На денешен ден...

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Родена е Џос Стоун, мноо ми е секси она : ) и генерација ми е
Хепи ти брдеј лепото
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Потонат е Титаник
Отфорена е прва продавница са срање храну Мекдоналдз
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Убиен е Биги (ноториус Би Ај Џи)
Тајсон му га грицна уфце на Холифилда
 

Kanasai

Полноправен Член
8 мај 2013
38
19
8
27
996 - Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски Император.
1871 - Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
1881 - Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон.
1904 - Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
1927 - Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1932 - Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
1945 - Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол.
1956 - Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.
1992 - Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
2003 - Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица.
2006 - На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
  • 1897 -Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
  • 1911 - Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
  • 1944 - Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати.
  • 1968 - Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги завзеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји.
  • 1983 - Филипинскиот oпозиционен лидер Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
  • 1990 - На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за прв пат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
  • 2000 - Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 km. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
  • 2006 - Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
3 Ноември
  • Доминика - Ден на откривањето ((1493) и Ден на независноста (1978)
  • Либерија - Ден на благодарноста
  • Панама - Ден на независноста (1903)
  • Украина - Ден на ракетните сили и артилеријата
  • Украина - Ден на инжинерската војска
  • Јапонија - Ден на културата
  • 1918 Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австро-Унгарија.
  • 1944 На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
  • 1944 Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
  • 1951 Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 г. Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.
  • 1992 Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
  • 1993 Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
  • 2004 Републиканецот Џорџ Буш, по втор пат е избран за претседател на САД. Џорџ Буш, кој е 43-тиот американски претседател, на должноста стапи на 20 јануари 2001 година. Буш е син на Џорџ Буш Постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.