануари 1869, паднал и Асунсион. Сојузниците почнале да слават крај на војната и конечна победа...но така не мислел Лопез и еден дел од армијата кои се повлекле низ руралните предели и започнале герилска кампања.
    Немајќи повеќе возрасни војници за мобилизација, парагвајските офицери врбувале деца од 12 до 15 години на кои со јаглен им цртале брада и мустаќи за да делуваат `возрасни` а како замена за пушки им биле поделени ножеви, секири, вили, стапови, чекани...и изделкани парчиња дрво во вид на пушка, избоени така што да даваат илузија дека се работи за вистинска пушка. Не е познато дали сериозно очекувале дека искусните сојузнички војници ќе бидат измамени од дрвените пушки но како и да е, мора да се земе предвид дека лудилото веќе си пуштило длабоки корени, повеќе отколку во многу други војни.

    Очајот (левел Хитлерјугенд во Април 1945) колку и да бил тажна и залудна работа - сепак на момент ги запрел сојузниците. Лопез успеал да присобере околу 25.000 деца, старци и жени во обид да направи последен мега-херојски last stand со кој би издејствувал нова мировна конференција. Неколку битки и неколку порази подоцна, несудениот парагвајски Бонапарта бил `сардисан` во едно село во Март 1870. со помалку од 300 војници. Одбивајќи да се предаде, иако ранет - лично го предводел последниот суицидален јуриш. Лопез за разлика од својот идол - паднал на бојното поле перфориран од куршуми со што завршила кариерата на несомнено храбриот иако не баш најбистар диктатор кој започнал војна против три земји истовремено.

    Неполн месец после смртта на Лопез - војната завршила. А последиците, земено процентуално - ги надминуваат и оние на `Нултата година` на Пол Пот и оние на `Слободната држава Конго` на Леополд II. Парагвај изгубил дел од територијата, но бил оставен да `државствува` и понатаму. На врвот на успехот - Парагвајската држава имала армија од 150.000 војници, што е на границата на возможното, ако не се знае што све не се подразбирало под `војник`. Тоа бил збир на машки лица од 12 до над 70 години, на ранети и болни, па дури и жени. Наредната година по завршувањето на војната бил извршен попис кој покажал 220.000 жители од кои само 29.000 возрасни мажи над 18 години!
    Тоа значи дека Франсиско Солано Лопез и неговата хунта загубиле три четвртини од вкупното население на својата држава, а соодносот на возрасни мажи и жени веднаш после војната бил скоро 5:1 во корист на жените!

    [​IMG]

    Цифрата од 630.000 мртви не ги вклучува новородените во периодот од 1864-1871 кои умреле поради глад, болести и инфекции. Сојузниците загубиле најмалку 100.000 војници и цивили со што конечната цифра иако недофатлива секако би била над 750.000 мртви, што ја засенува и Американската граѓанска војна која се водела истовремено на север и ја прави Парагвајската војна најкрвава во модерната историја на панамериканскиот континент.

    Некои историчари тврдат дека Парагвај не се опоравил целосно од таа војна до ден денешен.
    Сојузничките војници раскажувале за апокалиптични сцени низ Асунсион во самракот на сударот. Јагуари, битија крајно несклони да се експонираат во урбани средини - се гоштевале со ранетите и болните низ улиците. Глутници кучиња влечкале лешеви на деца оставајќи крвав траг низ правливите сокаци на етатизмот.
    Не верувам дека постои поголем симбол на целосна катастрофа отколку сцена во која наоколу се мотаат Јагуари of all creatures, кои привлечени од мирисот на смртта ноншалантно се движат по улица и си одбираат жртви.
    Со недели и месеци немало кој да ги закопа лешевите кои трулеле на врелото сонце привлекувајќи библиски сцени преку наезда на инсекти и глодари. И оние мажи кои преживеале биле одечки скелети, лица-лузни, осакатени сенки кои безволно се тетеравеле во непознат правец, ментални руини немоќни да направат било што...
    Повторно, како и во многу наврати фантазијата е немоќна пред реалноста во поглед на ужасот.

    Тотално уништена и онаа малку инфраструктура која постоела, демоцид од епски размери, губење на скоро целото писмено и образувано население, упокоена сета возрасна машка работна сила потребна за реставрација на системот, уништено земјоделие и сточарство и тешки намети за користење на речните патишта - сето тоа значело совршен рецепт за децении и децении страданија за тамошната раја во мера тешко разбирлива, мачна за перцепција, одвратна за контемплација.

    А како што може да се заклучи од погоре постираната почесна поштенска марка во чест на Лопез при 100. годишнината од крајот на војната - етатистичкото лудило во таа заборавена земја сеуште е силно и го слави `херојството` на `домољубниот лидер` кој `јуначки се борел на три фронта` и бил на пат да стане деминутивен Наполеон.
    Цената, т.е. демоцидот на три четвртини население на една тажна, небитна и напатена територија заедно со страдањата кои ако постои рисјански пекол - би биле еталон за мерка `болка` кај дежурните ѓаволи покрај казаните - биле резултат на патолошките мечтаења на претставниците на државната власт, ништо повеќе.

    Но ништо од тоа не е најжалната работа во сета таа неважна историја.
    Не се ниту Јагуарите кои кинат раце и нозе по улиците, војниците кои си ги серат цревата поради Колера, 12-годишни дечиња кои со нацртана брада со јагленче и со дрвена пушка-играчка бидуваат разнесени од граната, ниту гладот ниту мачната и бавна смрт.
    Најжална е неразнишаната верба во идејата на етатизмот и покрај се`.

    Viva el Estado !


    :x(smoke)
     
    На existence и Altaïr им се допаѓа ова.
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Утринска војна


    Војната е можеби најгрозниот феномен произлезен во долгите еони на човеково битисување. За да почетокот на овој бантер не испадне несолена шега во стилот `госпоѓо Кенеди, ако за момент го оставиме настрана атентатот, кажете ни како ви се допадна парадата во Далас` - би се осврнал на нешто повеќе од ламентирање околу човечките страдања и материјалните загуби како нешто кое се подразбира при секој еден бантер на тема Војна.
    Значи ако баш мораме да ги оставиме наведените зла настрана - повторно ќе дојдеме до погорниот заклучок дека војната е тотално срање бидејќи е најголем трошач на ресурси, ја мобилизира цела економија за крајно деструктивни цели, ја цица до даска целата енергија на популацијата и остава опашки кои се влечат до Судниот ден а можеби и некое време потоа...

    Но има и онакви војни кои ако се оди според логиката на `бирање на помало зло` - човек би ги посакал, дури и би бил среќен доколку на животната траекторија мора да прејде преку војна а таа војна е иста или слична со Англо-Занзибарската војна од 1896. Поточно од Август 1896. Уште поточно од 27-ми Август 1896. А најточно од 09:00 до 09:45 утрото според Источноафриканската временска зона.

    На прв поглед шега која не изобилува со хумор - сепак таква војна која траела 45 минути се случила и претставува бизарен историски факт. Како и фактот за постоењето на држава на истоимениот остров со име Занзибар. Или фактот што таа држава со големина на шоља за кафе била исправена пред најголемата Империја која човештвото имало несреќа да ја доживее - Британската Империја на кралицата Викторија од Хановер спрема која империите на наводниот бисексуалец од Пела, крајно напалениот монголски Кан, корзиканскиот кепец или монотестикуларниот носител на смешен брк од Браунау на Ин - делуваат смешно и јадно.

    И како е можно такво нешто како војна за времетрање кое едвај е доволно за да човек испочитува шоља со кафе, колаче со Марципан и квалитетен Вириџија тутун?

    [​IMG]

    Наоѓајќи се на релативно значајно стратегиско место со поглед кон конкурентната Империја во зародиш, онаа на Хоенцолерните и нивната Тангањика (Германска Источна Африка) - британската империјална власт немала ништо против овој остров да си остане независен се` додека Султанот доаѓа во британскиот конзулат во Градот на камењата на бацување рака и длабоко и понизно поклонение.
    После смртта на последниот Султан кој бил доволно рационален да се поклони онолку колку што ќе побараат од него, неговиот наследник наречен Халид бин-Баргаш немал таква намера, што поради наследно лудило, што поради искривена перцепција за храброст (а можеби бил само `фатен` во половината) и по стапувањето на тронот на 25-ти Август 1896 тој го прекршил договорот према кој секој Султан кога стапува на престолот мора да се поклони на британскиот конзул и да го извести за своите намери.
    Обземен од грандоманија, бин-Баргаш одлучил да се бори!

    Наредниот ден телеграфот донел ултиматум од 24 часа после чие истекување на сцена би стапила британската Кралска морнарица, во тоа време појака од било кои две морнарици во светот - сметани заедно.
    Со што би можел Занзибар да се брани? Дали тоа поседувал некакви супер-оружја, дали на своја страна лудиот Султан бин-Баргаш можел да ги повика натприродните Демони на осветата?
    За да се спротистави на таа суперсила, Занзибарската флота имала една стара Фрегата (во време кога фрегатите со комбиниран погон на пареа и едра биле веќе реликт на некои одамна минати времиња) која се викала Глазгов (!?), можеби поради тоа што Султанот бил фан на Селтик а можеби дури и на Ренџерс иако се сомневам во тоа. Освен како воен брод - таа служела и како јахта за потребите на размазените владетели на овој мал остров.

    Од другите бродови тука бил еден трговски пароброд за долга океанска пловидба (Њанза), два трговски параброда за долга крајбрежна пловидба (Сордсмен и Акола) и три мали параброда за крајбрежна пловидба (Киха, Есплоратер и Барава). Нивната намена била да се бават со трговија а за потребите на војната биле крајно оскудно преуредени со т.н. помошни крстосувачи со ставање на еден до два топа, евентуален митралез и пар пешадиски водови со пушки на нив.

    Пешадијата можела да смета на околу 3.000 војници, мешавина од професионални султанови гардисти, понекој вистински и многу самонаречени офицери, граѓани-доброволци кои веднаш се пријавиле за одбрана на својата си држава а `кремот` на оваа армија биле околу 700 Аскари, одлично подготвени африканци во колонијална служба на разните империи.

    Артилеријата покрај двата модерни топа во калибар 75мм, подароци од страна на комшискиот владетел, германскиот Кајзер и десетина прастари топови од Наполеонско доба со ѓулиња и црн барут поседувала и барем еден 9-цевен Гетлинг (тоа се оние чудесии кои пукаат со помош на вртење на курбла) и 6 модерни Максим митралези кои можеби биле највредниот инвентар во оваа скромна војска.

    Британците реагирале скоро лаконски, собирајќи ги најблиските бродови во околните води кои имале доволна брзина за да стигнат навреме да го енфорсираат ултиматумот предводени од супер-модерниот оклопен крстосувач Сент Џорџ од 7.500 тони - кој сам по себе бил неспоредливо посилен од целиот занзибарски арсенал.
    Ад-хок составената флотила содржела и два лесни крстосувачи (Ракун и Филомел) и два слупа (мал брод за колонијална патрола), Траш и Спероу.
    На нив и на неколку трговски брода се наоѓале и десантните сили со околу 1.100 војници од кои 900 Аскари и 200 припадници на морнаричката пешадија (познати и како `маринци`).

    Ултиматумот истекувал утрото на 27.08.1896 во 09.00 и затоа новата занзибарска власт имала потполно незаборавни 24 часа во кои се обиделе да издејствуваат признавање од странските сили, брзајќи од конзулат до конзулат- биле одбивани и од американците и од германците и од португалците...што значи дека мора да имале луда ноќ во исчекување на британската реакција. Султанот, охрабрен од гласовите во главата, воопшто не одговорил на ултиматумот...

    А реакцијата била жестока и брутална, на самата минута на истекување на рокот - британските бродови отвориле оган кон султановата палата, пристаништето и занзибарските бродови, истовремено истоварувајќи ги десантните сили кои се упатиле да го заштитат својот конзулат, царинските објекти (!?) и разни клучни точки низ градот.
    Наидувајќи на спорадичен и крајно неефикасен отпор тие ги постигнале своите цели за триесетина минути. Комичната занзибарска артилерија се обидела да ги гаѓа британските бродови од брегот пред да биде уништена од релативно прецизниот оган на противникот.
    Поморската `битка` била најинтересниот момент, фрегатата Глазгов отворила оган врз Сент Џорџ во момент на неочекувана храброст. Првиот плотун на британците бил доволен за дрвениот Глазгов да биде потопен а после дваесетина минути на плиткото дно пред пристаништето се нашле сите преостанати занзибарски бродови. Сцена за паметење било пукањето на занзибраски морнари со пушки кон челичните британски бродови...

    [​IMG]

    Меѓувремено палатата била претворена во руина, `домашните` Аскари немоќни против `странските` во последниот обид за одбрана а пристигнале и маринците подржувани од бродска артилерија бидејќи британските бродови веќе се укотвиле во пристаништето...и лагодно, како на вежба ги гаѓале противничките пешадинци.
    На улиците се појавило и засилување од една чета со 150 Сики, брадати носители на турбани и професионални војници кои биле последен чин кој довел до безусловна капитулација на занзибарските сили во 09.45 часот.

    Султанот чија вистинска природа на обична кукавица очекувано изронила на површина - преплашен и хистеричен избегал со педесетина гардисти во германскиот конзулат. Британците барале екстрадиција но таа била одбиена поради високата самодоверба на германските чиновници и поради пркосење на својот колонијален ривал. Среќна околност која го спасила султанот од судбината на Џулијан Асанж било тоа што конзулатот се наоѓал на самиот брег а водата била доволно длабока за да дозволи впловување на поголем брод, во случајот германскиот лесен крстосувач `Зеадлер` кој го натоварил султанот со бегалската свита и пред носот на британската флота го одвел во Дар ес-Салам.
    Сепак британците како особени злопамтила се присетиле на овој лик при падот на колонијата во нивни раце за време на Големата војна во 1916. кога Халид бин-Баргаш бил затворен а подоцна ја имал сомнителната чест да биде протеран на островот Света Елена, последното уточиште на веќе споменатиот корзикански кепец.

    На негово место бил поставен неговиот роднина Хамуд бин-Мохамед, халал-Султан, скроен према потребите на британските интереси.

    Тоа биле тие драматични 45 минути кои завршиле со антиклимакс и без херојска последна одбрана на својата си света земја од страна на ментално нестабилниот владетел.
    Секако најкратка војна во познатата историја, овој настан ќе остане повеќе познат од многу поголеми и крајно крвави конфликти поради својата бизарност и невообичаеност и поради погодноста да се најде на разни Топ Тен листи и рубрики за историски куриозитети.
    Она што нема да биде запаметено е дека 45-минутната потрага по слава на една дебиласта власт чинела 540 мртви, ранети и исчезнати особи, сите славни занзибарски синови, доволно неуки да го положат својот живот за...што? Па за ништо, фала на прашањето. Како и милиони други лица низ светот.

    Британските загуби биле - еден ранет морнар...

    :x:^)
     

Сподели: