1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Најчудна фраза или збор на некој Македонски дијалект ?

Дискусија во форумот 'Литература и книжевност' започната од ema09, 5 март 2012.

  1. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Најдов писмо на тетовски дијалект па реков да го споделам со вас. Ова е прав тетовски, ние вака не го зборуваме, дури и за мене некои зборови се непознати. Интересно во секој случај.

    Нејќем да те сакалдисуем, ама срцево ми Ќипе од муќе и сеќирације.
    Ја когај слушам што ми кажуa за тебе!
    Прееска го сретнав у "Чапчоо Сокаче" Петрета-Кандило од Коутук и ми кажуеше како те видеу на корзо у Скопје со некоа караконџула, што на образите и бузете турила по поу ока белило и црвило.
    Ти бар знаеш како сум наорлена на тебе, па тогај зошто ме тураш у гајле?
    Зашто ми праеш таквија збрќе. Ја сум ти рекла: Нејќем да се влечем по тебе ка партаука и нејќем да ме пуцаш ка јојо.
    Тија дејќе скопсќи, срчка да ги изеде, сараџа да ги отреби и рофија да ѓи дамлоса, што не остајле ни петеу у чаршија раат, а камоли тебе сурат мој напишан.
    Кандило ми вика да не берем многу гајле и ич да не се сакаудисуем, зошто тија биле како короконџуле и оцерени ка будалинќе.
    Ако е ова вистина - арно, ама ако са оплакнати еден дн ќе дојдем од апансас и когај ќе ѓи фатим, влакно на глава нема да им остаем, ќе ѓи искубем ка чафќе, и ќе ѓи напраем ка папајце.
    Ама ми се чини и ти си за утепуење, зошто когај доаѓаш у Тетоо и когај ќе ти брбнем за ниф, ка очите да сум ти ѓи извајла. Ќе почнеш да ѓи цпуеш боштум абер немаш за ниф... Ќе ми речеш дека мораш да идеш на "Два Бреста" на фурна да наручаш за утрента пастрмајлије, иако ти убоо знаеш дека пастрмајлијете ги прае Драго Топалот.
    Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си станау у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќи па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај.
    Имам многу да ти кажуем ама нејќем више преку писмо. Па те молим да дојдеш што побргу, жити мене, зашто више немоем да издржим појќе, сум станала ка коу лозјарски.
    За поздрав ти праќам по Славета "Цунибаба" малу орае, коштање, раќија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе.
    Сега на крај те цунуе шиесе и шес пута твоата осантерисана

    М Е Н Ч А
     
    На Glorija, melpomena, Luckky и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. Kiril

    Kiril Активен Член

    Зачленет на:
    24 јуни 2012
    Мислења:
    181
    Допаѓања:
    127
    Бунела=Вилушка
    Чикич=Чекан
    Ќирфии=Клинец
    Б`лтии=Секира
    Вонка=Надвор
    Енус=Сега
    Ѕрѕалии=Кајсија
    Курем=Стомак
    Лнгиди=Мекици (крофни)
    М`ска=Грми
    На`сј=Навистина
    Ожљембан=Насмеан
    Ронка=Трошка
    Тинкии=Лим
    Френки=Домати
    Цреп=Саксија
    Чушки=Пиперки
    Има оште ама не ми текнуват саа, ак ми текне уш некуј ке се дупишм:)
     
    На TheQueen и Mystique им се допаѓа ова.
  3. Teddy Picker

    Teddy Picker Староседелец

    Зачленет на:
    15 јуни 2012
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    162
    • далдисал сам не сам забакардисал! >најјако
    • пандуфи, клепаци
    • котле
    • ѓузентија
    беровски, поточно малешевски. Доста ми беа 8години поминати таму, не дај боже да ви пишувам тука малешевски
     
    На melpomena и Lady* им се допаѓа ова.
  4. monika88

    monika88 Истакнат Член

    Зачленет на:
    1 април 2013
    Мислења:
    454
    Допаѓања:
    644
    како па да не-неможам да ја сватам фразава:sleep
     
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ги фрли челите- за некој што починал (битолски)
     
  6. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    извангелоса - значело ме исплаши , врашко- значело ко демел пусто да остане хахха,...инаку професорите ни беа од Охрид и стално на крај на испит не прашува : Свршивте ли колеги:sreken ? Е тогаш имаше газење и смеење до бесвест...всушност значењето е дали сме завршиле со пишување:giggle

    Имав една средба со Струмичани...ако ги разбрав нешто да ме утепаш, брзо зборат ама и користат по непознати термини ...инаку Кумановци ми се најинтересни за слушање оти се шо ќе кажат изгледа многу позитивно и многу се смееме коа ќе дојдат пријателите од Куманово , а и општо мислам дека се најопуштен народ !
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  7. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Mи викамо и како па да да : ) hahaha

    Пред некој дн играмо покер и глеам цагер 00:00 и викам ги како ке каеш електросни цагер на куманофски
    Исти к*р сфите бројке hahhaha
     
  8. Farfalla

    Farfalla Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    1,012
    Исчољка се/ си ги...- Кумановски
    А превод ни ја не знам точно, ќе дојде како изгреба, исчука...
     
  9. crvenkapa

    crvenkapa Староседелец

    Зачленет на:
    15 јануари 2013
    Мислења:
    235
    Допаѓања:
    593
    Прогори - Зборни
    Уљандиса - се разочара
     
  10. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    чом че јам че доам :zelen
     

Сподели: