1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

На денешен ден...

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

  1. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,440
    Допаѓања:
    3,710
    На денешен ден 1971 година во Париз почина рок шаманот, легендарниот Џим Морисон. Водачот на славните „The Doors“, познат по својата мрачна и мистична лирика инспирирана од Блејк, Рембо, Хаксли како и ред други славни имиња на бит генерацијата, водеше брз и хаотичен живот кој само по 27 години резултира со неговата смрт.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    На денешен ден 1989 уапсена е Марта Ан Џонсон за убиство на својата
    ќерка.

    На денешен ден 1962 роден е Том Круз.

    На денешен ден 1988 Американците по грешка уриваат Ирански патнички авион убивајќи 290 патници.

    На денешен ден 1890 Ајдахо станува 43та држава во САД.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Претерал со Хорс и шибање во вена...
     
  4. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,440
    Допаѓања:
    3,710
    Нема врска, пропаганда е тоа.
     
  5. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    На денешен ден 1776 Америка прогласува независност.

    На денешен ден 1826 умреле Џон Адамс и Томас Џеферсон, вториот и третиот претседател на Америка.

    На денешен ден 1911 во северноисточна Америка се измерени температури до 41 степен, кои биле смртоносни за повеќе од 200 луѓе.
    Ее а сега кај нас 45 и немаме гајле, тоа ти е издржливост.

    На денешен ден 1954 Марилин Шепард е претепана до смрт во својот дом. Нејзиниот маж докторот Сем Шепард тврдел дека за време на убиството тој спиел и се разбудил баш кога непознат маж бегал од нивниот дом. Подоцна власта го обвинува за убиство на жена му и тргнува во потрага по него.
    Оваа случка е инспирација за филмот Fugitive или Бегалец на нашки.
     
  6. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    На денешен ден 1811 Венецуела станува првата Јужноамеричка држава која прогласува независност од Шпанија.

    На денешен ден 1975 Артур Еш станува првиот црн тенисер кој го освојува Вимблдон. Подоцна после неговата смрт, тенискиот стадион во Њу Јорк е именуван по него.

    На денешен ден 1996 родена е првата клонира овца, Доли.

    На денешен ден 1943 започнува битката за Курск, најголемата тенковска битка во историјата.

    Тоа е тоа, утре поинтересен ден бил во историјата.
     
  7. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,440
    Допаѓања:
    3,710
    Среќен роденден Џими(party)(pivo)
     
  8. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    721
    Допаѓања:
    1,232
    Ден за Рацин(flower) (22 Декември 1908)
     
    На violetmoon и İncognito им се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    721
    Допаѓања:
    1,232
    "Postoji jedan neverovatan gad koji se zove Miroslav Antič", кој денес има роденден (cake)(flower), и кој "još uvek šašav leti i živi".

    "Koliko ja imam osmeha, to niko ne može imati ružnih reči da mi našteti. Osmeh za sve, i za dobro i za zlo, pa ko duže izdrži."
    mika-antic.jpg
     
    На violetmoon и antonio им се допаѓа ова.
  10. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,587
    Допаѓања:
    5,661
    21 март, Светски ден на поезијата (flower).
    Во чест на поетите, извадок од Неговото Височество, Петре М. Андеевски и единствената "Дениција ":sreken.

    Ништо не е повидливо
    и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
    ни детските шепоти што ги откривав
    во сеидбите на дождовите,
    ни закажаната бура во пајажините
    од крајпатните меанчиња,
    ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
    ни она што добива форма само во мојот слух,
    ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
    го навиваше својот ноќен часовник,
    ни родилните маки на фрленото семе,
    ни разгорениот пожар на главата од петелот
    додека бега од сенката што слегува од небото,
    ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
    меѓу твоите два припека,
    ни змијата што го возбудува врвот од житата,
    ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
    ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
    во низата од пиперките,
    ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
    ни притаената светлина во купениот кибрит;
    ништо не е повидливо од твојата трага
    пред мене и зад мене, со мене и во мене.
     

Сподели: