На денешен ден...

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
25-ти јули е 206-иот ден во годината според григоријанскиот календар (207-и во престапна година). Остануваат 159 денови до крајот на годината.
Настани:
1878 – Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон.
1917 – Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна.
1945 – Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1968 – Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето.
1984 – Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.
Родени:
1894 – Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд.
1919 – Илија Антевски – Смок, македонски комунист.
1920 – Розалинд Френклин, англиски научник.
1920 – Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.
1925 – Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ.
1946 – Љупка Димитровска, македонска пејачка.
1966 – Сервет Хајредини, поранешен член на ОНА.
1973 – Билјана Беличанец – Алексиќ, македонска глумица.
1976 – Јовица Тасевски – Етернијан, македонски поет.
1978 – Луис Џој Браун, првото бебe од епрувета.
1986 – Андреј Шкиотов, руски кану спринтер.
Починале:
1492 – Папа Инокентие VIII, римски папа.
1533 – Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују.
1564 – Фердинанд I, цар на Светара Римска Империја.
1794 – Андре Шение, француски поет.
1834 – Семјуел Тејлор Колриџ, aнглиски поет.
1980 – Владимир Висоцки, советски пејач.
1986 – Винсент Минели, американски филмски режисер.
1987 – Крсто Симовски, учесник во НОВ.
1999 – Богољуб Арсиќ, учесник во НОВ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 4FUN

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
26-ти јули е 207-иот ден во годината според григоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.
Настани:
1953 – Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантијаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956 – Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963 – Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија – Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5 од стамбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996 – Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор – Кристофер Хил.
1996 – Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.
Родени:
1782 – Џон Филд, ирски композитор.
1856 – Џорџ Бернард Шо, англиски писател.
1862 – Васил Иванов К’нчов, бугарски научник.
1875 – Карл Густав Јунг, швајцарски психијатар.
1894 – Олдос Хаксли, англиски писател и есеист.
1928 – Стенли Кјубрик, американски режисер.
1934 – Даница Ручигај, македонска поетеса.
1943 – Мик Џегер, американски музичар.
1954 – Роза Топузова Каревска, македонски политичар.
Починале:
1471 – Папа Павле II, римски папа.
1867 – Ото I, грчки крал.
1902 – Шарл Дадан, француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
1917 – Едгар Дега, француски сликар.
1925 – Готлоб Фреге, германски математичар.
1926 – Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година.
1952 – Ева Перон, популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
1985 – Фреди Перлман, анархиста, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
На денешен ден пред 49 години, поточно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес !

Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.



http://architect.mk/arhitektura/dom...alniot-zemjotres-vo-skopje-26071963-26072010-
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Gemini

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
27-ми јули е 208-иот ден во годината според григоријанскиот календар (209-и во престапна година). Остануваат 157 денови до крајот на годината.
Настани:
1830 – Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839 – Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981 – Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989 – Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001 – САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
Родени:
1832 – Ѓура Јакшиќ, најголемиот лиричар во српскиот романтизам и еден од најталентираните српски сликари на XIX век.
1835 – Џозуе Кардучи, италијански поет, добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година.
1874 – Иван Ачков, македонски револуционер.
1915 – Марио дел Монако, италијански драмски тенор.
1946 – Раде Шербеџија, српски актер и пејач со потекло од Хрватска.
1965 – Хозе Луис Чилаверт, парагвајски голман.
1972 – Јанко Нинов, македонски поет.
1977 – Џонатан Рис Маерс, ирски актер.
1983 – Горан Пандев, македонски фудбалер.
Починале:
916 – Климент Охридски, словенски просветител.
1061 – Папа Никола II, римски папа.
1741 – Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1841 – Михаил Јурјевич Лермонтов, руски поет, еден од најголемите светски романтичари, автор на познатиот роман во стихови Демонот.
1844 – Џон Далтон, англиски хемичар и физичар.
1880 – Мохамед Реза Пахлави, ирански шах во прогонство, кој 37 години владеел со Иран. Роден е во 1819 година.
1950 – Вецко Домазетовски, македонски есеист.
1981 – Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1982 – Загорка Миќиќ, југословенски и македонски доктор по философија.
2001 – Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2010 – Димитар Циев, југословенски и македонски одбојкар.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
28-ми јули е 209-иот ден во годината според григоријанскиот календар (210-и во престапна година). Остануваат 156 денови до крајот на годината.
Настани:
1821 – Перу прогласува независност од Шпанија.
1858 – За прв пат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи.
1914 – Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија. Tри дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
1937 – Јапонците во текот на Кинеско-јапанската војна го завземаат Пекинг.
1945 – Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
1976 – Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе.
Родени:
1165 – Ибн Араби, арапски философ.
1804 – Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ.
1887 – Марсел Дишан, француски сликар и скулптор.
1915 – Чарлс Таунс, американски физичар и Нобелов лауреат.
1921 – Воислав Кушевски, македонски историчар.
1929 – Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на Џон Кенеди и Аристотел Оназис.
1943 – Ричард Рајт, англиски музичар, член на Пинк Флојд.
1954 – Хуго Чавез, претседател на Венецуела од 1998 година, ориентиран кон воведување на демократски социјализам во земјата.
1956 – Ирена Колиштрковска Настева, македонски археолог.
1974 – Алексис Ципрас, грчки политичар.
Починале:
1741 – Антонио Вивалди, италијански композитор и виртуоз на виолина.
1750 – Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката.
1794 – Максимилијан Робеспјер, еден од главните водачи на Француската револуција.
1904 – Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп.
1968 – Ото Хан, германски хемичар и нуклеарен физичар. Добитник е на Нобеловата награда за хемија.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
30-ти јули е 211-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (212-и во престапна година). Остануваат 154 денови до крајот на годината.
Настани:
1619 – Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.
1971 – Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.
1974 – Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.
1975 – Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа.
1980 – Вануату прогласува независност.
Родени:
1511 – Џорџо Вазари, италијански сликар и архитект.
1818 – Емили Бронте, англиска писателка.
1863 – Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили.
1898 – Хенри Мур, британски вајар.
1947 – Арнолд Шварценегер, американски актер и политичар.
1950 – Габриеле Салваторес, италијански режисер и сценограф.
1970 – Кристофер Нолан, британско-американски филмски режисер.
1982 – Ивон Страховски, австалиска актерка.
Починале:
579 – Папа Бенедикт I, римски папа.
1771 – Томас Греј англиски поет.
1898 – Ото фон Бизмарк, Железниот Канцелар, обединителот на Германија.
1912 – Муцухито, јапонски цар.
1974 – Лав Книпер, руски композитор.
1996 – Клодет Колбер, ѕвезда на Холивудските комедии.
2007 – Ингмар Бергман, шведски филмски и театарски режисер и сценарист.
2007 – Микеланџело Антониони, италијански режисер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
31-ви јули е 212-иот ден во годината според григоријанскиот календар (213-и во престапна година). Остануваат 153 денови до крајот на годината.
Настани:
904 – Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498 – Кристифор Колумбо, големиот шпански морепловец, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидад, а потоа и за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1849 – Во битката кај Шегешвар, умира Шандор Петефи, најголемиот унгарски поет на сите времиња, водачот на националното движење од 1848 година.
1941 – Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за елиминирање на Евреите во Европа.
1945 – Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954 – Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот Годвин Остин, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964 – Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.
Родени:
1800 – Фридрих Велер, германски хемичар.
1912 – Милтон Фридман, американски економист и нобеловец
1919 – Примо Леви, италијански писател.
1965 – Џоан Роулинг, шкотска писателка.
1969 – Антонио Конте, италијански фудбалер и тренер.
Починале:
1784 – Дени Дидро, француски филозоф.
1849 – Шандор Петефи, унгарски поет.
1886 – Франц Лист, унгарски пијанист и композитор.
1907 – Пандо Кљашев, македонски револуционер.
1944 – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар.
2001 – Тахир Синани, поранешен член на ОНА.
2001 – Бурим Хусеини, поранешен член на ОНА.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Настани
1582 По неколку други европски земји, и во Франција е воведен Грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9. декември како 20. декември.
1830 Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава.
1994 Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1902 Француските научници Марија и Пјер Кири лабараториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабараториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.

Родени
1699 Христоф Томас Шефлер, германски фрескописец.
1902 Васил Иљоски, македонски писател.
1908 Петар Шапкарев, бугарски економист.
1915 Илија Џувалековски, истакнат македонски актер.
1917 Дејвид Бом, американски квантен физичар.
1923 Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик.
1928 Сервет Салиу, македонски политичар.
1957 Ана Виси, грчка и кипарска пејачка.

Починале
217 Папа Зефириниј, римски папа.
1355 Стефан Душан, српски цар.
1937 Ерих Лудендорф, офицер во германската армија.
1982 Артур Рубинштајн, пијанист.
1996 Карл Саган, американски астроном.
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
На денешен ден 27 декември:

1938 - Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател Ристо Крле
1717 - Роден Папа Пиј VI - римски папа
1949 - Роден Трифун Костовски македонски деловен човек, донатор и поранешен градоначалник на Скопје
1923 - Починал францускииот инженер и градител на познатата Ајфелова Кула, Густав Ајфел
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
На денешен ден-9ти Април


1387 -Османлискиот султан Мурат I го освои Солун.

1682 -Роберт Кавалие де Ла Сал го откри устието на реката Мисисипи, го прогласи за француска територија и го нарече по својот крал - Луизијана.

1821 -Роден е Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век.

1865 -Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предаде заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што заврши Граѓанската војна во САД.

1867 -Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификуваше договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар.

1873 -Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.

1909 -Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.

1967 -Првиот лет на Боинг 737.

2003 -Багдад и Ирак беа освоени од коалиционите сили предводени од САД.