1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На денешен ден...

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

  1. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    9-ти јуни е 160-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (161-ви во престапна година). Остануваат 205 дена до крајот на годината.
    Настани:
    69 – Римскиот цар Нерон извршил самоубиство за да ја избегне смртната казна со камшикување која му била одредена од римскиот Сенат.
    1534 – Жак Картие станал првиот европјанец кој пловел по реката Сент Лоренс.
    1815 – Завршил Виенскиот конгрес на кој е прекроена картата на Европа по поразот на Наполеон.
    1967 – На петтиот ден од Шестдневната војна Израел ја окупирал Голанската висорамнина во Сирија и стигнал до Суецкиот канал на територијата на Египет.
    1999 – По 78-дневно бомбардирање, СР Југославија потпишалa мировна спогодба со НАТО.
    Родени:
    1508 – Примож Трубар, словенечки протестански преродбеник.
    1661 – Фјодор III, руски цар.
    1672 – Петар I, Руски император.
    1781 – Џорџ Стивенсон, англиски инженер и пронаоѓач на парната машина.
    1961 – Мајкл Џеј Фокс, канадски актер.
    1963 – Џони Деп, американски актер.
    1963 – Дејвид Коеп, американски сценарист и режисер.
    1977 – Предраг Стојаковиќ, српски професионален кошаркар.
    1978 – Мирослав Клозе, германски фудбалер.
    1981 – Натали Портман, израелско-американска глумица.
    1983 – Теодора, принцеза на Грција.
    1984 – Весли Снејдер, холандски фудбалер.
    1988 – Сократис Папастатопулос, грчки фудбалер.
    Починале:
    68 – Нерон, римски император.
    1870 – Чарлс Дикенс, англиски писател.
     
  2. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    11-ти јуни е 162-риот ден во годината според григоријанскиот календар (163-ти во престапна година). Остануваат 203 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1994 – Виетнам воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
    Родени:
    1431 – Едмунд Тјудор, Прв Ерл од Ричмонд.
    1572 – Бен Џонсон, англиски ренесансен драматург.
    1776 – Џон Констабл, англиски уметник.
    1864 – Рихард Штраус, германски композитор и диригент.
    1876 – Јанка Каневчева, македонска револуционерка.
    1910 – Жак Кусто, француски океанограф.
    1951 – Маријан Бенеш, југословенски боксер.
    1971 – Владимир Грушкин, руски кану-спринтер.
    Починале:
    1572 – Бен Џонсон, англиски ренесансен драматург, поет и актер.
    1903 – Александар Обреновиќ, српски крал.
    1949 – Отон Жупанчич, еден од најголемите современи словенечки поети.
    1968 – Иван Рибар, југословенски политичар.
    1970 – Александар Керенски, руски политичар.
    1979 – Џон Вејн, американски глумец.
     
  3. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    12-ти јуни е 163-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (164-ти во престапна година). Остануваат 202 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1691 – Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
    1798 – Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
    1812 – Наполеон Бонапарта, француски император, на чело на „големата армада“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
    1898 – Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско – шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
    1944 – Кај селото Стрмешево – Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред “Бенковски”. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер.
    1945 – Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
    1946 – Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен шампион на Македонија помеѓу Победа и Македонија (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радио-пренос на Радио Скопје со коментар на Коле Чашуле.
    1964 – Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
    1976 – При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
    1991 – Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
    1993 – Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
    1997 – Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
    2001 – Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.

    Родени:
    1856 – Спиро Гулапчев, македонски анархист.
    1877 – Јохан Фридрих Хегер, германски архитект.
    1915 – Дејвид Рокфелер, американски банкар.
    1924 – Џорџ Херберт Вокер Буш, претседател на САД.
    1928 – Петрос Моливијатис, грчки политичар.
    1929 – Ана Франк, холандска еврејка, жртва на холокаустот.
    1949 – Тодор Мицов, македонски поет.
    1955 – Мурат Мурати, македонски лингвист.
    1977 – Николас Васкез, аргентински глумец.
    1981 – Адријана Лима, бразилски модел.

    Починале:
    816 – Папа Лав III, римски папа.
    1903 – Милан Делчев, македонски револуционер.
    1912 – Фредерик Паси, француски хуманист и нобеловец.
    1943 – Тодор Ангеловски, македонски учител.
    1944 – Коце Стојановски-Металец, македонски револуционер.
    1997 – Булат Окуџава, советски и руски поет.
    2003 – Грегори Пек, американски филмски актер.
    2007 – Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд, француски банкар.

    Празници:
    * Ден на Русија.
     
  4. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    13-ти јуни е 164-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (165-ти во престапна година). Останува 201 ден до крајот на годината.
    Настани:
    313 – Римските ко-императори Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните.
    1894 – Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола – Солун.
    1944 – Втора Светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети Фау-1.
    1956 – Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
    1973 – Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.
    1983 – Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот систем.
    1993 – Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.

    Родени:
    1831 – Џемс Клерк Максвел, шкотски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век.
    1865 – Вилијам Јејтс, ирски писател, Нобеловец
    1884 – Антон Дрекслер, германски нацистички лидер.
    1888 – Томо Смилјаниќ – Брадина, македонски и српски етнограф.
    1894 – Жак-Анри Лартиг, француски фотограф и сликар.
    1897 – Паво Нурми, фински атлетичар
    1899 – Карлос Чавез, мексикански композитор
    1944 – Бан Ки Мун, генерален секретар на Обединетите Нации
    1947 – Саво Климовски, македонски правник.
    1951 – Васил Дрвошанов, македонски поет.
    1959 – Бојко Борисов, премиер на Бугарија.
    1982 – Кенениса Бекеле, етиопски атлетичар

    Починале:
    1886 – Лудвиг II, крал на Баварија.
    1943 – Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.
    1965 – Мартин Бубер, австриски философ.
    1982 – Умре кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследи престонаследникот Фахд.
    1993 – Васил Куноски, македонски поет за деца.
    1993 – Гајо Петровиќ, хрватски марксистички философ.
    2005 – Алваро Куњал, португалски комунистички политичар.
    2006 – Вангел Наумовски, македонски сликар.
     
  5. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    14-ти јуни е 165-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (166-ти во престапна година). Остануваат 200 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1777 – Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД.
    1789 – Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки.
    1800 – Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај Италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.
    1940 – Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнов стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц.
    1941 – СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови.
    1962 – Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција.
    1982 – Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор.
    1985 – Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците.
    1993 – Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.
    1996 – Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

    Родени:
    1736 – Шарл-Огистин де Кулон, француски физичар.
    1811 – Хариет Бичер Стоу, американски аболиционист и автор.
    1832 – Николаус Ото, германски инженер и пронаоѓач.
    1928 – Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (Че Гевара), јужноамерикански револуционер и борец за слобода.
    1946 – Доналд Трамп, американски бизнисмен.
    1946 – Масимо Одо, италијански фудбалер.

    Починале:
    847 – Методиј I Константинополски, патријарх на Константинопол.
    1837 – Џакомо Леопарди, италијански поет.
    1904 – Јован Јовановиќ – Змај, српски писател.
    1934 – Симеон Кавракиров, македонски револуционер.
    1968 – Салваторе Квазимодо, италијански поет.
    1986 – Хорхе Луис Борхес, аргентински писател.
    1994 – Хенри Мансини, американски филмски композитор.
    2009 – Боре Ангеловски, македонски актер.

    Празници:
    * Ден на знамето во САД.
     
  6. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    15-ти јуни е 166-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (167-ми во престапна година). Остануваат 199 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1752 – Бенџамин Френклин, го докажа односот меѓу молњата и електричното празнење со пуштање на детско летало за време на бура. На овој ден е пронајден громобранот.
    1919 – Во директен лет од Њу Фаундленд, Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
    1920 – На Конгресот во Хаг е основана Светската конференција на трудот.
    1967 – Жорж Помпиду е избран за претседател на Франција.
    1994 – Израел и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по историскиот договор за меѓусебно признавање и помирување, и формално окончувајќи го вековното несогласување меѓу Евреите и Римокатолиците.
    1994 – Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Република Македонија воспостави дипломатски односи.

    Родени:
    1330 – Едвард, црниот принц.
    1479 – Лиза дел Џокондо, позната како Мона Лиза.
    1519 – Хенри ФицРој, незаконски син на Хенри VIII.
    1882 – Јон Антонеску, премиер на Романија.
    1882 – Павел Шатев, македонски револуционер.
    1899 – Федерико Гарсија Лорка, шпански писател.
    1922 – Јусуф Реџепи, македонски лекар.
    1930 – Фахри Каја, македонски поет.

    Починале:
    1389 – Мурат I, отомански султан.
    1927 – Христо Делчев, македонски револуционер.
    1986 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, поглавар на Македонската православна црква.
    1990 – Џорџ Накашима, јапонско – американски столар.
    1995 – Џон Винсент Атанасов, американски компјутерски инженер.
     
  7. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    16-ти јуни е 167-миот ден во годината според григоријанскиот календар (168-ми во престапна година). Остануваат 198 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1671 – Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
    1779 – Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
    1943 – Масакрот во Ваташа: Бугарските окупаторски војници стрелаа 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
    1960 – Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
    1963 – Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток – 6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
    1997 – Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
    1999 – Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.
    Родени:
    1313 – Џовани Бокачо, италијански писател.
    1612 – Мурат IV, отомански султан.
    1866 – Германос Каравангелис, грчко духовно лице.
    1937 – Симеон Сакскобурготски, бугарски премиер.
    1952 – Јоргос Папандреу (помладиот), грчки премиер.
    1961 – Витомир Долински, македонски новинар.
    1970 – Гоце Димовски, македонски поет.
    1971 – Тупак, американски рапер (п. 1996).
    Починале:
    1834 – Осип Бове, руски архитект.
    1912 – Добри Даскалов, македонски револуционер.
    1977 – Вернер фон Браун, германски физичар.
    1993 – Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија.
     
  8. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    17-ти јуни е 168-миот ден во годината според грегоријанскиот календар (169-ти во престапна година). Остануваат 197 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1944 – Основана е Република Исланд, со што завршила унијата меѓу таа островска земја и Данска.
    1947 – Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.
    1967 – Владата на Народна Република Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба.
    1971 – САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава ѝ е вратен на Јапонија.
    1990 – Формирана е политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

    Родени:
    1239 – Едвард I, англиски крал.
    1682 – Карл XII, крал на Шведска.
    1703 – Џон Весли, основач на Методистичката црква.
    1818 – Шарл Гуно, француски композитор, главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век.
    1882 – Игор Стравински, руски композитор.
    1897 – Трајчо Костов, бугарски комунист.
    1898 – Мауриц Корнелис Ешер, холандски графички уметник.
    1907 – Чарлс Имс, американски дизајнер и архитект.
    1915 – Васил Григоров Василев, македонски борец.
    1933 – Усни Доко, македонски и југословенски кајакар.
    1941 – Илија Чавкаловски, македонски градежник.
    1980 – Наумче Мојсовски, македонски ракометар.

    Починале:
    653 – Папа Мартин I, римски папа.
    676 – Папа Адеодат II, римски папа.
    1986 – Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
     
  9. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    18-ти јуни е 169-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (170-ти во престапна година). Остануваат 196 дена до крајот на годината.
    Настани:
    1583 – Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.
    1821 – Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин.
    1940 – Втора Светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур.
    1940 – Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.
    1953 – Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб.
    1965 – Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
    1996 – Бенјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.
    1997 – Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.
    2000 – Башар ал Асад е избран за лидер на владеачката сириска Баас партија, по смртта на претседателот Хафез ал Асад.

    Родени:
    1491 – Хенри VIII, славен крал на Англија.
    1866 – Стамат Икономов, бугарски офицер.
    1882 – Георги Димитров, раководител на БКП и премиер на Бугарија.
    1922 – Жамила Коломонос, македонска револуционерка.
    1935 – Слободан Мицковиќ, македонски есеист.
    1946 – Фабио Капело, италијански фудбалски тренер.
    1949 – Лех Качињски, полски политичар.
    1972 – Митко Тошев, македонски скулптор, вајар и сликар.
    1982 – Фабиен Лефевре, француски кајакар.
    1982 – Марко Бориело, италијански фудбалер.

    Починале:
    741 – Лав III Исавријанин, византиски император.
    1762 – Мишел-Ришар Делаланд, француски барокен композитор.
    1926 – Олга Константиновна, Голема руска кнегиња.
    1936 – Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност.
     
  10. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ...на денешен ден беше лани летоска само ичера : )
     

Сподели: