1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На денешен ден...

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

  1. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    19-ти јуни е 170-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (171-ви во престапна година). Остануваат 195 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1819 – Американскиот параброд Савана пристигна во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа беше првиот брод на водена пара кој го помина Атлантикот.
    1862 – Конгресот на САД донесе решение за укинување на ропството на својата територија.
    Родени:
    1269 – Елеонора, грофица од Бар.
    1623 – Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф.
    1781 – Џорџ Стивенсон, англиски инженер – пронаоѓач.
    1896 – Волис Симпсон, сопруга на Едвард VIII.
    1918 – Илија Милчин, македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач.
    1966 – Марјан Додовски, македонски политичар.
    1967 – Бјорн Дели, норвешки скијач.
    1970 – Владимир Пешевски, македонски политичар.
    1978 – Дирк Новицки, германски професионален кошаркар.
    Починале:
    1500 – Едмунд, војвода од Сомерсет.
    1747 – Алесандро Марчело, италијански благородник, поет, философ, математичар и композитор.
    1820 – Џозеф Бенкс, англиски ботичар.
    1867 – Максимилијан, австриски надвојвода и цар на Мексико.
    1876 – Михаил Бакунин, руски револуционер.
    1949 – Владимир Назор, хрватски писател.
    1993 – Вилијам Голдинг, англиски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
    1997 – Георги Арсовски, македонски поет.
     
  2. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    25-ти јуни е 176-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (177-ми во престапна година). Остануваат 189 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1876 – Се одвива Битката кај Литл Биг Хорн во која умира Џорџ Армстронг Кастер.
    1950 – Започнува Корејската војна.
    1991 – Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија.
    1998 – На пазарот лансиран е оперативниот систем Мајкрософт Виндоуз 98.
    2009 – Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, починал во Лос Анџелес поради предозираност со анестетици на 50-годишна возраст.
    Родени:
    1242 – Беатриса, војвотка од Бретања.
    1852 – Антони Гауди, каталонски архитект.
    1864 – Валтер Нернст, германски физичар и хемичар, добитник на Нобелова награда за хемија.
    1883 – Петар Здравев, професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
    1900 – Луис Маунтбатен, британски вицекрал на Бурма.
    1903 – Џорџ Орвел, англиски писател.
    1924 – Сидни Ламет, американски актер и режисер.
    1934 – Петре М. Андреевски, македонски писател.
    1942 – Ангел Гавровски, македонски сликар.
    1956 – Борис Трајковски, претседател на Република Македонија.
    1963 – Џорџ Мајкл, британски пејач.
    1966 – Дикембе Мутомбо, НБА кошаркар со потекло од ДР Конго.
    1975 – Владимир Крамник, руски шахист.
    Починале:
    1533 – Мери Тјудор, кралица на Франција.
    1822 – Е.Т.А. Хофман, германски писател и композитор.
    1861 – Абдул Меџид I, султан на Османската Империја.
    1990 – Кузман Сотировски, македонски фудбалер.
    1998 – Жак-Ив Кусто – француски истражувач, научник и иноватор.
    2009 – Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката.
    2009 – Фара Фосет, американска глумица.
    Празници:
    * Ден на независност на Мозамбик.
     
  3. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Одлучив да ставам само еден настан.
    03. 07. 2012


    129 години од раѓањето на книжевната легенда Франц Кафка
    Кафка е еден од авторите чија генијалност, како што обично најчесто бива со генијалните умови на полето на уметноста, беше откриена после неговата смрт. Со писателски израз кој го манифестираше во неколку жанрови (дневници, романи, раскази и писма), Кафка го сметаат за писател на чие литературно дело му е претесна секаква категоризација од аспект на книжевни правци и школи.

    Франц Кафка е роден на 3 јули (денешен ден), 1883 година, во Прага, во еврејско трговско семејство. Неговиот татко бил насилен карактер кој единствена вредност во животот гледал во количеството на заработени пари и општествен успех. Кафка нема некоја посебна поддршка ниту од неговата мајка, па животот му бил во перманентна запуштеност и растргнатост помеѓу семејните конфликти.

    Таквата атмосфера во која растел, придонесува за тоа Кафка целиот свој живот да го живее осаменички, тешко сфатен и разбран од средината и општеството. Психолошките и емоционални состојби на Кафка протолкувани се на различни начини. Некои неговата духовна состојба ја перцепираат како последица од конфликтот и вечното недоразбирање со неговиот татко, други ја истакнуваат Кафкината општествена критика, додека трети упатуваат на неговата згорзеност од насилството, неморалот и апсурдот.

    [​IMG]

    Низ целокупното негово творештво се константно се провлекува критика кон семоќноста и бескрупулозноста на бирократскиот систем, ликови со чувство на вина и збунетост, како и сивото секојдневие кое го потиштува, емоционално и духовно го потиштува и поразува субјектот правејќи го да се чувствува безначаен и беспомошен. Во своите текстови често се среќаваат мистериозни, таинствени и морбидни моменти. Преобразбите (телесни и духовни) се еден од неколкуте стожерни и водечки мотиви кои Кафка перманентно ги истражува, развива и обработува низ своите дела.

    Од аспект на формалното образование, Кафка има завршено право. Зборувал германски, чешки и француски јазик. Интересен е фактот дека пишувал само на германски јазик. Неговата амбиција била да живее слобнодно, а бил вреден и примерен работник. Од друга страна, бил осамен писател, во постојана борба со сопственото пишување и сопствените дела, често спиејќи и врз своите ракописи.

    Според извесни медицински наоди и тврдења (од кои некои воопшто не се релевантни и од медицински аспект) страдал од депресија, страв од општеството, мигрена и на крајот од туберколоза. Туберколозата кај него била во напредна фаза, а поради болките во грлото на крајот престанал да јаде.

    [​IMG]

    Ликовите во романите и расказите од Кафка не успеваат да востпостава комуникација со средината, опкружувањето, општественото уредување и семејните врски. Најчесто се осаменици во кои Кафка вградувал и инкорпорирал голем дел од својата личност. На смртната постела, Кафка го замолува својот пријател Макс Брод да ги запали сите негови ракописи. За среќа на човештвото и литературата, Брод не го послушал Кафка и не му ја исполнил оваа последна желба (и за тоа сме му вечно благодарни и должни), туку, напротив, посмртно ги објавил сите Кафкини записи. Починува на 3 јуни, 1924 година.

    Претпоставките уште колку и што сè ќе напишел Кафка и ќе ја облагородел книжевната уметност и човештвото доколку не починеше млад, остануваат само во сферата на погодувањето. Романите Процес, Замок, Америка, потоа, неговите раскази, дневниците и писмата (сите објавени и достапни за читателите) се едни од највлијателните, најоригинални и најдобри литературни дела во книжевната историја.

    Некои од најпознатите цитати од Кафка:

    „Оние кои не го паметат минатото, осудени се на тоа да го повторуваат истото“

    „Злото може да го заведе човекот, но не може самото да стане човек“

    „Јас сум во синџири. Не допирај ги моите синџири“

    „Во човековата борба против светот, обложи се на светот“
     
  4. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    5-ти јули е 186-иот ден во годината според григоријанскиот календар (187-и во престапна година). Остануваат 179 денови до крајот на годината.
    Настани:
    1687 – Исак Њутн ја објавува книгата „Математички принципи на природната философија“.
    1811 – Венецуела објавува независност од Шпанија.
    1830 – Франција го окупира Алжир.
    1884 – Германија го освојува Камерун.
    1946 – Во Париз, Франција, за прв пат е промовиран новиот женски костум за капење – бикинито.
    1954 – Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That’s All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот.
    1962 – Алжир добива независност од Франција.
    1975 – Зелено’ртските Острови добија независност од Португалија.
    1977 – Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер.
    1989 – Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide.
    2000 – Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“
    2006 – Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија.
    Родени:
    1321 – Јована, кралица на Шкотска.
    1857 – Клара Цеткин, борец за женски права.
    1889 – Жан Кокто, француски писател, поет, дизајнер, драматург, боксерски менаџер и режисер.
    1891 – Тин Ујевиќ, еден од најголемите хрватски поети на сите времиња.
    1891 – Џон Хауард Нортроп, американски хемичар и Нобелов лауреат.
    1911 – Жорж Помпиду, француски политичар.
    1973 – Рошин Марфи, ирска пејачка.
    1979 – Милош Симовиќ, српски криминалец.
    1987 – Александер Кристоф, норвешки велосипедист.
    1996 – Доли, првиот клониран цицач.
    Починале:
    1833 – Жозеф Ниепс, француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија.
    1932 – Саша Черни, руски поет.
    1939 – Ефтим Спространов, македонски револуционер.
    1965 – Порфирио Рубироса, доминикански дипломат, Формула 1 возач и меѓународен плејбој.
    1969 – Валтер Гропиус, германски архитект.
    1988 – Драга Чаловска – Секуловска, македонски новинар.
    Празници:
    * Венецуела – Ден на независноста.
    * Алжир – Ден на независноста.
    * Зелено’ртски Острови – Ден на независноста.
     
  5. девојкатаовен

    девојкатаовен Полноправен Член

    Зачленет на:
    12 јуни 2012
    Мислења:
    50
    Допаѓања:
    49
    Денес е 6ти јули, светски ден на бакнежот :*

    Иако останаа уште 4 мин од денеска :D
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    7-ми јули е 188-иот ден во годината според григоријанскиот календар (189-и во престапна година). Остануваат 177 денови до крајот на годината.
    Настани:
    1937 – Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротиставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
    1969 – Во Канада, прифатен е Актот за официјален јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик.
    1985 – Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
    2000 – Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
    2005 – Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци.
    Родени:
    1690 – Јохан Тобијас Кребс, германски композитор.
    1860 – Густав Малер, австриски композитор.
    1887 – Марк Шагал, руско-француски сликар.
    1893 – Владимир Мајаковски, руски писател.
    1893 – Мирослав Крлежа, хрватски писател.
    1921 – Васко Карангелески, народен херој на Македонија.
    1922 – Пјер Карден, италијански- француски моден креатор.
    1926 – Радка Кушлева, бугарска народна пејачка.
    1940 – Ринго Стар, тапанар на Битлси.
    1959 – Муса Џафери, македонски политичар и член на ОНА.
    1967 – Сашо Мацановски – Трендо, македонски ТВ водител.
    1974 – Наталија Тодоровска, македонска ракометарка.
    Починале:
    1304 – Папа Бенедикт XI, римски папа.
    1307 – Едвард I, англиски крал.
    1573 – Јакопо Бароци да Вињола, италијански архитект.
    1854 – Георг Ом, германски физичар.
    1890 – Анри Нестле, основач на „Нестле“.
    1907 – Телос Агапинос, офицер во грчката армија.
    1914 – Дејвид Брајан, американски филмски актер.
    1923 – Таската Серски, македонски револуционер.
    1930 – Артур Конан Дојл, шкотски писател.
    1972 – Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол.
    1973 – Вероника Лејк, американска актерка.
    2006 – Сид Берет, англиски музичар.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    9-ти јули е 190-иот ден во годината според григоријанскиот календар (191-и во престапна година). Остануваат 175 денови до крајот на годината.
    Настани:
    1873 – Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
    1877 – Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
    1922 – Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски актер откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм – Џони Вајсмилер – станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
    1960 – Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
    1997 – Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.
    Родени:
    1834 – Јан Неруда, чешки писател и публицист.
    1850 – Иван Вазов, бугарски поет.
    1937 – Дејвид Ворк Грифит, англиски сликар.
    1938 – Петар Башески, македонски поет.
    1952 – Димо Н. Димчев, македонски поет.
    1956 – Том Хенкс, американски актер.
    1974 – Никола Ѓуричко, српски актер.
    1981 – Ристо Арнаудoвски, македонски ракометар.
    Починале:
    1441 – Јан ван Ајк, фламански сликар.
    1746 – Филип, шпански крал.
    1850 – Маргарет Фулер, американска новинарка.
    1913 – Михаил Анагностакос, грчки офицер.
    1934 – Иван Хаџи Николов, македонски општественик и револуционер.
    1942 – Цветан Димов, народен херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје, во Обласната полициска управа.
    1943 – Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
    1992 – Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.
    2001 – Бедри Халими, член на ОНА.
     
  8. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    11-ти јули е 192-иот ден во годината според григоријанскиот календар (193-и во престапна година). Остануваат 173 денови до крајот на годината.
    Настани:
    1921 – Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
    1979 – Американската вселенска станица Скајлаб по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
    1987 – Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петомилирдитиот жител на Земјата.
    1995 – Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
    1995 – Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина.
    2000 – Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
    2008 – Принцот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, принцезата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.
    Родени:
    1274 – Роберт Брус, крал на Шкотска.
    1767 – Џон Квинси Адамс, претседател на САД.
    1844 – Петар I Караѓорѓевиќ, крал на Србија и Кралство СХС.
    1871 – Стјепан Радиќ, хрватски политичар и писател.
    1927 – Теодор Мајмен, американски физичар, конструктор на првиот ласер.
    1934 – Џорџо Армани, италијански моден креатор.
    1934 – Љупка Арсова – Џундева, македонска актерка.
    1970 – Џастин Чејмберс, американски актер.
    1990 – Каролина Возњацки, данска тенисерка.
    Починале:
    1903 – Вилијам Хенли Ернест, англиски поет.
    1937 – Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар.
    1942 – Отон Жупанчич, словенечки поет.
    1982 – Меша Мехмед Селимовиќ, писател.
    1989 – Лоренс Оливие, англиски филмски и театарски актер, продуцент и режисер, еден од најпознатите актери на сите времиња.
     
  9. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    21-ви јули е 202-иот ден во годината според григоријанскиот календар (203-и во престапна година). Остануваат 163 денови до крајот на годината.
    Настани:
    1542 – Папата Павле II донел одлука за основање на инквизиција во Рим.
    1798 – По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.
    1962 – Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на „Радио Скопје“ е променето во „Радио-Телевизија Скопје“.
    1983 – Во станицата Восток на Антарктикот, измерена е најниската температура на Земјата, која изнесувала -89.2 °C.
    1994 – Рускиот писател Александар Солжењицин пристигнува во Москва после двомесечно патување низ Русија, од каде 20 години претходно е прогонет во егзил.
    Родени:
    1816 – Паул Јулиус фон Ројтер, основач на британската новинскa агенцијa Ројтерс.
    1899 – Ернест Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот Старецот и морето во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во Ајдахо, на 2 јули 1961 година.
    1911 – Маршал Меклуан, канадски автор.
    1951 – Робин Вилијамс, американски актер.
    1964 – Јенс Вајслог, германски ски-скокач.
    Починале:
    1870 – Јозеф Штраус, австриски композитор.
    1984 – Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20 ноември 1906 година.
    1998 – Ален Шепард, американски космонаут.
    2001 – Крсте Црвенковски, македонски политичар.
     
  10. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    22-ри јули е 203-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (204-и во престапна година). Остануваат 162 денови до крајот на годината.

    Настани:
    1099 – Прва крстоносна војна: Годфри од Бујон е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Кралството Ерусалим.
    1456 – Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
    1894 – Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руен. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
    1908 – Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
    1933 – Американскиот авијатичар Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
    1948 – Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
    1962 – Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
    1992 – Најголемиот колумбиски производител и дилер со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата.

    Родени:
    356 п.н.е. – Александар III Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13 јуни 323 година п.н.е.
    1210 – Јоана, кралица на Шкотска.
    1784 – Фридрих Вилхелм Бесел, германски астроном и математичар.
    1822 – Грегор Мендел, австриски ботаничар и генетичар.
    1888 – Селман Ејбрахам Ваксман, американски микробиолог по потекло од Украинa, добитник на Нобеловaта награде за медицинa во 1952 година.
    1894 – Оскар Марија Граф, германски писател.
    1916 – Марсел Сердан, франсуски боксер.
    1944 – Ананд Сатјананд, Генерален гувернер на Нов Зеланд.
    1969 – Деспина Ванди, грчка пејачка.
    1987 – Дрис Девенин, белгиски велосипедист.

    Починале:
    1461 – Шарл VII Победникот, француски крал.
    1676 – Папа Климент X, римски папа.
    1822 – Наполеон II, француски крал.
    1934 – Џон Дилинџер, американски криминалец.
    1968 – Павлос Гипарис, грчки официр.
    1979 – Шандор Кочиш, унгарски фудбалер.
    1990 – Асан Керим, македонски и југословенски политичар.
     
    На Boyle и TIGERWOMAN31SK им се допаѓа ова.

Сподели: