Најпреценети и најпотценети филмови

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Матрицата ти е филм за матрицата :zelen
Се работи за природата на реалноста и манипулација со неа, во случајов имаш машини кои раководат со светот а матрицата е само виртуелна симулација на реален живот каде луѓето се само извор на енергија за системот, батерии, нивниот живот се дешава во контејнери а тие се само приклучени на некој сервер кој системот го користи за симулација на реалноста. Значи Нео кога јаде или пие тој не прави ништо само чмае во контејнер а филингот е само бинарен код, даунлоуд, доволно напреден да дава и илузија на вкус/мирис etc.

Не треба нешто посебна имагинација за да се увиди што е поентата, дека денес а и секогаш рајата била само извор на енергија на елитата, мал број на психопати и нивни миниони кои го контролираат светот.
Кога ќе размисли човек и нема што да се приговори тука. Ако се собере времето, нервите, здравјето кои човек го троши работејќи и постоејќи за системот ќе се дојде до шокантни цифри за кои и подобро да не се размислува, да се остане во динајал, да се трае и трпи и да се земат трошките кои паѓаат од масата на господарите. Или да се бори против тоа а ако се бори става се` на коцка. Муабетот на нео и морфеус со изборот на пилулите, нели. Е сега не дека е прв Матрикс во сето тоа, туку е прв филм кој стана мејнстрим а се бави со таква тема.
А за да сите тие идеи и концепции се спакуваат во филм кој ќе биде комерцијален и кинематографски солиден е предизвик кој режисерите го решиле феноменално така да не знам како би се дошло до заклучок дека филмот е слаб. :)

Муабетите на агентот Смит се класика на управувачката перцепција каде експлоатацијата на робовите се дешава за `нивно добро` бидејќи не ги бидува за ништо друго а.к.а муабетот шо му го правеше на Нео дека луѓето се вируси. Има многу такви прајслес парчиња муабет во филмот.:pusi

На крај, кинематографски и не е особено битно што и како, сето тоа е второстепено и како подршка на самата содржина за разлика од скоро сите филмови кои доаѓаат од холивуд. Акцијата и остали ствари во филмот се само како мостови за да се поврзат муабетите и концептите за системот и секако да се прилече раја во кино салите, нешто кое им успеа во таа мера што снимија и сосема непотребни два дела плус.

 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ми текна на 3 доста потценети филмови во кои глумат Pauly Shore (во 2) и Brendan Fraser (во 2):

In The Army

in the army movie poster.jpg

Он и Andy Dicks поради финансиски проблеми решаваат да се пријават во војска во одделот за прочистување на вода мислејќи дека нема да имаат многу работа. Но токму тогаш, ќе избие војна во Либија и ќе ги пратат да им помагаат на војниците со чистење на вода. Има доста смешни моменти и многу го сакав филмов кога бев мала.


Encino Man


encino man movie poster.jpg

Двајца средношколци наоѓаат замрзнат пра-човек и заедно, ќе го учат за животот во 20тиот век.


Airheads


airheads movie poster.jpg

Бенд од тројца рокери со надеж дека ќе постигнат голем успех отткако нивна песна ќе биде емитувана на радио, ќе упаднат во радио станицата со пластични пиштоли и ќе ги држат луѓето како заложници, се со цел да бидат слушнати. И овој филм ми беше меѓу поомилените како мала.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin